... доколку сте биле од спротивниот пол? Т.е бидејќи овде сме повеќето женски, како ќе сте се викале ако сте биле машко. Сигурно родителите ви споменале некогаш Јас ако сум била машко Милко ќе ме крстеле Подобро што не сум
За женско ме планирале зошто имам постар брат, така што воопшто машки имиња не доаѓале во предвид. А и ова што го имам ми го смислиле откако сум се родила .
Не знам, мислам дека и очекувале женско, бидејќи, како и Ариел и јас имам постар брат. Ама верувам дека ќе ми даделе некое име како Дамјан или Александар знам дека тие имиња и се допаѓаат на мајка ми.
Знаеле дека сум женско, требало да се викам Кристина, а сестра ми да се вика Ирена, ама кога се родила сестра ми и направиле стариве проблем за името на мајка ми , па како некој компромис сестра ми добила друго име , а мене ме крстиле Ирена
за мене знеле дека сеум женско и не планирале машки имиња ама знам за брат ми требаше да биде женско и да се вика стефанија!!!
Не ми спомнале како би се викала да сум машко . Знам дека баба ми сакала да се викам Ратка или Теодора . Супер ми е името , и не сакам да си го менувам .
Наместо Сашка ќе бев Сашко Инаку крстена сум по некој умрен братучед на татко ми шо не го ни познавам
Мислам дека знаеле дека ќе сум женче. Во обзир доаѓало името Леа. На крај татко ми рекол - ама ние ќе имаме бебе, не кутре!
Моите не ни размислувале за машко име, затоа што знаеле дека ако сум машко ќе се викам Александар, поради дедо ми.
Додека мајка ми била бремена цело време и викале дека сум машко и брат ми сакал Александар да се викам и тоа било,а од кога сум се родила мајка ми го пратила татко ми и чичко ми и уште еден кај кумот по имиња ама татко ми бидејќи е ќутлив и не му кажал што се договориле од дома и дури во црква за крштевка така ме запишале по сегашново име и кога се вратиле со ливчето имало имиња:Петранка,Петра,Пепита бидејќи се ближел петровден но како и да е ништо од тој бизнис