Татко ми сакал да сум женско а мајка ми машко.. значи сепак испаднало по желбата на татко ми.. а за имиња.. не знам. мислам дека немале смислено..но се знаело дека ако бидам женско по баба ми.. ( Како некоја традиција демек тоа било.. ) А ако бидам машко по дедо ми.. - БРАНКО Инаку да.. воопшто не си го сакам моето име.. и пред 2-3 години размислував и да си го сменам.. ама ништо од тоа.
Не знам , ама да ме прашале мене би рекла Андреј . Инаку имало многу имиња кои сакале да ми ги стават.. Камелиа, Амелиа, Меланиа, Ана Марија...
баба ми сакала натали, мајка ми ангела, сестра ми андреа, ама на крај татко ми се избацил со неговата идеја и не му било гајле него му се свиѓало и ете ме -.- во секој случај ФАЛА тато, подобро овоа него натали или ангела, едино на сестра ми идејата била подобра варијанта од моево сега, ама ајде не е толку лошо
Ако сум била машко требало Горазд да се викам. Баш ми е убаво именцево А мајка ми за женско име сакала Киријана, на дедо ми Кирил. Ама си ги добив последните 4 букви од саканото име на мама
сум си имала 4 предложени имиња од кои најубаво било моево и тоа ми го дале фала ви кумови и остала фамилија башка и уникатно ми е заедно со презимето А останатите три имиња се : Ивана Теодора Раткица Пред извесно време дознав дека и мајка ми имала свои омилени имиња што само она си ги знаела, ама незнам од кои причини не се изјаснила на времето На мајка ми имињата : Наталија Моника Христина (и боље што не ги предложила,од сите наведени моево највише си го сакам )
Ваљда женско ме планирале оти иам постар брат Инаку брат ми сакал да севикам Памела и коа ќе го прашале а ако е машко бебето како ќе се вика тој пак Памела
Моите решиле да се викам Емилија, и на пат од болница до дома, на некои 5 минути од дома решиле дека би било подобро да се викам како што се викам сега, па се јавиле во болница да го сменат. А мајка ми прво сакала да се викам Ефимија, ама си премолчела Едит: ц.ц.ц.ц како можев да заборавам... Баба ми не сакала да ме крстат по неа Марија, ама затоа пак нејзиниот брат сакал да ме крстат по нивната мајка Славка или Славјанка
ќе се викав можеби Вероника...или пак Варвара ? не, не сакале и Марија да ме крстат и на крај Исидора...а сега си иам име кое не е нити едно од горе наведениве
мајка ми сакала да се викам Викторија, ама татко ми несакал затоа што познавал некоја жена по име Викторија која му била антипатична, па несакал неговата ќерка да го носи нејзиното име а името е баш убаво
Татко ми ми кажа дека ако сум била машко Борче,ама им кажале дека ќе имаат женско и мајка ми смислила Памела ама тато не и дал и сега си имам најубавоо
Циркуси живи биле.Мислеле дека ќе се роди машко ,па кумот ни 5 ни 6 рекол:Миќо. Ама се родило женско и кумот ми го дал името по една негова екс девојка(ме чуди како кумата се сложила)која била на времето ептен убава,а мислам дека има и некоја титула на мис за време на бивша Југославија. Како и да е ,јас си го сакам името и баш ми е онака sexy.
Ме изнасмеа. Инаку сум требала да се викам Бојана ама мајка ми се премислила и ми го дала ова име кое го носам
Мислам дека прашањето е како ќе сме се викале, доколку сме машко... Јас би се викала Кристијан, но ете, женско сум па ме крстиле Кристина Иначе би сакала да се викам Габриела.. Преубаво име
Не знам како планирале моите да ме крстат доколку сум се родела како машко, но знам дека се мислеле меѓу името што го носам сега и Викторија, и победило ова првото