Неплодните жени се лечат кога не можат да имаат деца. Така да педерите и лезбејките исто така треба да одат и да се лечат. Има многу светски институции коишто забележале многу добри резултати во лечење педерлук.
Жити сè најмило не ме цитирај, не знам дали да се смеам или да плачам од твоиве размислувања. Јасно ми стана што читаш и на што се потпираш, уште кога го стави "истражувањето" во темата за промена на пол.
Ме интересира како се лечи. Те молам пушти ми линк од истражување или нешто слично, па да го продискутирам и со една професорка. Немора тука да ми пуштиш, можи и во ЛП. Чекам.
Ливинг,незнам колку ме разбра т.е недоволно јасно се изразив во тој поглед,да токму за да не ги разочарам моите јас скрив нешто важно за мене..зошто иако тоа нешто ме правеше среќна,тие ќе беа несреќни(ова моја претпоставка)..како и да е тоа помина и нема врска со темата.
-Мамо геј сум -Легни си, ќе ти помине Предрасудите кои ги спомнуваме во општеството, вие ги правите, овде што велите дека нема да одобрите таква врска, дека е тоа ненормално или слично. Моите деца ако утре се геј, од вас ќе патат. Вашите деца ако утре се геј, пак од вас ќе патат, не од мене и моите. Врти кругот, пак вие сте криви за ова општество
Не барај истражувања, ќе ти постира како вчера што постираше од "истражувачи" што мислат дека хомосексуалноста е болест на ДУШАТА, што мислат дека треба да се лечи и да се заштитат децата од таа болест, и што ја споредуваат/поврзуваат со алкохолизам/наркоманија/педофилија итн. Нè убедуваше дека повеќето педофили биле хомосексуалци, и стави некои истражувања(???) со 30% застапеност.
Затоа што ти очигледно не ги разбираш тие статистики. ЛГБТ заедниците секогаш се движат околу 1% од популацијата во сите земји, а се извршители на повеќето од половината педофилски скандали. Навистина импресивно за тие дегенерици. Тоа доволно кажува за нивната душевна состојба.
Како би реагирала не знам.Од дома нема сигурно да го испадам, а ќе ми биде мило ако живее сам на свои нозе, без разлика на неговата определба. Со изборот можеби нема да бидам најзадоволна, ама ќе бидам среќна ако моето дете е среќно. Ќе ме боли неприфатеноста од народот, тоа сигурно. Па колку и да велиме дека не не интересира што мислат другите. Ама па спротивно на тоа ако го гледам моето дете среќно и задоволно, исполнето, јас ќе бидам уште посреќна.
Јас ќе го прифатам какво и да е. Независно дали ќе биде педер или лезбејка. Мене ќе ми биде најмило тоа да биде среќно, а кога е тоа среќно и јас ќе бидам среќна. Само кај нас има предрасуди у врска со ова, така да доколку се случи тоа јас ќе му помогнам да испадне од тука и да си ја бара среќата во друга средина.
Ги разбирам, туку не ми се релевантни. Тоа е исто како некој Јеховин сведок да ми дојде на врата, и да ме убедува во нешто, во кое верува само тој и неговите приврзаници. Исто е и со "истражувачиве", им веруваш ти и сите вие што ја мразите геј популацијата, а мене ми е циркуз истражувањето. И пак пишуваш дека се извршители на повеќето "педофилски скандали", а во истражувањето има податоци за 30-35%. Ни сам не веруваш во тоа, а очекуваш ние да веруваме. Батали, ти кажав и прееска.
Која личност во Македонија е убиена или малтретирана физички само поради тоа што е припадник на ЛГБТ заедницата?
Не ги разбираш очигледно, но ајт... Тие истражувања се правени од светски универзитетски институции. Од еминентни професори, а не шарлатани. Замисли заедница која сочинува 1% од популација извршува 40% педофилски скандали? Но, тоа според тебе е ирелевантно и обична анти-геј пропаганда?
Не дај Боже да имам дете што ќе биде геј, не би го прифатила, ниту би го поддржала, не верувам дека и би сакала си ја извршам законска обврска за издржување. На светов има многу невини новороденчиња од мајка оставени, препуштени на милост и немилост да талкаат по улици, по домови па не би ме грижела совест да исфрлам зрел маж кој застранил од патот на нормалното и нема да ми биде битно ниту дали е среќно или несреќно. Мое мислење е дека хомосексуалноста/ бисексуалноста не е хормонско пореметување, ниту дека е потикнато од генетски предизпозици, ниту психолошки проблем едноставно е свесен избор и одлука што од каприц, што од сексуални перверзии прикажани во порнофилмови и затоа што изгубени се вредностите во општеството па нас што не прифаќаме различности читај НЕ ШТО ОСУДУВАМЕ туку не прифаќаме не сметаат за категорија на малограѓанштина заостанати, затуцани и забегани.
Аманте бе луѓе, хомосексуалноста не е болест. Прочитајте малку научни истражувања, не бидете заостанати. Ми паѓа криво кога ќе прочитам такво нешто, посебно од членови кои сум ги сметала за учени личности. Јас би го прифатила сосема нормално. Не гледам зошто не? Мене нема да ми смени ништо дали моето дете ќе сака машко или женско, или е асексуално, или е трансџендер. Секако ќе си го сакам. Зошто би го осудила тоа дете за тоа кого сака? Не бираме ние во кого ќе се заљубиме. Прочитав многу било битно и мажот што ќе мислел. Тргнувајќи од себе јас не би сакала маж хомофоб, така што не верувам дека тоа би ми бил проблем. Исто спомна некој која личност била малтретирана поради тоа што припаѓа во LGBT заедница? Демек немало тоа кај нас На државен факултет, имаше јавно омаложување на таквите личности и психолошка тортура, а да не зборам за колку приватни случаи знам каде што имаше страшно огромен bullying на таквите личности. Имам еден другар кој е геј, дома им кажал на 14-годишна возраст, мајка му го прифати сосема океј, а татко му не, бидејќи бил срам за семејството. После неколку години, фала богу, човеков сфати дека не е нешто што може да се смени, и се во супер односи со детето сега. Знам дека е шок такво нешто да ти каже детето, ама мора да се има разбирање.
Ќе се лутам на детето ако не учи, ако е нехумано, ако е несолидарно. Ќе имам најсериозен проблем ако е педофил, убиец, силувач, лопов. Ако е геј... баш сеедно ми е Како што ми е сеедно за сестра ми дали ќе се мажи или утре женска ќе има А ти Мамасита имај си ги вредностите дома, ама од такви со многу морални вредности семејства, познавам барем 4 такви што го примаат у гз. Како викаат, тоа што не сакаш...
Личноста спомна физичко малтретирање,а не психичко. За да спореди со педофилите кои се голем дел од ЛГБТ.
Па и физичко има, очигледно не се наоѓа во такви кругови каде што е сведок на вакви работи. Појдете во било кое од средните училишта може да забележите. Па и да не се геј личностите, да се малку феминзирани, ги млатат од ќотек. Заостаната држава сме.
Леле Боже, што тоа јас читам. ПРВО, треба да сфатите дека не е битно ВИЕ што мислите, или мажот ваш, или што според вас е морална вредност. Алоо, како се осудувате вие да поставувате морални вредности кои се во склоп само на вашиот ограничен мозок. ВТОРО, многу сте себични, ама многу. Вас всушност вистински ќе ве боли тоа што вашето дете не ги исполнило вашите очекувања, тоа што нема да добиете зет или снаа, тоа што нема да ве гледа под стари години или тоа што нема да имате внуче. Свесни ли сте колку имате потомство од себични причини? А делот кога ќе почнете да судите која е мајка а која немајка и да наметнувате мислења ми е бесмислено потполно. Абе може имам став на секоја тема, тоа што сеуште не сум мајка ме прави ли помалку компетентна да коментирам нешто? Ох извинете ваше височество, ваше блаженство, вие со сина крв, свети МАЈКИ, само вас Господ ви ја дарил таа улога, благословени сте, ние останатите немаме мотив за живот. Би го поддржала во секоја одлука која ќе го направи да е среќен човек, се разбира се додека нема штета од истата. Прво ќе го прашам дали е сигурен, доколку да ќе сторам се што е во мои раце за да му помогнам, дали овде или некаде на страна, само да има задоволен живот. Јас други работи сонувам за моето дете, а не за неговата сексулана определба или да го уценам со нешто цел живот да остане со мене за да има кој да ме води по доктори кога ќе остарам. Не сум мајка, ама имам подобар пристап кон мајчинството од некои од овде. Да бидеш мајка не значи да си себичен и посесивен спрема детето. Мене впрочем ми е глупо што воопшто разговараме и полемизираме на оваа тема. Јас имам други идеали за моето дете. Да биде амбициозен, да биде свој човек, да го интересираат работи со кои може да се надградува. Да биде добар и да почитува. Да си го најде своето место под сонцето макар било илјадници километри одалечено од мене. Сакам моето дете да е успешно. А дали ќе легне со жена или маж, дали ќе смета дека врвот на неговиот живот ќе е тоа да остави потомство, ми е сосема нерелевантно. И да не го гледам 10 години, јас несебично од дома ќе го поддржувам и ќе се борам за неговите успеси.
Колку повеќе не се прифаќаат геј лицата кај нас, толку поголеми се шансите да стапите во брак со геј човек. Има многу кои поради тоа што ќе кажат другите, стапуваат во брак со лице од спротивниот пол. И немојте да мислите дека ако е геј не може да има односи со спротивниот пол. Ехеее, и деца имаат. И пред да кажете дека измислувам тука глупости, одете во темата за ЛГБТ, таму еден член, кој е доктор најверојатно убаво си објасни колку често се справува со вакви работи. Си кажав и во другата тема. Не ми е битно дали детето ќе ми биде геј или не. Да е живо, здраво и паметно.