1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе реагирате ако вашето дете е геј?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lilit, 6 јуни 2017.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Зборуваше ти за среќа,дека тоа е побитно отколку само да се биде репродуктивна машина.
    Како геј дете ќе биде среќно во Македонија кога сите ќе го исмеваат,ќе го избегнуваат и ќе се мајтапи општеството со него?
    Јас ли треба да му ги урнам соништата заради нашата држава?
    Да,јас нема кој друг.
    Бидејќи еден ден ќе сфати зошто.
    Редакт,ако немаш деца не те чувствувам компетентна да зборуваш за вакво нешто,бидејќи кога го родив сменив мислење за сто нешта не пак за ова.
     
    На Aleksandar1212, cresa-jagoda, Selest и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Да да, ние бездетните немаме право да имаме мислење за нашата среќа:rofl:
    Таков е форумов, се делиме на бездетни и жени со деца. А оние бездетните ги делите на онакви што сакаат дете а не можат да имаат и оние што уво не ги боли..:rofl:
    Зборувате за предрасуди во МК а на форумов правите дискриминација каква што нема во живо...
    Во живо - влегувам во продавница да купам детски транспортер и никој не ме прашува дали имам дете, зошто ми е штом немам.. се распрашувам, купувам и си одам..
    А тука треба на долго и широко да се објаснувам зошто немам деца а имам мислење за истите:?:
    Тоа што си родила не те прави мајка. Мајка те прави фактот дека си го исчувала и од него си направила човек без предрасуди, со отворени видици кон светот и животот..


    И јас пак ќе напоменам... прашањето е како ќе реагираш ако детето ти рече дека е геј, а ти ако сакаш замисли дека живееш во САД или Германија па после одговори на темава..
    Затоа што ти не разликуваш мајчинска љубов и безусловно прифаќање на маните и доблестите на своето дете, од обична љубов и дискрининација..


    Мојата дискусија завршува тука. Имај убав ден:hai:
     
    На malerozna, smooch, SuperGirl24 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Не коментирам повеќе ни јас,кога ќе се најдеш во таква ситуација или близу до тоа пиши ми што си му кажала зад затворени врати.
    Да ми отвориш очи,да станам и јас мајка со безусловно прифаќање на нонсенс одлуки.:hai:
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.743
    Оф Боже, кога ќе престанете со тоа чување на родителот кога ќе остаре? Зар затоа се раѓаат деца? Децата ќе пораснат и ќе си тргнат по свој пат. Партнерот е тој што останува со нас. Јас сум бремена, очекувам дете и сум пресреќна. Но во ниеден момент не сум помислила дека тоа дете треба да ми се оддолжува за било што, кога ќе порасне. Мое е да му обезбедам среќно детство и да го донесам на прав пат во животот. Негово е постојано да се надградува и да си создаде своја иднина.
     
    На Buttterfly, Waka-waka, Tan4ence и 24 други им се допаѓа ова.
  5. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Ти немаш ги посетено твоите родители од кога ја напушти таа куќа?Немаш им помогнато кога им требало најмногу помош?
    Немаш им се јавено чисто да ги прашаш како се?
    Јас сум олдфешн,конзервативна извинете ме вие со широки погледи кон светот.
    За мене на прво место ми се почитта,семејството и децата,тоа ме прави најсреќна.
    А партнерот,може денес го има утре не.Таа среќа не трае долго секогаш.Незнаеш дали ќе остане доволно долго со вас за да остарите заедно;)
     
    На cresa-jagoda, Selest, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Дури и да ми е тешко да прифатам, што се сомневам, нема да дозволам моето дете да го почувствува тоа. Неговата/нејзината среќа ќе ми биди приоритет зошто ќе знам дека сум пропаднала како родител ако знам дека детето ми е несреќно и угнетено, а го крие тоа за да ми удоволи мене. Сум кажала и на друга тема, радо би имала геј и среќно дете него прикриено геј дете кое е несреќно.
     
    На malerozna, smooch, Aleksandar1212 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Хомосексуалноста не е каприц, ни помодарство, ниту пак е болест. Тоа е нешто со кое што се раѓаш, и за жал, најверојатно е последица на некоја генетска мутација. Барем тоа е мојата теорија, а самиот човек со промената на околината влијае индиректно на тие генетски мутации.

    Јас не знам како би реагирала кога дете мое би ми кажало дека е хомосексуалец, ама дека ќе го избркам од дома или ќе престанам да го сакам, тоа нема да се случи. Најбитно ми е децата да ми пораснат во вистински луѓе во права смисла на зборот, да имаат свој среќен живот, исполнети на секое поле. Тогаш душата би ми била на место, Сексуалната определба не ми игра никаква улога. Сакам внуци да дочекам, ама ако не е пишано, тоа е. Не сакам да бидат жртви за моја среќа, кога мене побитно ми е тие да се среќни.
    А во Македонија секој што е поинаков е покажуван со прст и осудуван од околината. Тешко се прифаќаат различните.
     
    На senza.parole, smooch, SuperGirl24 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Како доста религиозна личност,не се сложувам и не ги прифаќам многу работи од денешниов модерен свет,па наречете ме проста или помодерно-конзервативна :D сеедно.
    Се знае кој за што е створен,е сега ако некој сака да биде настран тоа е.
    Дали ќе го прифатам моето дете геј во иднина? Искрено не ни сакам да мислам на таа тема,бидејќи морници ме лазат.
    Немам деца,но знам дека родителската љубов е без граници и безусловна,но секогаш постои едно големо НО,факт е дека не се што ни е дозволено е корисно ;)
    Пример лично јас за да не ги разочарам моите се откажав од еден човек кој ми беше премногу важен,но несмеев да бидам со него токму од моите предрасуди,ми беше тешко и понекогаш знае да ми биде,можеби ја прокоцкав љубовта да,но исто толку важно ми е што не ги разочарав моите родители,бидејќи колку и да ви звучи сурово-не е добро кога се мисли само на себе.
     
    На Aleksandar1212, christinnn, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Добро ќе беше и твоите родители да не мислеле само на себе, своите предрасуди и што другите ќе кажат, туку на тебе.

    Се извинувам за оф-топикот.
     
    На candy.cane, Avery, senza.parole и 29 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    А зошто не се водиш по мајките кои одговорија дека би го прифатиле и би му пружиле целосна поддршка? Туку се фати за некој што мислиш дека можеш да му го направиш мислењето нерелевантно.
    Јас додека немав дете го мислев истото, а сега откако имам го мислам уште повеќе и уште толку не можам да ги разберам мајките кои ќе го отфрлат. Сметам дека за ваква работа став не се менува со станувањето мајка.
    А кој ти гарантира дека и да има дете ќе биде до него да му подаде чаша вода? Може ќе биде на другиот крај на светот, може... многу работи има што може да бидат. Ама дете да направиш за да ти даде чаша вода на старост...
    А за внуче исто никој не ти гарантира дека ќе имаш и со хетеро дете за жал. Исто има многу "може" ситуации и тука. А и во денешно време има и други начини.

    Ете колку е безусловна родителската љубов. Те сакам безусловно, само ако
    не си геј.
     
    На smooch, SuperGirl24, Dust и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не секој избор да се биде со партнер од ист пол е заради порив внатрешен кон тој пол кој ние не го разбираме оти не сме хомосексуалци нели, но го поистоветуваме со нашиот порив кон спротивниот пол.
    Има многу причини заради кои една стрејт особа би се впуштила во геј врски, верувале или не, без некоја посебна желба -сексуална или емотивна кон таа личност. Некогаш едноставно се работи за чиста перверзија, експериментирање, сексуална зависност која бара само еден добар задник, или едноставно слобода да правиш што сакаш. Ко што не секогаш стрејт жена има секс со маж оти чувствува привлечност кон него.
    Во конзервативните општества овие фантазии се длабоко потиснати и немаат шанса да испливаат макар во близина на површина, знаеме сите зошто. Но во други земји оваа слобода си ја користат максимално оти им се може, па затоа порастот на педерлукот е евидентен. Поточно -би се они, не се хомосексуалци. И тука да, се работи за перверзии, се користи слободата првенствено наменета исклучиво за оние „жена во машко тело" и обратно. И пак не можеш да се бунтуваш против тоа оти нели избор нивни е и тебе нема што да ти смета, но дека се застранува во перверзии -се застранува, и конзервативните мислам дека ова најчесто го имаат на ум, па со осудите кон нив страдаат и правите хомосексуалци.
     
    На Aleksandar1212, fallenangel и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Бриџит спомна перверзија... Веројатно сите сте го гледале Филаделфија. Буди симпатии ликот, повеќето го поддржуваме во борбата против дискриминација на лица со ХИВ. Ама кога при крајот прикажуваат како ја добил болеста, еве не можам безрезервно да поддржам. Нели, во кино каде што прикажуваат геј порно и некои присутни се впуштаат во односи со тој до нив. Нема врска муабетов за ХИВ со хомосексуалноста, ама таа сцена има. Го покажува тоа... како да кажам... претерување?
    Перверзија, без разлика на полова ориентација, не можам да прифатам ко нешто најнормално.

    Како би реагирала ако се работи за мое дете? Секако дека родителската љубов треба да биде безрезервна. Ќе го поддржам и ќе го советувам да се држи подалеку од перверзии. :D Ама дали ќе ми биде сеедно? Па не. Не верувам дека би била пресреќна. Но да, секогаш би била на негова/нејзина страна.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Се си сфативте буквално,како давеник за стап се фаќате.Примерот со чаша вода како и сите други се епитетички,сигурно нема да го малтретирам моето дете до мене да седи и да ме чува.
    Да имаш дете е благослов,а оние кои го отфрлаат тоа само за да си одат по ќејфот и мозокот за мене се себични суштества.
    И каприц е да бидрш геј,се додека се води како сексуална ОПРЕДЕЛБА,ниту вродена болест,ниту психичко пореметување ниту генетска мутација.На Античките Грци им станало досадно да се плескаат со жени па го измислиле ова безбожество.
    А да ти одговорам на тебе Реин бидејќи се дрзна да ми кажеш дека мојата љубов не е безусловна...
    Мајките кои се изјаснија дека ќе ги прифатиле си пишуваат само мислење без никаква грижа,да се најдат вистински во таква ситуација верувај ми ќе плачат солзи крокодилски ќе леат.
    Друго,јас реков дека нема сигурно да се откажам од него преку весник туку дека нема да глумам среќа заради тоа што моето дете ќе биде геј како и повеќето тука кои се прават светици за да берат лајкови и некој да ги тапка по рамо оти се КУЛ мајки.
    Јас кога немав дете си мислев ех што ако биде геј,ќе го поддржам.Ама не било така,за да биде вистински среќен и да разбере дека не секогаш можеме да го имаме тоа што го сакаме ќе го седнеш и ќе му кажеш дека комшиите ќе бегаат од него како од чума и нема да сакаат да допрат негова чаша за да не случајно закачат сида.
    И детето ќе си седне ќе размисли како се живее подобро,ќе ја пцуе мајкаси оти не го поддржала ама на крај ќе и се заблагодари.
    Ете така ќе се жртвувате,и тоа е Мајка а не да го тапкате по рамо цел живот оти сакал да се фрли од тераса и после пак вие ќе му бидете криви зошто не сте му одржале лекција.
     
    На Orthophill, cresa-jagoda, Selest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Ќе полудам аххахаха, отсекогаш најодвратна ми била таа работа, се знае што е нормално.. скраја нека е, а и ќе се трудиме да не дојде до толку работата :D
     
    На Selest и Rama им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Не можеш ти мене да ми наметнуваш како јас ќе се однесувам, дека ќе леам крокодилски солзи само зашто ти би го правела тоа. Јас и ти сме мајки, ама не сме исти, немаме доживеано исти работи во животот, немаме сретнато исти луѓе, читано исти книги и немаме иста перцепција за хомосексуалноста како што гледам. Така што ти можеш за себе да збориш, за мене не, во никој случај.
     
    На Buttterfly, ♣ Alba Viduam ♣, SuperGirl24 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Чекај ќерка ти да порасне и да ти донесе девојка дома и да ја бакнува пред тебе..;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.385
    Првичната реакција би била како и при соопштувањети на секоја друга новост или изненадување.
    Молчење и обработување на податоците.

    Кога ми соопштуваат нешто, независно позитивно, негативно или да немам изграден став, најпрво сослушувам. Јазикот да не е побрз од мислите.

    Секако ако воопшто би можела да го наречам изненадување соопштувањето на таква новост поради претпоставката дека ќе имаме отворена комуникација и живееме под ист покрив. Не би сакала да имам таков однос со сопствените деца каде би биле приморани да кријат од мене такво нешто или да живеат во постојан страв дека ќе бидат осудени од мене или дека би ме разочарале.

    Би прашала од кога, кои биле првите сигнали, како се чуствува, дали е среќна....што можам да направам за да помогнам или олеснам.

    И не, нема да се врти околу мене и мојата престава или желба за тоа како сакам моите деца да изгледаат или живеат, туку околу нив.
    Што сакаат они, што чуствуваат они, што ги прави нив среќни. Тоа ќе биде одсекогаш најважно за мене.

    Небулозна ми е било каква дефиниција околу мајчинството и како тоа треба да изгледа кога една мајка ги своите потреби и желби пред оние на детето.
     
    На smooch, Bozica1980, Dust и 15 други им се допаѓа ова.
  18. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Сте се фатиле за тоа дека кај нас таквото дете би било неприфатено... Па напред оди светов де, и во Македонија ќе почнат да се прифаќаат eventually... Зарем во Америка, Германија и тн. веднаш ги прифатиле? Не,така?
    Еднаш се прозинесов, ќе кажам пак... Далеку од тоа дека ќе ми е драго и сеедно...
    Ама нема да дозволам да не бидам дел од животот на моето дете... Мене низ животов најмногу ми фалела поддршка, тоа ме научи каква јас треба да бидам кон моето дете
     
    На Dust, CameliaMiller, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Можеби и твоето ќе донесе. И после, шу праиме? :) "Мое дете нема вака...", "Мое дете нема шанси...", абе ќутете таму. Не знаете што ве чека од децата кога ќе пораснат, колку и да се удирате во гради дека "вака" или "онака" ќе сте ги воспитале.
    Инаку за ова со чашата вода, и важноста на потомството, оди пиши им го во темата за поддршка на сите што сакаат да забременат. Не е хумано и пријатно, нели? Веројатно ќе сфатиш што глупост си пишала, сакајќи да се докажеш како добра мајка.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, smooch, SuperGirl24 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека после ваква лекција детето ќе се ориентира кон спротивниот пол? Ќе се "определи" поинаку?
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, SuperGirl24, Dust и 12 други им се допаѓа ова.