Секогаш како и сега Прва радост на мама и тато следува име на дедо Јас сум малку од повозрасните тука сега се помалку важи тоа правило
Марија бил предлог и сите мислеле така ќе се викам. Но, мајка ми одбрала име по нејзина желба, го кажала кога сум се родила и како сакала, така и се викам сега.
Ако бев машко ќе бев Владимир, по дедо ми. Било изненадување кога виделе дека сум женско па ме крстиле на баба ми.
Марија, на бабами марија (на мајками мајка) а сум машко, сликано и земено од болница со розови алишта или грешка или ме сменаја па кузнае што дете и подметнале на мајками
За мене е интересно што немало избор, мајка ми кажала едно име и тоа ми го дале по нејзина желба, немало список, бирање име и слично..
Имало предлог Петкана дека на Петковден родена и Симона на крај испаднало трето име да ме крстат на баба ми
Мајка ми разбрала дека малото кумче велело ќе се викам Марија. Тогаш така било како каже кумот. Вика мајка ми леле кога слушнав ми се стемни, мене не ми е лошо името ама нејзе прва помисла и било дека ќе ме викаат Мара, Маро Вика кога ми кажаа дека не е Марија, моето име и било најубаво на свет. Од кај и текнало тоа, најголема мака, немој Мара да ме викаат