Ако бев машко дефинитивно ќе се викав Кристијан. А кога сум се родила женско мајками сакала Лела или Лукреција, татко ми сакал Сандра, дедо ми Симона и на крај ме крстиле по баба ми ...грдосија
Ако бев машко ќе сум се викала Христијан, на мајка ми ептен и се свиѓа имево после тоа на брат ми Ама ништо сум ги зезнала...
Јас сум близначка со брат ми, па така да имало голема дилема што носи мајка ми прво мислеле дека се две машки па сакале моите Дамјан и Јане, па потоа виделe накај 6-7ми месец дека сме машко и девојче и сакале Сашо и Сашка, Александар и Александра, на татко ми омилени имиња му биле Милан и Милена, потоа Кристина и Кристијан, Јован и Јована....и на крај решиле Јане и Јана но дека сум имала прва братучетка по име Јанa и морале да ме крстат Јасмина така да на крај кооонечно се решило Јане и Јасмина.
Мајка ми мн сакала да се викам Моника, ама дедо ми т.е татко и не го сакал тоа име... И името сум го добила по желба на дедо ми
Марија или Марина Фала богу не се викам така,и имам поубаво име од Марија и Марина.Нешто мешано е од тие две,си го неќам ама и не си го мразам веќе,ми се засвиѓа по малце
Околу моето име немало многу двоумења..татко ми убаво си кажал,првото ако е женско ќе се вика........ на баба е,ако е машко.....на дедо е!! Па женско испаднав!!
Мојот кум сакал да се викам Јана но татко ми инсистирал на друго име и тоа и го добив. Додека мојот прадедо сакал да се викам Лаура а мајка ми пак Валерин (моето омилено) . Сите имиња воглавно ми се омилени па дури и ова сегашново. Како и да ме крстеле, немало да погрешат! Love them!