Ништо страшно, неприфатливо, трагично, ненормално, неправилно за да реагирам шокантно во ваква ситуација. Мислења, ставови и принципи не менувам. Хетеро сум и либерална по многу прашања, а ова е едно тие. Тој/ таа би го/ја прифатила безрезервно, би пружила подеднакво љубов, разбирање, поддршка и заедно под превезот на виножитото. Секој има право да биде среќен. Формата е иста, а содржината не прави различни.
@piksooki гледам прилично нова си и со фини ставови, а си зачитала ваква тема од почеток со сите глупости Еве ти нешто убаво да исплакнеш очи и мозок, а и останатите
Со мерак ја читав дискусијата меѓу @Nausicaa и @EvAngelos. Тоа е таа зрела дискусија меѓу двајца со различен став. Чисто за другите што се чудат на трпението, да кажам, не треба да се чудите, туку да учите како се дискутира. Вашето е за чудење што немате трпение а ни желба да сослушате друг. Или во превод - синдром со глава у ѕид. На ЕвАнгелос ставот, без разлика што не се сложувам целосно, ми е поблизок од :тие се педери болни се ќе се откажам од син ми ако е педер, и од ставот: тој е хомофоб, будала е. Периодов односно за време на прајд мант, баш размислував на темава. Одпрвин, знаев, што и да е каков и да е мој е. Син ми е. Ама пак го имав она чудно чуство. Некако ко нереално се ми изгледаше. Како неприродно кога се работи за свое дете. И продолжив да размислувам за да стигнам до момент во глава да можам да го замислам син ми со дечко исто како што можам да го замислам и со девојка. Не поддршката од дома ме уназади премногу, посебно на професионален план. Јас не сакам да бидам болка, кочница или било што за детето кое е дел од мене. Така да, назад на темата-нема никако да реагирам. Доволно е да знам дека е среќно заљубен и е ок. И јас ќе сум мирна.
Никако нема да реагирам. Што е тоа е. Ќе направам се за да не чувствува страв и срам да ми соопшти, него да ми каже како секоја друга нормална работа.
@TeddyGrey @LiliBoz Ова оти имате вистински деца. Да се изјаснам на темата. Да ми е детето, сестрата, првиот братучед геј, нема да ми биде сеедно. Во ова општество ако имаш криви очи си мета на потсмев и булинг. Ако имаш покуса нога. Ако си наглув. Ако... се' нешто. Нема да ми биде сеедно затоа што знам со каков грозен свет треба да се соочи. Со каков народ околу нас. Од мене? Јас за луѓе што не ги познавам излегов. За свое дете веројатно погласна ќе бидам. Ама ќе ми биде тешко што мора таков пат да поминува. Ќе ми биде тешко за секое исмевање. Ќе ми биде тешко за секоја солза. Затоа - нема да ми биде сеедно. Се надевам додека да родам дете и да стигне тоа дете да се вљубува, барем малку светов ќе биде понапред мрднат.
Епа еве јас не читам со мерак ништо од особа што човечки тела и чувства споредува со предмети и со животни кои си го лижат изметот. А скраја да е па нешто да научам од него. И тоа си е мое право, па кој што сака нека мисли за мојата зрелост.
Мислам дека доколку би имала дете геј, ништо не би ми пречело нормално. Доколку моето детето сака да го дели животот со личност од ист пол, секогаш ќе сум до него и ќе го подржувам. Тешко ќе ми е само заради едно нешто: простиот народ кој никогаш нема да ги разбере работите, разликите меѓу луѓето..
Абе нема да ми биде сеедно ни првпат кога ќе ми каже дека има дечко, ако е стрејт. Ќе знам дека ќе и се скрши срцето и не знам како ќе поднесе. Животот е таков каков што е. Низ нешто мора да се пројде. Сеедно за ништо нема да ни биде, како родители. Мене ми е мака за мои драги особи што знам низ што проаѓаат, па немам како да им помогнам, освен да не им правам потешко. И што ги мислам да не ги истепа некој будала по улица, затоа што се геј. Затоа што јас го сакам некого како човек, пријател, мене ништо не ми менува дали оди во кревет со некој од ист пол, ниту па него му пречи што јас легнувам во кревет со различен пол. Едноставно, никој никого не повредува, имам прекрасни пријателства и двајцата сме задоволни на љубовно поле. Се друго е небитно.
Никој од вас нема да се откаже од сопственото дете затоа што има поинаква ориентација. Повеќето ве имам читано на темите за родителство и знам колку се тресете над децата. Умот ќе ви зборува да ја отворите вратата и кажете збогум, ама срцето ќе ја затвори. Попрво рацете ќе ги отсечете отколку да ги оставите сопствените деца, само сте силни пред екран.
Без разлика од каква болест ќе заболи моето дете, било да е тоа психичка или телесна, никогаш не би се откажал од него/неа. Луѓе сме, на секој може да му се случи. Всушност, кога нашето дете е болно, или во некоја заблуда, или во некоја животна криза, слабост, на него му треба двојно повеќе од нашата љубов, грижа и внимание. Љубовта е таа што лекува. Со ќотек, агресија, казни и сл., ништо позитивно нема да направите кај детето. Напротив, обратен ефект ќе има.
,мои деца,моја крв,секогаш ќе им бидам подршка,грб,никогаш не би се откажала од нив,бидејќи животот е тежок без разлика што се и каде се.
Хипотетичко прашање како би реагирале ако вашето дете кога ќе порасне се изјасни дека е геј? Или некој ваш близок член од семејството? Исто ме интересира ако детето ви се изјасни дека сака да смени пол дали ќе го подржите? @RainBow Ако не се за оваа тема прашањата префрли ги во соодветна.