Машки имиња воопшто не ми ставале зошто ме планирале за женско дека имам постар брат иначе сакале да ме викаат марија маријана или јана
Јас сум пребала да се викам Маријана така сакала мајка ми, но татко ми друго име му се свиѓало и сега се викам така, а и убаво ми е
Знаеле дека сум женско Инаку татко ми сакал Сања а мама Кристина,а кумот ги рекол овие две и Тијана,Јасмина...
Бидејќи сум близначка со брат ми па кумот дал повеќе предлози Михаил и Михаела, Јован и Јована, Милан и Милена, Сашко и Сашка, Александар и Александра, Јане и Јана и не биднало никое од овие, бидејќи мајка ми подруго сакала.
требало да се викам Тамара ама сестра ми не сакала,им рекла ќе ја викаат тарана и мајка ми си помислила да не викаат некое довојче кај неа во градинка тарана па затоа сестра ми не сакала (а уствари нема врска тоа) и коа бев мала името Тамара многу ми се свиѓаше и се нервирав зошто така не ме крстиле и ги терав дома Тамара да ме викаат а сега си викам подобро што не ме крстиле Тамара..сепак името ми е нормално не е некое шкљ
Ако сум била машко ќе сум се викала Атанас затоа што дедо ми се вика Атанас. Но, баба ми се вика Ленка и затоа јас се викам Елена.
не знам за машко име пошто чекале да се родам па тогаш мислеле име хаха ианле требало Наталија како баба ми моја омилена ама нишо од тоа
Пред да дознаат дека сум девојче, моите планирале да ме крстат Џорџ - по дедо ми Ѓорѓи и фала богу што не сум машко Инаку, родена сум на Духовден, и откако сум се родила мајка ми сакала да ме крсти Душица, ама баба и набила у глава дека сите ќе ме викаат Душка (мајка ми го мрази тоа име) па така мама ме крстила по некоја жена која исто така била бремена и биле заедно у соба
Соња требало,ама во последно се преправило,и подобро не ми е убаво воопшто името соња фала богу што ми дале друго име
Да бев машко ќе сум се викала Никола. Убаво е името ама кога го кратат на Коле и Кољо ми се повраќа . А прво ќе сум се викала Миа оти на мајка ми и се допаѓало името, но на татко ми не му се допаѓало и се договориле да се викам Мила. Скоро е исто како на баба ми, но таа несакала да се викам како неа и го промениле малку и еве ме сега со моето име
Требало Марија, ама братучеда ми се родила пред мене и нејзе ја крстиле Марија. Поубаво што се родила пред мене, повеќе си го сакам моето име