Моиве не знаеле дека ќе бидам женско, но и сегашново име го „измислиле“ (кумот тоа) откако сум се родила
Јас не знам за машко како ќе сум се викала, зашто знаеле дека сум женско. А други имиња кои би можеле да ми ги дадат биле кратки имиња како: Ема, Ана, Ева, затоа што мајка ми сакала такви. Ама им текнало дека и моето име (Ангела) можеле да го напраат некако кратко како Ане.. И сеа моите ме викаат Ане а другарите различно
За мене знаеле дека сум женско и во списокот имало Мартина, Наташа, Милена.. мајка ми сакала Наташа, ама ништо затоа што не знам кој од фамилија рекол да се викам по баба ми.. и така и ме крстиле по неа! А иначе требало Наташа !!
Да сум била машко знам дека ќе сум се викала Горазд, Дарјан или Лука... на мајка ми омилените имиња... али сум ја за****а и сум излегла женско хухуху
Кај мене скоро сите имале различно мислење Кумот- Теодора Мама- Елена Баба- Слаѓана Тато, баба,кумата,дедо итн. Маја и така и ме крстијаа
Mајка ми сакала Александар да ме крсти по дедо ми и бидејќи имам прва братучедка што се вика Александра и не сакале да ме крстат Александра ,па кумот ми го дал името,моите не се бунеле и после 2год коа се родил брат ми го крстиле Александар
Александар, Дарко, Јован... А иначе.. Од ко сум се родила женски имиња што биле во игра: Сара, Клара, Емануела, Марија, Јована.. Ама испадна сосема 10то
А бе абер немале дали ќе сум женско или машко, ама ако сум била машко сигурно ќе сум била Гоце или Благојче ФАААЛАААА БОООГУУУУ што сум женско А инаку за малку ќе сум била Кети, ама си имамм поубава наша варијанта, Катерина
и моиве знаеле дека ќе сум девојче .. татко ми сакал по баба ми Роза или по прабабата Зоја, но мама е од тие помодерните и сакала да сум Стефанија(како сега што сум) или Тијана
мајка ми сакала да ме крсти по двете баби или по прабаба ми пошто била жива кога сум се родила ама фала му на Господ овие моиве баби моредни жени да ти биле и никако не прифаќале да се викам по нив,на крај ме крстила прабаба ми а и + денот ми е таков и никој не се бунел