И такви екстремни трагични ситуации со оставени новороденчиња би те оправдале да се откажеш од сопственото дете ако е геј? Добро, а што ако не откриеш дека ,,застранува од патот“ () кога веќе е зрел маж(/жена), туку во малолетните години, во најранливите почетни години од пубертетот кога обично се буди сексуалноста и кога сѐ уште не е способен/на да се грижи сам/а за себе? Не осудуваш, само би се откажала од сопственото дете поради таква различност? Еве јас отворено имам храброст да кажам – строго осудувам родители кои навистина се одлучиле на тој чекор да го исфрлат на улица и да се откажат од детето поради тоа што е геј.
Пак ке ти кажам, не знам какви професори да се, сè додека имаат став дека хомосексуалноста е болест на душата, и дека се лечи, и дека треба да се заштитат децата од тоа, за мене е тоа чиста пропаганда и глупост. И Каракамишева е универзитерски професор, па цела држава се смееше на нејзиниот податок дека младите се иселуваат поради невозвратена љубов, па дури и 30 познаници ги земаше за пример, па проценти, па чуда. Сакам да ти кажам дека, не можам да верувам на истражувања базирани врз лични ставови, кои којзнае колку се вистинити, и којзнае колку од тоа е чиста измислица. Имам професор што смета дека 8-ми март е глупав социјалистички празник и немал никакво значење, и пробуваше да нè убеди во тоа, ама само му се изнасмеавме. Џабе му е статусот, кога пробува да наметне смешни лични размислувања. Исто и со професориве од твоите истражувања.
Јас многу ги сакам и почитувам моите родители, но веќе не ми се приоритет. Моментално мојот партнер и детето кое е на пат (моето семејство), се приоритет. И тоа го очекувам од моите деца, здравје боже. И не живеам во Мк. И кога ќе ми се роди детето, нема мојов живот да му го посветам целосно и партнерот да го занемарам. Децата се магична работа, но не ми се смисла на животот. Кој како сака нека ме сфати
Ке го прифатам и сакам како и претходно. Свое дете никогаш не би отфрлила зошто е геј. Мојата љубов и подршка секогаш ке ја има, барем во овој случај да, освен ако е криминалец, безнадежен наркоман и слично. Ама дека ке ми е мило и драго нема да ми е. Ке го подржувам, ке го штитам од општеството, ама како нешто нормално нема да го прифатам, во себе ова, пред детето ке трпам и ќутам штом се работи за негова среќа. Родителската љубов е безусловна и сексуалната ориентација нема да ја промени.
И што ако не видат внуче, која е поентата да му наметнуваш некој твој замислен живот на детето само за да видеш внуче? Кога би морала да бирам пре би сакала ќерка ми да биде лезбејка него курва, курвањето е избор, свесно се деградираш, дозволуваш секакви да ти се истресуваат во тебе, што знам не би ми било убаво да слушнам дека ќерка ми ја е*е кој стигне. Хомосексуалоста е вродено, не е избор, едноставно ги привлекуваат личности од исти пол, не можат ништо против тоа. Јас се трудам децата мој да растат во една средина која е толерантна, не дискриминира на основа на вера, боја на кожа, сексуална определба итн, не сакам да ми растат децата со предрасуди, со омраза која ќе им ја црни непотребно душата. Имам пишувано било кое од децата да ми кажат дека се геј, лезбејка нема да ми биде сеедно, длабоко во себе нема да бидам среќна ама ќе ја имаат и мојата и на татко им поддршката, нема да вијорам знаме на парада ама ќе бидам тука за нив, не би ми паднало да памет да ги избркам од дома или да се откажам од нив, со кого го делат креветот е нивни проблем, јас ќе ги сакам без обзир на каков е полот на нивните партнери. За овие педеромразачите, имам комшија еден кај татко ми, таков хомофоб не сум сретнала, врие од бес кога ќе се спомне геј е арно ама детето сите му го гледаме од мало си има геј тенденции, затоа не плукајте толку, не знаете утре што ќе имате дома.
Не знам што носи животот ама сакам син ми да е среќен или ако некогаш имам и ќерка исто ќе важе. Макар тоа значело да бидат геј. На вистинскиот родител секогаш на прво место му е среќата и здравјето на своето дете. Кога ќе има тешки моменти да знае дека пред се прво треба да се обрати кај родителот затоа што таму ќе ја има целосната подршка. Далеку од тоа дека ќе скокам од среќа ако ми признае дека е геј ама ќе прифатам и ќе го подржам. За внучиња не размислувам,може и да е со жена па пак да одлучат да немаат. Заради мене не треба да се откажува од своите желби. Јас сум таа што треба да се откаже од своите за негова среќа. За родителите што се откажуваат од своите деца кога ќе им соопштат дека се геј ќе кажам дека се исти како родителите што се откажуваат од своите штотуку родени деца. Ни едните ни другите не заслушуваат да се наречат родители ни пак го знаат значењето на безусловна љубов.
Ок, ептен забегавте со офф топици. Јас прашав еднаш и пак ќе прашам. Дали вие сте среќни поради тоа што вашите деца се геј или само сочуствувате со нивната беда? Огромна е разликата. Според репликите заклучувам дека најголем дел од вас длабоко во себе би биле крајно несреќни, но би ги прифатиле само поради тоа што се ваши деца. Мислам дека голем дел од форумџиите не се искрени во ставовите само колку да не ја нарушат репутацијата на мили, добри, срцки, откачени, затоа што ќе бидат дочекани на нож од другата демократска и прогресивна страна која почитува туѓо мислење и став се дур се вклопува во нивниот став. И така
Луѓе, темава не е општо за хомосексуалност, пак ќе ви кажам, како ВИЕ би изреагирале, не комшијата дрн, дрн, зборете од свое име и не ја полнете со оф топици. Има посебна тема за прифаќање на вакви луѓе, тука станува конкретно збор за нашето дете. И толку. Не за историјата на хомосексуалноста. (Иако немаме таква тема и може да отвори некој за вакви дискусии да се одвиваат таму. ) Затоа, држете се на темата.
Затоа што и ти имаш огромен недостаток на информации. ЛГБТ заедницата е исклучително промискуетна и далеку се прочуени по тоа. Затоа и ХИВ/СИДА и разни други полни болести царуваат по нивните заедници.
Ама зошто беда? Ако ти сметаш дека имаш право да ги наречеш бедни не значи дека сите мислат како тебе. Имам добиено еден куп прашања од луѓе без осет дали би го абортирала син ми да знаев дека ќе се роди болен. Никогаш.Тој е мојата љубов,мое се и за ништо на свет не би го менувала. Мене не ми е јасно кои сте вие и дали имате памет што поставувате такви прашања. Луѓето со вакви прашања би ги нарекла бедни затоа што се мешаат каде што не треба и сметаат дека подобро ги знаат туѓите животи.
Јас колку што знам, темата е "како ќе реагирате" а не опишете го степенот на вашата среќа"...шо знсм..
Еве јас ќе си кажам, криво ми е што има луѓе кои би го фрлиле детето или пак би го убиле ( да, ве има и тука такви ), оти е геј. Криво ми е што имате, или ќе имате деца, криво ми е за тие деца, криво ми е што има луѓе со добри души што не можат да имаат деца. Криво ми е што имате деца, и сметам дека не заслужувате. Ете. И секако, само не ми е јасно од кои тоа порничи и сексуални екцеси 4 годишно дете добива хомосексуални нагони, и како само хомосексуалците имаат СИДА и се перверзни? А јас прво да имам дете, па да ми е здраво, па на крај тек ќе мислам по која постапка да ве решам вас, и вашите деца кога ќе се обидувате да ми го реметите чедото, ако е геј. Ма да таквите како вас и за глупости продавате муда за бубрези, па камо ли за личен живот. Така да ќе си имам работа. Еве предлог тема - ,, Како ќе реагирате на пациенти кои ќе ви го реметат детето кое ви е геј?,,
Еве јас како бездетна.. Ако некое од вашите деца се изјасни дека е геј или ако од мали нозе му ги приметите феминизираните движења (за машко) гласот или однесувањето, пред да се откажете слободно пишете ми ЛП...се нудам да ви го исчувам до завршување на факултет и да го опсипам со љубов каква што вие немате А ако е над 18год, верувајте баш и ќе му биде гајле дали го прифаќате Однапред благодарам на соработката.
@MamacitaBuena Добра мамичке, жал ми е за твоите деца, во секој поглед. Не знам како би изреагирала, никој не може да знае, ама речиси сум сигурна дека ќе ми биде сеедно. И строго ги осудувам не само тие што ќе се откажат од детето бидејќи е геј (за ова веќе треба ептен да ти е исперен мозокот), туку и тие што ќе плачат, лелекаат и прават драми, а сепак, да се разбереме, ќе го прифатат и безусловно ќе го сакаат. Сфаќам дека никој не може да контролира плачење и емоции, ама тоа што вашето дете е геј не треба да во никој поглед да ви претставува причина за плачење. Да, ќе пати од вакви конзервативци, ама на крај краева, вие сте тука да му објасните колку треба да ги става на памет. И што е причината за плачење, одење на терапии, помирување или едоставно чувство дека не ви е по ќеф? Она фамозното нема да видам внучиња. Ако тоа толку ви пречи, ваш проблем, седнете и малку разграничете дали ви е поважно да ја проширите лозата или вашето дете да среќно. За оние што планираат да го „лечат“ своето дете, пак поради своите сопствени каприци и филмчиња (Ама сакам да создаде фамилија, да има дечиња, да биде среќно...): Ти! Ти сакаш да создаде семејство и деца да има, неоправдано наметнувајќи му ги твоите идеали. Ме фрустрира што во животот на хомосексуалците толку важно е прашањето „Ама како ќе им кажам на моите?“, што произлегува од стравот дека им ги рушат нивните соништа за тоа како сакаат да живее нивното дете. Сфатете дека вие и вашите деца не сте сијамски близнаци и дека вашите деца се посебни личности, кои едноставно не е можно да размислуваат исто како вас, не можете да ги програмирате. Геј било детето, ајде ќе плачеме и жалиме три дена и три ноќи, не за него, туку за збогувањето со нашите замисли за тоа како ќе му изгледа животот.
Бре, бре ама сте изнапишувале еее и тоа без мене @blackwave Нема проблем што си ме прозвала, во ред е... Епа вака, осудите од околината, а и од фамилијата воопшто ама ВООПШТО не ми влијаеле никогаш (а ни па ќе ми влијаат) на тоа да го променам индентитетот или сексуалната определба, бидејќи јас сум отсекогаш "таква" и "таква" сум родена и тука нема промени, кој ме знае - знае многу добро дека уште од најмала возраст сум "таква" и значи според многумина од Вас испаѓа дека сум родена пореметна, па да де нормално... и за сите вие што мислите дека "тоа" се менува, само ќе ви кажам дека тоа е исто како сега јас да ви речам "Ај ти си машко и земи сега преку ноќ стани женско или обратно" или "Ај ти си стрејт, молим те стани геј "... аман стварно! А, да исто да кажам и дека изгубив све буквално и живеам "во илегала", со пола од фамилијата не збориме, брат ми прекина секаков контакт со мене, немам пријатели/пријателки, немам "стална работа" (реално никаква немам), се отпишав од факултет ... па сега вие видете дали е убаво или најсјано да си ЛГБТ лице... И аман луѓе, дај освестете се малце! Едит: И ќе Ве замолам во иднина, сите Вие мои неистомисленици и сите Вие коишто сматрате дека јас сум болна, монструм или не знам што - да ме заобиколите и игнорирате, затоа што одговор од мене нема да добиете!
Јас никогаш во животот не сум се смеел на нечии психо-физички недостатоци на луѓето. Ти си го прифатила твоето дете какво што е, но дали би го родила здраво или со посебни потреби е веќе сосема друго прашање. Не ме сфаќај погрешно. Јас никогаш во животот не сум се исмејувал на луѓе со психо-физички недостатоци и сочуствувам со семејствата во нивната секојдневна битка со таков тип на луѓе.