Калиопи Букле (родена како: Калиопи Буклеска) е познат и истакнат македонски уметник, вокален интерпретатор, композитор и текстописец. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесетите. Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет. Официјална фејс страна: http://www.facebook.com/pages/Kaliopi/11489283394?ref=ts&fref=ts Последната песна од албумот "Мелем": https://www.youtube.com/watch?v=cR5dCW9y5NA Официјален Twitter:https://twitter.com/Kaliopi_KMP
Ми се допаѓаат песните на Калиопи. Одличен настап имаше лани на Евровизија. http://www.youtube.com/watch?v=MSuCdNEy9w0
Калиопи некаде 2000та година ако не се лажам мислам го имашенајдобриот албум. Има и доста добри песни. Но во последните 5 години со нејзините драми за настап на евровизија и вреѓање на македонската публика буквално си ја скрши сликата за себе. Не велам не, настапот и беше нешто најдобро и одлично не претстави...но џабе е се кога претходно нон стоп плукаше.
Кога ќе ми се спомне Калиопи, мене автоматски ми текнува на ,,Најмила'', ,,Месечина'', ,,Дали ме сакаш'' и ред други стари хитови, кои некогаш сум ги знаела до збор на памет, синоним ми е за едно безгрижно време, на рани 2000 години, тогаш кога Кометал освоија европска титула и се пееше Кометал Шампионе. Кога ,,Ако денот ми е ноќ'' ја даваа деноноќно на радио, а јас по милионити пат ја слушав и ми се вртеше спотот низ глава... Нема да ја коментирам како личност, него ја коментирам само од аспект на пејач, пејачиште.
^ Зошто баш добро поминавме со неа на Евровизија? Инаку јас си ја сакам има неколку убави песни кои ми се вртат во паметот како:Бато,Црно и бело и уште некои. Јас си ја сакам и слушам. Немам ништо протв неа. Малку си е полничка ама се е во ред
Калиопи е пејачка со најмоќен глас во Македонија. Прекрасно не претстави на Евровизија и мислам дека заслужено беше избрана за претставник на Македонија.
Има убав глас, убави песни. Но да ја слушам, не и да ја гледам. Како појава ми е одбивна. Со многу кренати акции е. Ми стана уште поодбивна со оној циркус околу евровизија. Со тие закани дека македонската јавност нема да чуе за неа и не знам уште што. А беше јака само на зборови.