Лела или Лукреција! Со мајка ми во класот, учеле две близначки-биле многу убави па мајка ми рекла дека ако еден ден има женско дете тогаш ќе се вика или Лела или Лукреција. Кога сум се родила, веќе ме крстиле со татко ми Лела, ама баба ми одма го кренала носот и ајде како неа се викам! А да бев машко ќе се викав Кристијан, на мајка ми омиленото име!
Изабела или Катерина но на крај се одлучиле за моето име. Но повеќе би сакала да сум се викала Изабела.
Ако сум била машко ваљда ќе ме крстиле по дедо ми Панче.Инаку мајка ми сакала да ме крсти Никица или Вирџинија,среќа татко ми ја предомислил па сега си го носам најубавото име
Бојан ќе бев (огромен ќеф на мајка ми). И еве имам помал брат, но зошто не е крстен така немам поим. Аааааааааа знам - зашто него го планирале девојче, па од женската варијанта на името, сега неговото е токму такво (и пак збунка: зошто не се викам Бојана ) хахах
Васка. На мајка ми имево и било многу фенси, ама кога ми кажа не знаев дал да се смеам, дал да фатам да плачам. Толку ужасно име (со извинение до оние што се викаат така ), не сум сретнала. Се римува со пола зборови од македонскиов ни јазик, шмек нула! Ама, Спојлер (пресреќна сум што ставам ама ) тука нешто кумовите се побуниле, па сум го добила денешново име. Фала ви луѓе, ме спасивте! Васка! Мамо бе
Meне за малце Донче ќе ме крстеле Една баба од Скопје што и е кума на мајка ми и рекла јас така да се викам оти нејзината кума се викала така. Мајка ми и објаснувала дека тоа не е име за мало дете, некое помодерно да ми ставеле. Оваа ептен се запнала ама мајк ами си останала на своето . И затоа се викам како што сака таа , по една цимерка нејзина од времето . А таа бабата и ден денеска мисли дека Донче се викам
Ива ... Ми се допаѓа името, но сепак многу си го сакам моето име и мило ми е што не ме крстиле поинаку
Ќе сум се викала Ленче, кумот запнал Ленче па Ленче ама нормално татко ми паметен чоек рекол не, и сега си го имам најубавото именце инаку да сум била машко Филип ќе ме крстеле, мајка ми го обожава имево.
Татко ми сакал Галена да се викам. Ама мајка ми го премислила и сега се викам вака како што се викам. Најубаво име си имам и најнеобично
Љупка или Марија. лол боље што баба ги премислила -за првото име, а марија незнам зошто не ми стаиле. хах, ама името сега што ми е ми е најубаво и највеќе си го сакам фала тете за именцево
Моите биле 100% сигурни дека ќе сум машко, па сум требала да се викам Александар. Ама ги зафркнавв ситее! После кумот кажал Добрица, Ратка и сл смешни имиња, ама милата моја сестричка ме спасила и сега се гордеам со моево најјако име!
Мајка ми сакала Наташа или Касандра но тетин ми во последен момент му дојде да ми стават Рафаела и незнам како мајка ми се согласи некако хахаха ме спаси
Вита -на латински јазик значи живот. Ама на мајка ми името и делувало некако цигански па за моја среќа го одбрале името што го носам, што и не е толку лошо, ретко и оригинално е и се преведува на сите јазици на светот Инаку, денес мислам дека Вита совршено би ми одговарало - го сакам животот и го живеам цигански - обожавам да го живеам животот ден за ден не размислувајќи за утре ако денес ми е убаво, сакам музика, веселби и ведро небо
Требало да се викам Андреа на дедо ми, ама пошто сум се родила на Св.Наум по некоја логика сакале да ме крстат Наумка и ќе си ме осакатеа за цел живот. Арно се побунила некоја роднина, дека таа имала керка со тоа име, па да ми стават некое поново. И по желба на мајками сум Ивана.
За мене се мислело дека ќе сум машко. И бидејќи сум во близина на Св.Стефан сакале да ме крстат Стефан. Арно ама сум ги зафркнала сите и на крајот имево ми го дала баба ми која се мислела помеѓу Симона или моево. Инаку ако гледале според верскиот календар ќе сум се викала Анисија или Теодора