интересни се многу ние дома во кесичките тие ги правиме ама сум експериментирала со тие калапчињата за колачиња
Нашите калапчиња се во облик на мечиња. Одамна се купени, а од каде немам поима стварно. Интересни се овие срцињата, ептен ми се слатки.
Многу од тие што сте ги постирале ги има во L'ADORO - Gifts&Magic. Се наоѓа на улица Максим Горки во Скопје. Еве ги на фејсбук: L'ADORO - Gifts&Magic. Патем, тие гитарчињата ми се омилени и ги меркам долго време
Скапи се..се начекуваат негде и многу поефтини форми. Во Икеа на пример имаше калапи со цветчиња,мечиња и слично за евро и пол
Јас си купив од базаро калапчиња во форма на бананки и лубеници, дечко ми јаболка и малини грозје што и да се и се по 55 ден, а многу се интересни.
Имаме дома од тие во облик на дијаманти ама стварно не знам од каде се купени. Мно гу се интересни, како некое богатство да си плива во чашата.
Сите ми се убави особено овие кај Hipica - Ice screams и Ice kabobs но тие во форма на вилици ми се језиви
Леле сега ќе се активирам да си најдам,многу се убави сите,ептен се штосни и за гости и се,мерак да ти е да си пиеш
користам од кесичките... и сум баш задоволна,сепак интересно е да имаш и во форма кога ќе најдам и јас ќе си купам