Да сум била машко најверојатно ке сум се викала Јован...по дедо ми..ама пошто женско не им испаднале плановите..па ајде тоа име на брат ми..кој се родил после мене.. А како женско баба ми сакала да се викам по неа..ама мајка ми не се сложувала..па сосем друго испадна мојто име..највеке си го сакам..
јас да сум била машко ќе сум се викала Ристо односно Ицко по дедо ми ...ама за среќа или несреќа не сум
Мајка ми кога била бремена со мене, немало ехо и по некој си бабински муабети ја убедиле дека носи машко дете. И така со татко ми одлучиле дека бебето ќе се вика Марко(баш убаво име ). Но не испаднало така Значи ќе сум се викала МАРКО.
.....Ивона....... ....Ивана.... ..ама баба ми запнала... ....не..неможе и така си го имам ова долго македонско сега
првин мајка ми сакала да се викам Божана за девојче а ако било машко Симеон ама дедо ми рекол не може ке се вика така градски како што ке речам и сега се викам така..
Не знам како ќе сум се викала да сум била машко А инаку сум можела да се викам Катерина или Сања,ама татко ми го одбрал Јелена.Ама веројатно проади грешка во запишувањето сега се викам Елена
На списокот со имиња од кумот имало Емилија,Ана,Василија(дека сум родена на 15ти јануари 45 мин по полноќ) и името на баба ми што сега го носам.За да ја израдуваат баба ми ме крсите по неа.