Темата не е општа, туку е баш јасна. Секако дека ќе сакам. Прашањето е во прво лице и едноставна. Кои ќе бидат твоите чувства ако ќерките ти речат еден ден мамо јас сум геј! Имам девојка и вака сум ок. Да не се лажеме, не е као секој ден ова и од прва ќе ти дојде така нормално, лабаво и ок. У реду е, заклучивме дека сите сме либерални и полни љубов се додека е у комшии. Како бе секоја тема успевате да ја релативизирате...
Сите што се изјасниле дека би им било сеедно и/или безусловно би си ги сакале децата го рекле тоа само за да излегле тука модерни, напредни, либерални, кул. Бре. Не умри магаре за зелена трева. Ако некој нема поисполнет живот па единствена преокупација му/и е да „импресионира“ рандом личности на рандом анонимен форум, не значи дека сите го мислат тоа. Лани ова време, по нападот во клубот во Орландо, откако толку безмилосно згаснаа 49 животи, разговарав за тоа со мајка ми. И кажував за сведоштва на лицата кои биле таму, како и изјави од родители чии деца загинале, а пред да загинат им пишувале последни пораки, кажувајќи им колку се исплашени, забогувајќи се. И мајка ми, која инаку поконзервативна не може да биде, со солзи во очите ми рече: „Што е тоа важно... тие се мајки; мајката секогаш ќе го сака своето чедо. Без разлика со кого е, тоа е дел од неа, а мајчината љубов е безрезервна.“ Тие зборови нема да и ги заборавам. Тие зборови дојдоа од устата на жена која инаку се ужаснува на само малку откриено деколте, а камо ли нешто повеќе. Еве не знам, ама таа не ми рече - не го мислам јас стварно ова, само ти го кажувам за да го пишеш на анономниот форум за да излезам кул. Размислете малку. Престанете со осуди. Што вам ви менува кој со кого е, се дури тој некој е добар човек? Им се смеете на вашите стари тетки и баби, како само седеле до капија и чекале да си најдат мета за оговарање и осудување, а не сфаќате дека сте бетер од нив. Доста живеете во туѓите животи - погледнете го малку сопствениот. Едит: заборавив да додадам, да не сум off topic - ако некогаш имам дете, ќе се обидам со сите сили го научам на вистинските вредности на животот, да израсне и се претвори во исполнета, добра личност, и ќе му ги пружам сета љубов, внимание, трпение и поддршка кои ги имам во себе, бидејќи ќе е дел од мене. Кога ќе е веќе возрасна личност, секако дека како родител нема да се мешам во неговата постела, нема да е моја работа.
Гледам дека на секоја ваква тема веднаш се повикувате на оставање потомство и како ако детето ви е геј нема да имате внучиња, или не дај Боже нема да има кој да ви даде чаша вода кога ќе остарите? Прво, тоа значи дека сте себични и правите деца само заради корист, а не зошто самата помисла на дете ве исполнува, чувството да го држите во раце и да сте среќни што и тоа е среќно, нели. Второ, кој ви гарантира дека иако имате стрејт деца, тие ќе остават потомство? Можеби вашиот син или ќерка ќе бидат неплодни, а може нема воопшто да пронајдат партнер со кој би сакале да го поминат целиот живот, на крај краева може и да стапат во брак ама да не сакаат деца. И сега шо праиме? А и да се исполнат сите горенаведени "критериуми" голема е веројатноста вашите деца и внуци да не живеат со вас и пак да нема кој да ви даде чаша вода. Всушност, има начини и геј луѓето да имаат деца, нормално ако тие сакаат, а не зошто вас ви е мерак да имате внуци. Страници наназад прочитав мислење дека детето ќе си го чувал под строг режим, и немало шанси тоа да се РАЗБОЛИ од хомосексуалност. А да ве прашам, вие се слушате што зборите? Што мислите, дека хомосексуалноста е настинка, па ќе се напиеш апчиња и ќе ти помине како на кутре, а? Вие сте виделе човек што на 30 години станал од кревет и рекол, еј мене ми текна дека јас од денес сум хомосексуалец. Човекот се раѓа со својата сексуална ориентација, не ја "стекнува" после 20 години. Впрочем, знаете ли вие што означува поимот болест? Ќе цитирам дел од еден пост што го имам пишано во друга тема. "Научниците се имаат согласено дека ова не е болест/пореметување, зошто не влијае на расудувањето на луѓето, менталниот склоп, интелигенцијата, решавањето проблеми/донесување одлуки, работата, учењето... А нема ни никакви физички проблеми со кои се соочуваат хомосексуалците. Односно ништо помалку од оние со кои би можеле и ние, хетеросексуалците, да се соочиме." Познавам луѓе од блиска околина што се геј и ги имам прашано кога првпат почувствувале нешто за истиот пол? Верувале или не, тоа не им се случило на 20 години, туку имале симпатии уште во градинка, а пазете молим те израснати од стрејт родители, без никакво лошо влијание од околината, медиуми, филмови, и "западњачко помодарство" дека е се' тоа кул. Инаку, ајде конкретно на прашањето.. како ќе реагирам. Епа, еве јас како не-геј личност, да ви кажам право, не планирам да имам деца, ама ако тоа се случи, ќе реагирам исто така како што би реагирала ако детето ми е стрејт.
Темата не беше тема кога јас поставив прашање Него општо муабетевме во 40 ка за ова.И мојот пост се надоврза на оние претходно кои овде ги нема така да џабе ме цитираш кога незнаеш на кого точно се обраќав. Лично не гледам да некаде се изјаснив дали сум за или против.
Има тема каде се збори за геј луѓето и геј правата. Темата е како вие би реагирале, ставете се во таа позиција, почувствувајте и кажете ги вашите чувства. Поезиите, луѓето кои вие ги знаете во околина и се геј, просветлувачките зборови за универзалниот јазик на љубовта, научните тези (сега има и нови патем) задржете си ги за другата тема, како и мислењата и претпоставките зошто некој би се шокирал и анализа дека он мора да е себична особа. Концизно е прашањето, не е дека не е јасно, ама мора да има малку драма нели... А ти Блупарадајз како ќе се чувствуваш да ти кажеме дека си себична штом не сакаш да имаш деца? Дојде се распиштоли и на крај заклучокот...кажа све. Искреност малку не ќе е на одмет.
Лилит... и да ми кажат дека сум себична, ама воопшто нема да ме допре тоа, зошто нема зашто? Исто ако тие што имаат/ќе имаат деца ги прават исклучиво заради тоа што го кажав нема зошто лошо да се почувствуваат.. освен ако не се пронајдат во кажаното, хмм. А и не верувам дека некој на анонимен форум, толку би го повредило мое (за нив небитно) мислење, а ако го повреди слободно нека ми каже таа личност, иако вистината е таа. Тагни ме друг пат.
Па јас искрено се надевам дека ако детето ми е геј, нема да има потреба да ми кажува, дека ќе забележам. Не смее да каже човек во темава дека нема да му пречи, испаѓа дека лаже. Ама не, нема да ми пречи. Само ќе бидам загрижена за како ќе се снајде, како ќе е прифатен, да не го повреди некој. Значи самата сексуална ориентација не би ми пречела, ама дополнителните проблеми што доаѓаат со неа би ме загрижиле.
666? You are one of us Инаку не знам, тешко прашање, во секој случај доколку би се десило такво нешто поарно да е син (педер) него ќерка (лезбејка) пошто овие вториве се некако...досадни, напнати, монотони, безвеза. Би му кажал да се спротистави на хомосексуалниот прерогатив а тоа е манијакалната промискуитетност која за жал ја прати таа популација. Значи да си најде партнер и да си живее во строго моногамна задница. Не за друго, таа популација има драматично помал животен век и е подложна на повеќекратни ризици од физички и психички болести, најмногу поради таа изразена промускуитетност.
На секој родител тешко би му паднала таквата вест. Би се лутел,би викал ке биде гневен и ке се прашува зошто? На мене да ми се случи тоа тешко ке ми биде,можеби никогаш нема да се помирам со тоа,ама никогаш нема да се откажам од свое дете. Да се откажам од детето кое сум го родила,раснела.гледала,образувала,воспитувала и безусловно сум го сакала? Никогаш!! Но најголем проблем би било како ке се вклопи во околината. Сите тие погледи,предрасуди,погрдни зборови.
Се додека не се соочам со тој факт, се додека моето дете не застане пред мене и каже дека е геј, не можам да кажам како би реагирала, ниту како би се чувствувала. Би била среќна, ако и само ако, моето дете е среќно. Иако денес ми изгледа далеку, во даден момент ќе се соочам и тој момент на откривање на сексуалноста. Претпоставувам дека ќе го прифатам тој факт како таков и целосно ќе го поддржам. Како минуваат годините, така ги увидувам грешките на моите родители. Со самото тоа што тие растеле во друго време каде работите биле многу поинкави, навикнати се да ги гледаат работите од еден аспект, а јас од сосема друг. Строги се, критички настроени и со големи очекувања, а тоа влијаело на моето растење на одреден начин, и можам слободно да кажам дека исходот е позитивен. Но, јас како родител работите ќе ги направам поинаку.
Liberalen covek se ragas, toa nemozes da stanes ako veke ne si. Taka da onie sto mislat deka sega taka mislat, mozebi podocna ke izmenat, mozebi ke se sluci pod jaki okolnosti no nikogas prirodno onaka od dusa. Toa e isto kako gospoga nemoze sekoja da bide iako se trugi od petni zili.
Иако се сметам себе си за личност со многу широки гледишта и се трудам да имам што помалку предрасуди... ќе излажам ако речам дека ќе ми биде буквално сеедно. Еве, си замислувам таква ситуација. Не ми е сеедно. Не ми треба време да го прифатам - го прифаќам тоа, не се прашувам глупави клишеа прашања „што згрешивме“... туку едноставно не ми е фино на душата затоа што знам колку некои работи ќе му бидат потешки на моето дете само заради тој факт. А не сакам да му е потешко. Не сакам да води борби кои по сите правила не би требало да се водат во ова наше „напредно“ општество.
Ќе го/ја гушнам и ќе му речам дека ми е многу мило што има храбост да биде тоа што е. Ќе му објаснам какви се луѓето и како ќе го третираат, и ќе му речам да не дозволи никогаш другите да му го диктираат животот. На крај краева луѓе се, ќе најдат нешто и кај најсовршените. Ќе му речам да ми кажува се и да ме запознава со тие вистински шо ги сака и ќе бидам најсреќната мајка на светот ко ќе ми е најсреќно и најзаљубено детето! Ќе бидам таму да го тешам кога ќе треба кога ќе му го скршат срцето, со алкохол, со сладолед со се. Ќе бидам таму ко ќе треба да оди на доктор, на тестови, да му објаснам за безбеден секс. Ќе бидам таму да го бранам од подли усти и покажвање со прст. Најголема желба на светот ми е да имам деца, и имам само една желба за нив- да ми се здрави и живи! Друго НИШТО нема да ми е одвратно или неприфатливо од нив бидејќи ќе излезат од мене. И ќе си ветам од моментот прв пат кога ќе ги земам в раце, до последниот мој здив дека нивната среќа без разлика каква е ќе ми биде на прво место.
Ќе ми биде тешко и криво. Иако скоро сите ги прифаќаат таквите, ама јас не ги прифаќам. Се надевам дека моето дете нема геј да биде, а ако биде не дај Боже, ќе се лутам, ќе се јадам одвнатре, а можеби нема да му зборувам, но на крај можеби ќе попуштам.