1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе реагирате ако вашето дете е геј?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 6 јуни 2017.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Само на бајачка да не го носат. Какво е такво е, чедо им е. Мора да го прифатат со сите маани и доблести. Најважно е утре да биде среќно
     
    На Spidy и zalosna им се допаѓа ова.
  2. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Нормално дека им е дете и без разлика на се ќе бидат секогаш со него, но сепак не им е сеедно.. Инаку какви потези.. не знам како да ви објаснам ама како девојче е, така се носи, само со девојчиња се дружи, однесувањето, зборувањето..
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски


    Интересна поента.
    Како би можела да реагирам...
    Фактот што сум хетеро нема да дозволи баш да ми биде као да сам лимунаду попила, малку ќе се потрудам за да можам да емпатизирам со него.
    Да пробам да го “лечам“ или предомислувам само ќе направи да го изгубам а ништо нема да реши.
    Да бркам, Боже ме сачувај, јас кога би можела да читам мисли на тие бркачи пред да станат родители, да имам некоја власт би им забранила да станат родители.
    Луѓе подготвени да се откажат од сопственото дете заслужуваат истото да им се одземе од социјално.
    Секогаш велам, родителите одлучиле детето да дојде на свет, не го прашале дали сака да се роди.
    Од секоја утроба излегува слободен човек на кого никој нема право да му наметнува своја волја и правила.
    Ако се однесува пристојно, во согласност со закони, определби кои го засегаат него лично и не штетат нему или на заедницата не се моја тема на мешање.

    Не е тоа почнало детето кока кола да пие па го седнуваш му пушташ видеа како со лименка од кока кола се чисти вц шолја па замисли на цревата што ти прави, предомисли се.

    За внуци и потомство, како расте бројот на мажишта на кои им е страв да работат на нива/служат во војска/се врзат со некоја девојка за сериозно, Боже пази па деца да имаат и се прават тинејџери до пееска, а богами и со растот на потреба за деца од епрувета, лозата и нејзиното продолжување дефинитивно не зависат само од сексуалната определба.

    Оф топик малку, ама пред некое време смирував пријателка чиешто дете се одлучи за религија поинаква од нејзината. Јас ѝ велам, „начелата по коишто се водите се горе долу слични, а тука има и една позитивна работа. Со самата ваква негова одлука, покажува дека е дете со вклучен мозок, способно да гледа подалеку од носот и истражува подалеку од она што му е сервирано. Па, ако ти е за утеха, со ист таков истражувачки пристап можеш да придонесеш повторно да размисли за таа одлука затоа што не си одгледала амеба, туку млад човек којшто умее да ги преиспитува преферирањата на неговата средина.“
     
    На Oksa, Luminary, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ќе им кажеш, отворено да пристапуваат кон него, да направат детето да може да им се отвори уште на млади години, а не да трпи страв и стрес кога да направи каминг аут.
    Ова не е болест за да има лек, ова е сексуална варијација која постои уште одамна. И не е виновно детето ништо за тоа ако е геј, ако бараат родителите вина нека си проследат генеза своја.
     
    На Oksa и Robson им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Во која улога си ти овде, што си им на детето и родителите? Нема што да се презема и спречува, ништо страшно и лошо нема во тоа детето да е геј. Ако има нешто правилно што можеш да ги посоветуваш и влијаеш на родителите, тоа е да го прифатат синот таков како што е и да стојат зад него, ако се соочува со булинг во училиште (бидејќи често вакви деца се жртви на тоа) да се пријавува каде што се може... тоа е тоа.
     
    На Oksa, poenta, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Затворање во манастир 28 дена, наутро и пред спиење мавање со лопата, а последниот ден да дојди бајачка да го испраша што научил.
     
    На Волшебникот му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Блиски ми се.. И збунети.. Па чисто сакав мислење од вас. Знам дека не е ни детето криво и дека не е болест за да има лек..
     
  8. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Darlingzz Само нека го заштитат детето и да му ја дадат сета поддршка. И тоа сигурно е збунето. Едноставно нека бидат вистински родители :)

    Не е страшно, ниту крај на свет, па со жалење да се реагира оти нема лек.
     
    На zalosna, Darlingzz, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    3.769
    Пол:
    Женски
    Bi prifatila zaradi sopstvenoto dete, inace nema da mi bide bas milo ama toa e. Nekoi raboti covek mora da zamize i da gi prifati..
     
    На Darlingzz и forumce им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Тоа што детето е 'како девојче' не значи дека е геј. Знам човек кој што има така понежен глас како на жена и такви женски потези и од, а е човек со жена и деца и не е геј. Едноставно си е човекот таков, не е прв ни последен.
     
    На Oksa, tessie и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @EvAngelos, може ли да ти поставам едно прашање?
    Ако е премногу лично, или болно, или едноставно не сакаш да одговориш, рипни ми го слободно постов, нема проблем. Знам дека задирам во интима, и се извинувам однапред.
    Исто, ако веќе ти е поставено прашањето, само постави ми линк од твојот одговор.

    Што ако утре твоето дете е геј. Ете, ти си го растел со љубов, со традиционални вредности, со религија и тој или таа, и покрај се, еден ден ти каже дека го/ја привлекуваат личности од спротивниот пол. Како би реагирал?

    Ако би тргнеме на страна ставовите за лгбт, од сите верници на форумов ми имаш оставено впечаток на пообјективен и поразумен човек, па се надевам дека си барем против conversion therapy. Што ќе направиш, како ќе се поставиш ако утре син ти ти каже дека му се допаѓа некое другарче?
    Не те прашувам за да ти контрам на ставовите, или да те исмејувам, сериозно ме интересира одговорот.

    *****
    Денеска со другарка, православен верник која периодов повторно ја откри религијата, се најдовме на тема парада и општо, хомосексуалност. Она е вистина ок со лгбт, отсекогаш била, никогаш нема збор лош кажано за нив и против нив, ама ако имала дете геј ќе му зборувала дека тоа не е природно, ќе го убедувала дека не треба така, дека хомосексуалноста е импулс кој може да научиме да го игнорираме.

    Од тука ми дојде и прашањето, ти како верник, како би се поставил во ваква ситуација?
     
    На Oksa, LiliBoz, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Уште од предпубертетска возраст ќе го/ја едуцирам што е тоа машко, што женско, како луѓето се размножуваат, што е сексот, зошто е сексот (ако е ќерка, ќе оставам жена ми да ја подучува на оваа тема). Понатаму ќе го едуцирам што е тоа сексуален нагон, здрава сексуална ориентација, зошто порнографијата е штетна, како да се заштити од сексуални девијации итн. Ќе го учам да стекне доверба во мене и да не се срами да ми каже било што. Ќе бидам и јас отворен и ранлив спрема него, за и тој да ја чувствува истата слобода да ми сподели доколку се бори со нешто, и тоа во најрана фаза, пред да ескалира проблемот.

    Доколку сепак се случи да добие мисли или импулс кон сопстветниот пол, ќе го смирам да не паничи, дека не е тоа страшно, дека се случува кај луѓе да добијат такви нагони. Некои добиваат нагон да се коцкаат, други кон алкохол, трети кон цигари, четврти кон порнографија, петти кон авантуритички секс (со разни личности). По Скопските кафулиња и клубови често гледаме женети мажи кои добиваат нагони да ги вараат своите жени со други жени, девојки, па дури и студентки. Некои добиваат и нагон за да озборуваат, да клеветат, да пцујат, да бидат агресивни, да лажат, да манипулираат. Но, она што е важно е дека ние имаме и разум и не би требало животински да се водиме според моменталните чувства или нагони. Човек може да види и на излог некое добро парче облека и силно да го посака, а да нема пари да го купи. Сепак не се очекува да делува според чувството, да го скрши излогот и да го земе. Значи едно е да ти се појави чувство (или нагон, импулс, похот, мисла, искушение), а друго е да делуваш според тоа чувството.

    Е сега, знам дека е тешко понекогаш човек да се справи со одредени чувства, нагони, импулси. Некои луѓе се борат и со години, а некои и цел живот. И тоа не е само случај со хомосексуалноста, туку со многу други работи ако бидеме искрени со себе си. Така што ова ќе му го објаснам на синот и ќе му потенцирам дека хомосексуалните мисли не се ни милиметар погрешни од другите грешни мисли како што се: лажењето, озборувањето, лицемерието, склоноста кон алкохол, агресија, прељуба, авантуристички секс, разно-разни перверзии, крадењето, себичноста, лакомоста, порнографијата итн.

    Имав една пријателка лезбејка која 3 години се бореше со тоа и која радост беше тој ден кога ми пиша дека иако против своите чувства излегувала со едно фино дете, конечно и се појавиле чувства кон него. Искрено ми рече дека се уште има мисли кон женскиот пол, но дека конечно може да се замисли и со него. Интересно рече дека не може да се замисли со никое друго машко, освен со него. Ама тоа не е проблем, туку одличен бенефит за таа врска, доколку и тој и е лојален.
    Од друга страна, имам и двајца блиски пријатели и еден подалечен, кои порано биле хомосексуалци, а сега се женети и заљубени во своите жени, со по неколку деца. Дали имаат се уште мисли кон сопствениот пол? Верувам дека понекогаш да. Но, како што кажав, едно е да имаш желби, мисли, импулси, чувства, нагони за било што, а сосема друго е дали животински ќе делуваш според нив.

    Така што вака отприлика ќе го советувам детето, а ќе го охрабрам и со овие примери на променети личности, за да сфати дека промената е можна, барем до задоволителен степен и дека грешни мисли и нагони секогаш ќе има, од секаков тип, но дека треба да ги контролираме и да се фокусираме кон она што е здраво, полезно, вистинито, конструктивно, морално, доблесно итн.
     
    Последна измена: 3 јули 2019
    На Strong.44, Damata so marama, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @EvAngelos, многу, многу поелоквентен одговор од тој на другарка ми, но во суштина многу сличен. Претпоставувам тоа е ставот и учењето на христијанската вера, иако припаѓате на две различни цркви.

    Ако не ти е проблем, мене повеќе ме интересира како би реагирал, ако и покрај се, детето продолжува да осеќа привлечност кон истиот пол. Дали ти, како верник ( а чинам и свештеник?) би можел евентуално да го прифатиш детето како геј? Едноставно, да се помириш дека синот сака машки. Би можел ли да го прифатиш партнерот на детето, иако претпоставувам дека нема да бидеш баш најсреќен за тој избор? Или до крај би се надевал дека детето би го надминало тој импулс?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не сум свештеник :) Детето би го прифатил со сите свои гревови, слабости и девијации, како што и мене Бог ме прифатил безусловно, со сите мои гревови, слабости и девијации. Но прифаќањето на детето, не значи дека ги прифаќам или дека се согласувам и одобрувам со неговите погрешни убедувања и практики. Доколку продолжи во девијантна насока, секако дека ќе продолжам да го сакам и да бидам тука за него и да му помагам, но само во конструктивна насока. Доколку неговите практики ги загрозуваат жена ми, или другите деца, во тој случај би го изолирал на безбедна дистанца.
    Доколку детето отиде до таа мера да започне и врска со геј партнер, се разбира дека не би го прифатил тој евентуален геј партнер. Но, доколку детето е полнолетно, нема што јас воопшто да го прифатам или неприфатам. Тоа си е негов избор, секако и со негови последици.
     
    На hermosa, Snowflake97, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Со други зборови, ако и после се инсистира дека е геј, ќе го пратиш да живее кај баба му и дедо му? Или ќе пробаш да го хоспитализираш?

    Кои ќе бидат... што конкретно? Нема повеќе да биде добредојден во родителскиот дом? Нека се снаоѓа како знае и умее?

    п.с.
    Сериозно, кој ти е ставот за conversion therapy? После напишаново, за жал, нема баш многу да ме изненади и да го поддржуваш.

    Најискрено, од се срце, за нивно добро, ти посакувам само стрејт деца.
     
    На Snowflake97, Lella, VoodooGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не за првото и не за второто. Пишав доволно јасно погоре, еве и ќе се цитирам: „Доколку продолжи во девијантна насока, секако дека ќе продолжам да го сакам и да бидам тука за него и да му помагам, но само во конструктивна насока.“

    Последиците од хомосексуализмот се различни и зависи од поединецот како го практикува тој стил на живеење. Повеќето хомосексуалции мажи живеат многу промискуитетно, менуваат по десетици, па и стотици сексуални партнери, и затоа ги имаме статистиките кои говорат дека сидата се шири 40 ПАТИ повеќе меѓу нив во споредба со хетеросексуалците. А слично важи и за сифилисот и хепатитот.
    Да менуваш десетици или стотици сексуални партнери, тоа исто така влијае и на психата и на срцето. Со такво здробено срце и емотивни бродоломи, не е ни чудно зошто многу почести се депресиите и самоубиствата кај хомосексуалците. Понатаму неисполнетоста, фрустрациите, кризите на идентитетот, сето ова спаѓаат во последиците што ги спомнав погоре.
    А секако дека ќе биде добредојден во родителскиот дом и ќе ја добие цела помош, љубов, грижа.

    И јас го потенцирав истото. Еве пак ќе се цитирам: „Доколку продолжи во девијантна насока, секако дека ќе продолжам да го сакам и да бидам тука за него и да му помагам, но само во конструктивна насока.... Детето би го прифатил со сите свои гревови, слабости и девијации, како што и мене Бог ме прифатил безусловно, со сите мои гревови, слабости и девијации.“

    Веројатно ти пречат зборовите „само во конструктина насока“. Види, утре детето може да ти рече: „Мамо, јас се дрогирам веќе цела година. Ми снема хероин. Ќе сакаш ли да ми помогнеш?“
    Како ќе му искажеш љубов на детето во тој случај? Како ќе му помогнеш? Ќе му купиш ли хероин? Или ќе му помогнеш во конструктивна насока?
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @EvAngelos, едното е зависност и кривично дело, второто е љубов. Штом рамниш хероин со лгбт, нема веќе што да се дискутира, нели?

    Првиот пост не ме изненади, очекуван ми беше, зошто го знам ставот на православната црква- нагон, импулс кој може да се надмине. И тоа е во ред. Верник си, ги следиш религиозните учења. Ме вознемири твојот втор пост, кој според мене е суров и лишен од љубов. Но, колку што знам, ти се уште не си родител па затоа сметам и се надевам дека кога ќе се оствариш како татко, иако нема да ти биде сеедно, ќе го прифатиш детето во целост. Вака лесно е да се кажува изолирање и последици, ама кога ќе дојде моментот, верувам дека срцето нема да ти даде да го казниш детето само зошто се осмелило да сака.

    Во секој случај, благодарам што ми одговори на прашањето и што беше искрен.
     
    На Lella, Independent Girl, VoodooGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa, драга, ти се восхитувам на трпеливоста, но не знам што очекуваш од дотичниот. Ќе ти избегнува клучни прашања, ќе ги повторува истите работи за сидата, споредби со животни и зоофилија и останати гадости. Тоа дека е подобар и поразумен од своите православни истомисленички тука, го проваливме одамна. Само елоквентноста го дели од нив, ништо друго.
    Тоа и го направи, својот план да му го испере мозокот на своето дете во иднина, го претстави во елоквентна обланда.
    Да се надеваме, како што рече, дека ниедно геј дете нема да се роди во вакви семејства и да трпи brainwashing во било кој облик.
     
    На Lella, VoodooGirl, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според тебе т.е. според идеологијата на ЛГБТИ второто е љубов. Но според многу други разбирања, тоа не е љубов, туку девијација (инверзија на сексуалниот нагон). Знам дека нема да се согласиме тука, но не ни очекувам да се согласиме. Мора да им допуштиш на другите да веруваат различно од тебе.

    Веќе те прашав погоре: Дали ти ако утре твоето дете стане наркоман и те замоли да му купиш хероин, дали ќе му купуваш? Доколку не, некој, слично на тебе, може да те обвини дека не го прифаќаш детето во целост и дека не го љубиш на начинот на кое што тоа сака да биде љубено.
    Ја приметуваш поентата? Се е до тоа што ние подразбираме под „да го љубиш детето“. Љубовта не е само чувство, туку и глагол. А како ние дејствуваме при љубењето, е различно, бидејќи се различни нашите светогледи. Сепак објективните медицински и психолошки статистики се на страната на здравиот разум.

    Кога реков изолирање, можеби погрешно ме сфати, бидејќи не си го забележала контекстот. Реков доколку детето ги загрозува жена ми или другите деца, ќе го изолирам на безбедна дистанца. Тука зборев општо, не само за хомосексуалноста. На пример доколку детето земе да се алкохолизира па крене рака на жена ми и ја удри, секако дека ќе го изолирам од домот на безбедна дистанца. Се надевам сега сум појасен.

    Никаде не реков дека би го казнувал. Кога реков последици, јасно објаснив дека последиците не се од мене, туку од самата девијантна сексуалност.
    Христијанството учи да ги љубиме грешниците, но да го мразиме гревот. Да ги прифаќаме грешниците, но да не го прифаќаме гревот. Ова важи и за нас самите, а и за другите. Никој родител кој искрено го љуби своето дете, нема да му посака да се движи во деструктивна насока, ниту ќе го тапша по рамо и да му вели: браво сине, браво ќерко, само продолжи така...
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Исто и кај хетеросексуалците.
    Мажи кои менуваат десетици, па и стотици партнери, а се официјално во бракови и врски, и побожни до 'немајкаде'
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.