Ако сум била машко ќе сум се викала Влатко, Владо или Владимир - по дедо ми, но дека се родив женско тато сакал да ме крстат по баба ми. И така направиле. Крстена сум по неа, но моето име е малку изменето, не е скрос исто како нејзиното.
Христијан по дедо ми АМа затоашто сум си женска Елена и мисалам дека нема поубаво име од тоа .А за брат ми коа се роди веќе имаше таксано име,Христијан.
Наташа или Љупка-тоа биле желбите на мајка ми! Но татко ми се противил на тие две имиња од многу глупи причини... Инаку името го има добиено по име на позната пејачка (во времето кога сум се родила),за среќа малце ми го промениле и сега си имам име кое си го сакам! Но скоро сите ме викаат на скратено Мина , Минкич , Миничка !
За спротивен пол не знам, но ако сум се родела пола саат пред да сум се родела, фактички да сум се родела на 21, ќе сум се викала Ана Марија. Штета. Баш убаво име.
Мама и тато сакале да се викам Сандра. Кумот им предложил 3 имиња Снежана, Мануела и моево. Го избрале најубавото од 3те.
Мене сакале Моника да ме крстат, по барање на кумовите. Ама сестра ми ја набуцкала работата да ми го стават најгрдото име на светот- Сашка. После мене на кумовите им се роди ќерка и си ја крстија Моника
јас ке сум се викала марина по желба на мама,а татко ми се умешал нешто и се викам некоја верзија на м
Ако сум била машко требало да се викам Горан а ако бидам девојче Афродита ама сестрами и тато кога отишле кај кумовите малце се збркала сестрами( фала богу шо се збркала не би сакала да сум афродита) и место афродита ме крстиле нешо на Р е ај сепак нека е тајна хахахах
Во разговорите за името биле вклучени Марија или Ана Марија биле најактуелни-бидејќи сум родена на Богородица, Цена , Мартина.На крај излегло сосем трето-по баба ми.
Мајками сакала да се викам Тамара но сепак се решиле за моево име кое ми е поубаво и си го сакам повеќе.
Ако сум била машко требало да ме крстат Костадин или Владимир по некојси дедовци а ако бидам женско Јована бидејќи сум родена на Водици,среќа што не се викам така а и поубаво ми е моето име
да сум била машко Филип ќе сум била, ама ништо од бизнисот.... а во опција било и мартина, ама ништо ни од тоа...
Паааа, имало повеќе варијанти за тоа како требало да се викам:Гордана, Маја, Ѓургица, Валентина, Каролина ама ништо од тоа , инаку и сега не ми се допаѓа моето име ама во споредба со овие баш ми е онака најубаво , дали дека е мое