Мајка ми не знаела кој пол бебенце носи, па ако сум била машко веројатно ќе сум се викала Петар... инаку, други женски имиња кои доаѓале во предвид биле Ана и Јана. Како и да беше, немаше да сум оштетена си велам
Тaткo ми сaкaл Југoслaв, бидејќи сум рoден нa рoденденoт нa Југoслaвијa. Мaлку им фaлелo дa ми гo упрoпaстaт живoтoт...
Мајка ми сакала Калина, татко ми - Кристина или Тамара, баба - Марија, дедо - Симона или Маја, тета - Илина
За малку ќе ме крстеле Борка по дедо ми. И сега секогаш кога се нервирам за нешто си викам ќути има и полошо, замисли Борка да се викаше.
Затоа што темава е како ќе сте се викале да сте се роделе како машко, со тешко срце признавам дека ќе сум имала подобро име како машко Александар А другото име кое што било во план како женско, било Марија по името на сестрата на мајка ми која починала како бебе И пак подобро име ќе сум имала него сега...
Пaвлинкa aкo сум бил женскo кaкo сестрa ми Пa мoже Пaвле дa ме крстеле (нејзинoтo име у мaшки рoд) шo не би ми се свиѓaлo
Мајка ми сакала Андреа по брат и т.е вујко ми Андон кој е починат од струен удар пред 30 год. Но татко ми ме пишал Ивана