кумот сакал теодора мајка ми теодора и незнам кој други ама татко ми сакал по баба ми и тоа ми го ставиле иако ич не ми се свиѓа ама тоа
Мајка ми сакала Маја, кумот ми е од Полска па запнал за Поља ...фала богу татко ми најпаметен испаднал па ме спасил, посебно од кумот
Тато сакал Ангела , а мама како што се викам ... А ако сум била машко ќе сум се викала Виктор или Бојан
Ја сум требала Ангела зашто сум одма после св.Аранѓел родена. А ако сум била машко Виктор. Ама ништо од тоа
ќе ме крстеле Бранка или Милена,а ако сум била машко Стефан,Благојче,Владимир ама не им се исполни желбата...сега се викам сосем поинаку
Не знам на кој ден точно одлучиле да не се викам Дорис,за да палам свеќа у црква.Името ми го дале по баба ми (т.е. верзија на нејзиното име) и фала богу што ме поштедиле од кучешко име,а ако сум била машко ќе сум се викала Јован или Филип.....Дорис бе,ццц
Оффи нема врска,туку јас викам кој е тој среќен ден кога се решило да не се викам Дорис туку како што си се викам сега,од благодарност да си палам свеќа на тој ден што не ме унаказиле...не ме разбра добро
многу сум среќна што не сум машко зошто ѓорѓи ќе сум била а за женско ѓурѓица или сабрина требало добро е што моите реагирале на време па сосем друго сум испаднала
Знаеле дека ќе бидам женско Инаку сестра ми тетка ми сакале - Биљана Татко ми - Нена .. ( Го обожавам името ) Али пресудна била мајка ми - Читала некоја книга каде главната хероина била ........ па така и ме крстиле
За моето име немале дилеми, така сакала мајка ми и така ме крстила. Ама за сестра ми беше циркуз 5ипол години е помала од мене и јас запнав Моника ќе се вика и точка! А родена е на велигден па и моите и кумовите решија Марија да се вика. Јас од инат ја викав Моника. Сите Марија Марија а јас нее Моника. Се со Моника и се обраќав. Додека не ме испокараа и видов дека нема да се премислат (човече сум мислела дека може да ја прекрстат ако се лутам ) и почнав да ја викам Марија.