Не најдов ваква тема ако случајно имат може да ме префрлите. Не сум мајка но сум сретнала кај некои кои неможаат да го пребола кога ќе го закопаш со свои раце на твоето дете и немат назад но две три години поминати се уште неможа да се смираат и да продолжи со својот живот за други свои деца и незнам како да им помогнам тешко ми е... итн.. Како се справите мајки? Знам дека не е лесно :/
Не сум мајка.Но сепак знам дека за една мајка најтешко е да го изгуби своето дете.Мајка ми постојано вели дека тоа е најголемата казна за еден родител.Не посакувам такво нешто на никого.
Јас мислам дека ќе полудам. Сега имам едно дете второто е на пат ама за првото секогаш ми се тресат нозете кога не е дома а недај боже па да знам дека нешто му се случило. На работа кога одам душа ми излага што го оставам дома мада знам не е само има кој да го чува. А па недај боже да го изгубам. А една тетка на маж ми си го изгуби синот на 21година. Жената после тоа повеќе беше вболница одколку дома. Скрос се губеше,со време успеа само да ја прифати ситуацијата. Имав и јас случај,тешка сообраќајна незгода мајка ми издржа дур се опоравував не помина многу време доживеа мозочен удар. Многу често се обвинував како јас да сум одговорна за тоа,а реално сепак сум.
Најтешкото нешто за еден родител , независно дали е татко или мајка , е да го изгуби чедото . Имам ситуација во семејството , каде мајката ја загубила ќерката која имала 18 години . Ова се случило на сестра на дедо ми ( одамна ) и тогаш медицината не можела да открие од што починало девојчето . Случајот е заклучен како " срцев удар предизвикан од преголема возбуда " . Свекрва ми изгубила еден син , кој требало да биде година ипол помал од маж ми . За малку и самата ќе умрела . Добила труење на крвот , поради ембрионот кој што веќе бил во фаза на распаѓање во утробата . Ден денес кога кажува за бебето , вели " ее да се родеше и тоа здраво и право , сега ***** ќе имаше брат , ќе си помагаа за све " . Јас како мајка , не можам ни да замислам како би ми било . Се тресам секогаш кога се болни , кога не сакаат да јадат , кога ги боли нешто , кога ќе паднат во дворот ..
Мислам дека ниеден родител не може да преболи да изгуби дете. Едноставно не е природно да си закопаш дете. Не би сакала ни да замислам како би се чувствувала. И да се затвориш во себе, и да тагуваш, и да одиш на гробишта секој ден, се е разбирливо. Не знам дали има начин да се справиш со тоа. Единствено што не оправдувам е доколку има и други деца, тие потоа да се запоставуваат. Знам неколку примери каде едно дете починало, и родителите од гробишта не излегуваат и буквално не се радуваат на другото дете. Имам роднини кои изгубија ќерка зошто имаше леукемија, 10тина години откако почина не станаа да играат на матурата на синот зошто сеуште тагувале. Верувам дека таа болка не се споредува со ништо на светот, ама ако имаш за што да живееш треба да се обидеш барем. Починатите никој не ги враќа, а на живите секогаш ќе им требаат најблиските.
Баба ми на 83 години ја изгуби ќерката и и е претешко, а не можам да замислам како им е на помлади родители. Тоа е болка што не претстанува. Имам приметено дека кај родители кои имаат друго дете некако повеќе успеваат да продолжат колку толку со животот и да се борат за да бидат тука за другото дете. Баба ми да немаше за што да живее мислам дека од жал и тага по тетка ми до сега ќе умреше.
И јас имам една другарка што почина од рак на 18 години. Иако поминаа веќе 8 години болката не поминува. Родителите се уште жалат за изгубенито чедо. Баба и и дедо и се превркнаа по неа, дедо и пред некоја година почина ете од жал. Едната сестра ќе прави свадба сега во август. Животот оди понатаму.. Колку и да зборам сега и да бидам толку упорна дека ќе продолжам напред после се.. Незнам дали и јас ќе бидам силна и ќе продолжам напред.. Самиот родител си знае како живее со болката.
Темава Богдачува. Да разберам некој кој го изгубил своето дете да сака да отвори тема и да зборува, што мака имате вие па да зборите во туѓи имиња? Приказни искористувате од пријатели, роднини и познаници...за што? Па прашањето -како ќе се справите? Кој размислува за тоа и кој знае како ќе се справи? Ај клуч и разлаз по дома.
Знаев дека ќе изреагираш вака, правилно. Па и во општи дискусии ја отвориле. Чиниш за ланскиот снег ќе збориме
Ако не ти се допаѓа темата може да се тргнеш и да ги оставиш на мира, нека коментираа а сите знаеме дека е болно многу но прашањето е како се справите? Некој се обидува да се самоуништува а некој продолжува со својот живот но затоа наместо да коментираа како се справаат родителите иако знаеме дека не се океј. Мајките можи и да си коментираа да си дадат подршка и дека не се единствени и тука немат потреба негативни коментари а админи можат и слободно да ја избриши темата ако не сум во право . Благодарам на разбирањето
Јас дури ни прашањево не го разбирам. Насловот го корегирале гледам, ама пак не ми е јасно прашањево. Колку треба да Spoiler: немаш попаметна работа си (не)токму за да размислуваш за смртта на свое дете и што после тоа, доколку нема никаква индикација за истото? Башка што во воведот пишува нешто сосем друго, дека членката не знае како да им помогне на луѓе кои загубиле свое дете. Стварно ми нема смисла темава и мене. Ај да беше за дали сме свесни за опасностите кои може да доведат до вакво нешто, не дај Боже, ама ова ми е некако многу језиво и неразбирливо.
Dobro bre,ti normalna si so temava?Izvini, si izgubila dete, pa sto otvoras vakva tema ili onaka si ja otvori? Znaci navistina se potresov koga go procitav naslovot na temava.
Ова од досада некој што нема деца се замара со што ако добие дете и го изгуби!? Да имавте некои јаки амбиции у животот немаше ни кроз ум да ви пројде ова.
Зарем некој на здраво право дете размислува што ќе прави ако го изгуби? Бог да чува темава К Л У Ч До таа што ја отворила - пишуваш дека не си мајка па потоа пишуваш дека знаеш дека не е лесно. Од каде знаеш?
Добро де што го нападнавте девојчето,гледате дека бара мислења од некој што се соочил со ова (малку морбидно додуша),можеби у блиска околина ѝ се има десено па да знае како да им пријде,на кој начин...
Не. Не ни има деца. А ни тие што одговориле немаат. И после ќе речат дека е исто да немаш дете и да имаш.
Не секој може да се изразува ко мене и тебе(не дека ние сме најпаметни) ама не глеам причини зошто вака да ја напаѓате..