Убаво на мајка, што друго ќе му кажам Познавајќи се себе си, јас лично повеќе би била загрижена ако моето дете нема свој карактер, основна култура, манири и донесување, потоа општа култура и знаење. Едноставно од тој аспект би била изнервирана лично од мене што не сум го одгледала како што треба, утре да ми дојде и да ми пишува сваќа и незнам и да не слушнал пр. за Стинг Би се карала ако не е амбициозно и не ги следи своите сонови. Сексуалната ориентација е/ќе биде негова лична работа како дел од неговата возрасна личност и не гледам како тоа мене ќе ми пречи. А од друга страна, што треба да речам: Eј сине не може геј да бидеш, ја ти забранувам , и што, ќе престане да биде? И ланчано на тоа, треба јас да ја прекинам комуникацијата со него и да не си живееме? Здраво, право, секој е различен. Ама и едно знам, јас лично сакам моите родители кога ме поддржуваат во нешто што ме прави среќна, а нив и не им толку одговара, ама сепак и не е нивен живот, така да Ако тие не не поддржуваат, кој?
@Summerlover најголем страв во животот ми е да не ми биде глупо детето случајно Мозок ќе му перам, на 2 години Quantum Physics for Babies ќе му купам. Мора паметно да биде, 5 јазика ќе го учам! А за геј, ако е паметен на мајка што сака нека биде
https://www.amazon.com/Quantum-Physics-Babies-Chris-Ferrie/dp/1492309532 Edit: Мене татко ми на 2 години ми купил математика за предшколска возраст, па и оцени ми ставаше. Единица имав за која е лева страна а која десна, цел ден плачев, по некое време поправен ми даде
Лелелееееее хахахах. Омг. Се прееесмеав! Да си здрава и жива. Ви се приклучвам во стравот за глупо дете.
Не ми било сеедно, никако. Не верувам дека постои личност, па од кој сака нека е крај на светот, која ова нешто ќе го прифати скроз како нормално. Бидејки нели, први сме да ги искажиме нашите напредни сфаќања и поддршка, али само кога тоа ни е во комшии. Премногу боли за нешто што ни е блиску, за чедо да не зборувам. Не знам што ќе ми донеси Господ во иднина, али ако некогаш се најдам во ваква ситуавција, под никој основ не би го избркала детето од дома, или би го отфрлила од себе на било каков начин. Ќе се понашам како негов/нејзин најголем заштитник бидејки знам, свесна сум во какво одвратно општество живееме. Ама мене, како родител, никогаш нема да ми биде мило заради таа ситуација. Не дека нема да добијам внучиња, тоа на последно место го ставам, туку има многу други поважни работи од внучињата. ќе ми гори срцето од односот на останатите кон моето дете, ќе се јадам одвнатре знаејќи дека моето дете не се вклопува во "она нормалното" и претставува отпадок на општеството. Ќе го жалам и се јадам цел живот, али нема да дозволам тој/таа да го види или почуствува тоа.
@Summerlover Сунчице, дај да формираме УМС за подршка на знаењето. Децата уште од раѓање да ги зачлениме таму, како религија да сме им избрале Нема мрдање, мора, полноправни членови да бидат, да допринесат најмногу што можат. Да си сфатиме работата озбилно, оти како што тргнал светот се поглупа и поглупа младинава. Вие што не прифаќате геј деца, прифаќате децата да ви ги тепаат девојките и да мислат дека тоа е нормално?
Рано ми е да зборувам од аспект на родител, како би било кога би било, но мислам дека би го/ја поддржала, иако можеби нема да скокам од радост. Нормално дека секој родител има неизмерна љубов спрема децата. Би сакала да бидат среќни, пред се здрави и живи, и сигурно и јас би била среќна кога ќе ги видам нив задоволни. Мислам нема потреба од криење и затворање за себе, зашто може само психички да се уништи така човек. Ја ценам искреноста и храброста доколку ми признае такво нешто. Ќе го/ја прашам дали е сигурен/на? Дали е навистина така среќен/на? Па ако одговори потврдно, само силно ќе го/ја гушнам. Се ставам јас во ситуација сега ако би била геј, како ќе ми биде да имам целосна поддршка од моите, а како ќе ми биде да ме избркаат од дома и да се срамат од мене...Мислам дека во вториот случај ќе се уништам целосно. Замислувам реакција на некои строги родители: - Како не ти е срам? Ти си ѓубре...Ти си најголема грешка што сме ја направиле...Ти си безвреден/на. Се ежам. Може и до самоубисто да дојде работата....А некои никако да сфатат дека тоа не е избор, туку така се раѓаш. Не сакам да замислам дека постојат и такви родители.
Никој не спомна како ќе им биде на родителите во тој момент кога би дознале дека своето дете е хомосексуалец. Ако може гејот да се самоубие тогаш може и родителот да доживее срцев удар нели? За ова никој не размисли.
Значи да заклучиме: напредниот бран прифаќа хомосексуалци, ама не и нискоинтелигентни деца. Абе, шо стана со безрезервната љубов? Шо стана со немањето очекувања? И пак онаа - пазете што зборувате, не знаете што ќе ви дојде. Може да излезе и мрза, и да нема склоност кон учење, и да стане дел од 'лошо' друштво што бега од часови, па какви сакате книги купувајте му. Родителот мотивира, но не принудува. Да не се лажеме, очекувања и надежи секој родител има. Разликата е во тоа како реагираат кога детето отстапува од нив. Некои реагираат со прифаќање и оставање на детето да оди по својот пат, други со безрезервна поддршка и веење знамиња на паради, трети со ужасни реакции. Тие третите реакции, би сакала да ги нема.
Ќе го прифатам такво, сепак не прави лошо никому. Ќе го подржам во секоја негова одлука, сѐ додека тоа го прави среќен. Спојлер Овде се дискурираше и зошто една личност е геј. Колку што јас имам познавања, не би требало да е генетска мутација, или вродена, зошто во тој случај би бил физички проблем, би било тоа запишано во неговите гени и би се открило преку гените. Така да, не е логично гени и хромозоми да играат улога. А и не знам дали од самото раѓање се вакви. Сексуалноста има врска со хормоните, но многу често е само психологија, а таа не е развиена со самото раѓање. Мое мислење е дека се развива во првите неколку години, независно од воспитувањето или надворешни фактори.
Може слободно да си ги собере куферите и очи да не му видам. Ама со сигурност знам дека моето дете нема да биде геј. Од мали нозе ќе биде религиозно воспитан, ќе ги почитува Божјите заповеди и вистинските вредности во животот.
Ќе кажам за мојата ситуација. Јас им признав уште пред некое време. Мислам дека и си претпоставуваа, ама чекаа од мене да го слушнат тоа. Ќе рече некој, браво за храброста. Јас тука не гледам некаква посебна храброст, сексуална ориентација е, тоа сум јас, нема зошто да се кријам и цврсто стојам зад тоа. Им кажав дека имам партнерка, за сериозно. Ќе излажам ако речам дека на моите им беше сеедно, знам дека не им беше кога им кажав, едно време ја избегнуваа темата, но сега ситуацијата е подобра. Добив коментар од татко ми дека на него му е важна само мојата среќа, и дека верува дека ќе ја пронајдам среќата еден ден. Моите не се воопшто конзервативни, баш напротив, ама со ова некако ги збунив.
@Lilit Зошто шега? Родителите треба навремено да си ги воспитат своите деца, да ги воспитат да ги почитуваат вистинските вредности во животот и Божјите заповеди. Зошто децата да ги следат западните трендови, само за да бидат модерни?
Добро еве полнолетно дете и да го избркаш и да се откажеш од него ќе се снајде да речеме. Иако не го оправдувам во ни еден случај. Ама ако дете од 15+ години ви каже дека е геј што ќе направите? Затоа што многу често од мали се свесни за својата сексуална ориентација Зарем и тоа дете би имале срце да го избркате?
@carangigia Религиозно воспитан и се ми текнува на српската емисија, бивш свештеник кога раскажуваше што се случува низ парохиите, дека главниот отец и таквите како него организираат хомосексуални оргии во нивните скромни палати. И не само обичен трач, туку всушност имаше и снимки како докази од сето тоа. Факт дека едно проповедаат, а сосема трето во приватен живот, а како докази беа земени бидејќи во оргиите биле вклучени и малолетници што автоматски станува случај на педофилија. Така да, не знам кој попрво се залетал по трендовите, така да ги наречеме. Енивејс, да не забегам многу од темата, детето треба да го учите да биде добро и на љубов и позитивни нешта, а не утре да бидете фактор за неговата несреќа, особено за работа која реално, не е ваша лична работа (неговата сексуална ориентација) и на која не може да влијаете. Тоа не е проблем да се решава. Точно дека не е лесно да се прифати, ама родителите што паѓаат во несвест, сигурно во 95% од случаите при соопштувањето прва мисла им била што ќе кажат комшиите, роднините и околините, а не ја уствари толку перцепираат ситуацијата на детето