Ива ама баба ми мислела дека звучи машки, т.е. наликува на Иван, па ме крстиле поинаку и многу поубаво
Ќе сум се викала Митра бидејќи сум родена ден пред Митровден. Ама некој од моите нејќел најверојатно, па не ме крстиле така.
Прво требало да се викам Анастасија тоа било предлог на кумот ....Па после таткоми сакал Весна и детс ит. А ако сум била машко сакале Здравко да ме крстат -.-
Кумовите дале доста чудни предлози меѓу кои и Рафаела (прво било напишано и тогаш сметале дека првото било желба на кумовите а другите ради реда ) и најверојатно така ќе сум се викала. Ама фала им на мама и тато што го одбрале второто Многу си го сакам името, православно христијанско, не е често па секоја втора така да се вика ниту пак некое чудно. Ептен ми е по мерак
Taте сакал Елена, ама во меѓувреме се родила братучетка ми која ја крстиле Елена, и за да не бидеме двете со исто име и презиме во една фамилија, ме крстиле по желбата на мама. Штета.
Михаела..Ангела..Марија..Елеонора..Емилија.. ..ама никое од ова име не ми го ставиле.. .за среќа.. си го обожавам името
Вероника , Вирџинија или Валерија.. ама ова Вирџинија ми е најубаво штета татко ми рекол дека е ногу странско името
У, ла, ла. Сега зборев со мајка ми баш за имињава, па да ги запишам дури не сум ги заборавила. За мене нема уште кој не дал предлог, па се насобрале: Бојана, Викторија, Теодора, Драгана, Миона(?!), Ања или Вања , Бјанка (хирови на тетка ми), Мартина/Марта и моево. Уште Спајдермен фалело да го предложат.
Мајка ми сакала Маја или Мила... а според денот кога сум родена можело и Исидора... ама на крајот испадна сосем шесто име по желбата на татко ми...