Па не само родител, еве јас не сум родител ама никогаш не сум помислила на ова. Што би било, кога би било . . .
А извинете членки, многу ме напаѓате со негативни коментари, јас кажав погоре ако постои таква тема може да ме префрлите или да се однесе во канта само тоа може админот. Друго, можеби незнам да напишам тема во наслов ама знам дека имаат доста членки што ќе ме разбираат. Не сум мајка али сум видела и тоа во блиски роднини. Секој ден да ти збори и плачи за кое дете го закопа и таа се обидува да се самоубие што и да е и барам мајки да коментираа како се справаа бидејќи ја незнам што да и вратам а камоли да и помогнам. Знам дека мајките им е тешко одвај одаат напред во животот ама пак некој се самоубиваа, имат различни мајки кои можи да си коментираа за некој совет кои може да им се помогне ако сакаа. Можеби тука неможи да се помогни ниту психијатар нити друг ама барем постои нешто да може да си го живее животот , имат и свои деца освен тој што го изгуби. И дај не напаѓате со негативни коментари како што кажав тука е админот да се однесе канта или не а вие може да си одите на друга тема . И до мајки извинете ако нешто ве повредив не е намерно. И пред се сочуство до мајки и на други не ви посакувам тоа да ви се случи, недајбоже!
Ова е иако крајно непријатно, сепак важно прашање за кое најчесто се одбегнува да се подразмисли. Смртта е составен дел од човековиот престој на планетава, исто како и раѓањето. Голем број луѓе размислуваат што би правеле кога еден ден би имале деца, но никој или речиси никој не сака да помисли на суровата реалност дека понекогаш се случува родителот да го испраќа детето, наместо обратно каков што би бил редот. Но при размислување на ова тема неопходно е да се вклучат и други прашања: - Од каде доаѓаме - кон каде одиме? - Има ли живот пред раѓањето и живот после смртта? - Дали сме ние луѓето само нашето физичко тело или имаме и бесмртна душа? - Што е смислата на нашето патешествие на земјата? Вистинските одговори на овие прашања би можеле да олеснат многу нешто. Кој сака, можеби ќе ги најде во понекоја добра духовна книга. Spoiler За мене тоа се книгите на Универзален живот кои содржат информации примени директно од духовно-божествените светови Јас немам деца, мислам дека би пишувал напразно. Но за оваа тема отворено разговарав со оние кои имаат - моите родители. Скраја да е. Не знаат како би се справиле, но свесни се дека животот би морал да продолжи. Расчистивме неколку работи кои за кои би било невозможно да се разговара откако некој е починат. Точно е дека не може да се разговара ниту со премногу мали деца, но сепак не сум толку мал. Дојдовме до следните заклучоци: не сакам од мене да се вадат органи ниту за медицински цели ниту за научни цели, бидејќи не ја одобрувам трансплантацијата на органи поради духовни причини и причината дека на тој начин реално и долгорочно не може да им се помогне на другите луѓе. Не членувам во цркви, оттаму не сакам свештено лице да врши било какви церемонии за време на погребот, за мене тие не се посредници помеѓу човека и Бога. Погребот да се изведе според можностите, а не според традицијата. Да не дозволат обичаите да им го отежнуваат животот. На човека му се помага и се почитува додека е жив , т.е. каква корист носење црнила, од луксузни сандаци и скапи надгорбни споменици - само трошок и ангажман за живите! Треба ли тие да цркнат од глад само за да мене ми искажат „чест„? Јас верувам во Христос кој додека чекорел како Исус по Земјава подучувал по смисла: Оставете ги мртвите да си ги закопуваат своите мртви, а вие дојдете и следете ме Мене. п.с. За мотивите на феминката зошто ја отвоирла темава не можам да коментирам бидејќи не ми се познати. Но тема како тема, колку и да звучи непријатна, ценам дека е важна. Не во смисла дека треба да биде некому опсесија туку можеби повремено да се подразмисли дека допира реална можност со која луѓето повремено се среќаваат. Насловот евентуално би можел да се коригира како што некоја од феминките предложи, но доколку не ви се допаѓа темата, не ја коментирајте, бидете свесни дека се наоѓате на форум а не во желботека.
И јас имав братучед кој што беше единец22 годишен (предходно имал и мала сестричка која починала кога имала 4 години)... почина во собрајкајка , неговите се да не си им во кожа ... психички се изгубени, не бараат никаква лекарска помош , само за самоубивства зборат , ништо не им е мило (плукаат по господ) , за неговиот роденден прават торта , кифли салати и све за род. и му одат на гроб .... мислам полошо нешто од ова не постои ...плукнете си во пазуви ...