Леле ама се интересни! Сакам сакам сакам! Ќе отидам во Џамбо, веројатно има некаква форма поинаква од коцка
Море кој ќе купува нека си земе пластичен калап или калап со капак. Моите немаат, а и гумени се. Додека ги ставам во замрзнувач пола вода ќе ја истурам на страна И минијатура после мразот одма се топи кога ќе го ставам во чаша Имав порано женски со цицки, многу беа добри и тоа прилично големи мразчиња. Појма нема кај ги снема, дали се скршија.... Вака нешто Има добри калапи за мраз во L'ADORO - Gifts&Magic само се малце поскапички штикличкиве ви се 238 денари Врисокот се 323 денари и тоа на попуст... а ги има и другите што ги имате ставено на темава... да не трупам слики
Имам калап за мраз и го употребувам во Зима за да ми биде поладно сокчето или било што друго да пијам, одамна ми е купен.
Си купив во форма на срце Многу се интересни! Имаше и други форми (стапчиња, правоаголници...) ама овие ми беа најфини
Летово си купив од Џамбото еве вакви срциња и калапот е гумен А дома имаме уште 2 калапи со топчиња и еден со квадрати (пластични се и мнооогу стари а сепак функционални)
Лани од одмор си купив едни многу убави калапи во форма на букви,срциња,пеперутки и детелинки.Многу се интересни.А една пријателка на мајка ми од работа ни ма донесело калапи во форма на потпетици и ташнички.Не се од тука. Ама многу се интересни ~. Кога ќе го ставиш мразот во чаша не дека е битно во каква форма ќе биде..а и не се познава нешто посебно..
Јас од кога се токмам да си купам и се не успевам сеа си имам обични коцки Спојлер Еве некој други интересни Спојлер
Eптен се интересни и порано сакав да си купам ама не најдов некој ептен интересни форми и се откажав..Сега кога ја видов темата пак ми се јави љубовта за такви калапчиња...Иначе сега имам најобични калапи (во форма на коцкички)
Јас си имам купено од Икеа вакво и уште едно со форми на ѕвездички. Мислам дека по 1 евро беа. Гумени се.
Ние купуваме кесички едни, сини се... Мене ми се многу по практичкни, затоа што овие во калапиве.. Едно ќе извадиш, 5 ќе летнат у вис. Па иди барај ги позади фрижидер. Имаме две, во форма на јајце, и кругчиња. Ама како што реков, не ги користиме..
Нашите се и за колачи и за коцки мраз Силиконски се и во секакви форми Интересни ми се кога ќе излезат цветови, срциња...
Ние имаме во форма на срциња, а и дека се гумени калапите, многу полесно се вадат мразчињата и се попрактични од оние пластичните. Мислам дека од џамбо ги купивме, ако не се лажам