Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи повторно ќе нè претставува на Евровизија 2016

Дискусија во 'Музика' започната од MiloMalo, 25 ноември 2015.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Не се ни изненадив од коментариве. Искрено, се издрадував дека повторно таа ќе нè претставува. Ако ништо друго барем нема да се обрукаме, што беше случај лани со Даниел. Сите го претставуваа како нешто вонземско, не знам што, и на крај се виде дека не е ништо посебно.
    Едно нешто не ми е јасно, а тоа е потребата на народот да исполитизира сè живо и диво.
     
    На Victorian, sjdgo, srcence1607 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    А зошто Македонија да иде на Евровизија? И така сме секогаш последни не мора секоја година да повторуваме. Тие пари што се наменети за Евровизија нека направат некој проект на МРТВ, на пример некоја детска емисија или филм (во мое време имаше Дајте музика, Во светот на бајките, Наше маало и сл.).
     
    На Victorian, theowndemon, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Море се нешто не ви чини.... Па кој сакате да оди? Каролина и Калиопи освојуваат подобри места.
    Кога веќе решиле да одиме, убаво им текнало да оди некој нормален, со искуство. А секако ќе бидеме во последните...
     
    На srcence1607 и Dennings им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се изненадувате од негативните коментари, тие се одраз на јавното мислење и секогаш ќе се поделени. Кога веќе ја претставува државата, ред е да кажеме што мислиме. Не е во ред тим од МРТВ да одлучува за претставникот. Кој е тој тим? Дали се реномирани музичари што анализирале јавно мислење и донеле објективна одлука? Дефинитивно не е во ред да се испраќаат истите луѓе повторно и повторно.

    Мислењата се субјективни и се врз основа на вкус. Лично, не преферирам музика што ме прави нервозна. Пее со напор и не можам ни една песна да и’ ислушам до крај. А ако веќе гледаме објективно - се виде успехот на Калиопи со претходниот настап. Не воодушеви некого со тој толку фамозен талент (што го има, но претерано се труди да го нагласи). Сепак, ќе ја слушнам песната и можеби ќе сменам мислење, има простор. :)
     
    На Summerlover и kim.k им се допаѓа ова.
  5. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Прекрасна е жената,среќна сум што ќе не претставува на Евровизија
     
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    A be znaete sho?
    Makedonija kolku da e na redot odit a inaku ne Kaliopi, ne Grujo, ne Dunavka, ne jas- dzabe e- nema pobeda za nas.:mm:
    <>
     
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam Во право си, сè е одраз на вкус. Јас бев наежена цело време додека ја пееше Црно и бело, мене многу ми се допадна.
    Океј е секоја година да има нешто ново, но во понапредните и да речам социјализирани држави. Кај нас, ова е тоа...
    А инаку, ако гледаме објективно, Калиопи влезе во финале во 2012, и зема 11то место, што воопшто не е лошо, како за Македонија. Мислам дека Елена го има рекордот со не знам кое место, ама Калиопи е веднаш по неа. :)
     
    На Victorian, Adi888, srcence1607 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Озбилно има некој што уште прати Евровизија?:D
    Јас гледав до 2010/11 негде, стварно имаше добри песни на времето кои остануваа хитови, и фешти беше целиот фестивал, сега се исполитизирано и глупост до глупост.Единствена добра песна после 2010 е италијанската од оваа година, и од Шведска кога победи со Лорен.Не знам воопшто зашто испраќаме упорно, кога двајца без тројца останаа на естрадава, а и онака испратените песни ни се од катастрофа покатастрофа.
    Певлива, евровизиска ми останала онаа од Тамара со Врчак и Гаџа кога беа, во име на љубовта мислам се викаше.

    Детска евровизија пак, бетер трошење пари без врска, брукање и глупирање, први сме секогаш ама отпозади:D Додуше добри бевме еднаш со Боби Андонов мислам беше и имавме висок пласман, инаку дечкото има стигнато до финале на Австралија има талент.
     
  9. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Оф леле душички.. Никој ли не им кажал дека песничево е хорор.. Греота
     
    На Avery и Juicy им се допаѓа ова.
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Извини вака ама морав да пишам.Кога ќе ми текне на кореографијата на Мартин Вучиќ имам измешани емоции:D Слатко би се смеела да не беше за претставување на Македонија работава, ама вака мене срам ме фаќа:worried:

    Мислам човече оној елементот со прстот у вис,како на гранд песните што играат сељаците, па уште кога ќе дојде до пратечките вокали и сите заедно ќе играат со прстот у вис е тука веќе ми се иде у екранот да пукам што сме пуштиле на евровизија.Башка што пратечкиве вокали ко деца од златно славејче играат едно лево,едно десно.А он нешто се крши, па "их их их јупииии" кога кажа пропаднав и земја:x

    Помина одамна времето кога 2-3 девојки околу тебе да играат се сметаше за креативност, искрено подобро едноставен настап,со доза на класика и умереност и убав глас, откокку вакви глупирања, кога не знаеш да направиш како што треба.Нормално сакам и креативни настапи, убава кореографија ама за тоа да изгледа беспрекорно и професионално немаме ние таква естрада.

    Реално Калиопи убаво не претстави, не памтам гафови со англискиот и друго тресење глупости, убав сценски настап,убава песна, која и ден денес ја слушам, убаво изведена.Таков глас има Калиопи специфичен и мене тоа не ми е дерење, многумина се обиделе да пеат нејзини песни и од таквите 90% ми се дерење.

    Инаку Евровизија не гледам со години, само нашите настапи ги пуштам на you tube да ги видам, во споилер ќе ви ставам линк да се присетите на кореографијата од Мартин Вучиќ, после ова сите што не претставувале мед и млеко ќе ви се чинат:D:D:D
     
    На Victorian, Avery, jovanovska94 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Леле кај го отворив ова со Мартин солзи ми потекоа од смеење :rofl:
     
    На Victorian, Avery, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Во споредба со сите други македонски „ѕвезди“ супер е што таа ќе оди. Ако не друго има глас, гласиште, за такви работи.
    Лани или кога беше со изведбата на црно и бело бев воодушевена од неа. Инаку баш сакав годинава Каролина да биде, да и се дадеше и друга шанса.
     
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Добро сега, се гледа дека Мартин не знае да игра па мора нешто да прави човекот. :D Сакав да кажам дека настапот ми е целосен и онака солиден...ко за нас. :D Нели, нема само еден пејач на сцена кој ќе ја отпее песната и толку. Има барем некаккава си кореографија, плус тој делот кога лупа на тапаните ми е најдобар. А господава што беа во позадина според мене се сувишни.
    Како и да е пак се сведува на тоа дека немаме естрада и ни фали многу. Ама ајде, барем да имаме добра песна за Калиопи.

    Блазе си им на дечките позади се изнагледаа8-|
     
  14. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Што знам јас па ако е за вакво правење, ич нека не ни прави,нека не се брука.Мене целиот настап ми е за сеир гледање... од друга страна па жал ми е што луѓето ќе си мислат за нас и солиден пеач кога ќе отиде и или ќе го облечат катастрофално или ќе му дадат да изведува некои бесни глисти или ќе му направат лоша песна.

    Исто како што Ѓоко не знаеше да збори англиски, па не ни мораше така да се бламира, нека му донесат преведувач,или некој по што знае нека каже на англиски место него, не после вицови да прават на наша сметка. :D
     
    На jovanovska94 и crimson им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.420
    Good choice. Искрено не ни имаме некој голем избор на добри пејачи во нашава држава.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Околу настапите... баш со тие кореографии и шаради се глупираат секоја година. Мартин :D не го ни гледам. Еве една споредба - од сите тие светкања, разголувања и глупости што се случуваат секоја година на MTV music awards, знаете кои настапи остануваат запаметени? Еве ваквите:


    Имаш талент, имаш музика и не ти треба никаква глума тука - се поврзуваш со публиката преку музиката и така доловуваш емоции.

    И друго, ова на 02.25 е баш дерење, во вистинска смисла на зборот. :D

    Океј океј, други не можат така, ама не мора да го прави баш во секоја песна.
     
    Последна измена: 25 ноември 2015
    На theowndemon и Mr. Right им се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Iskreno odamna ne pratam evrovizija nitu znam koj odi nitu koj ne pretstavuva. Se izgubi veke ubavinata na vakvite manifestacii nekako mi go nemaat ona ubavoto ona za sto vredi da se zadrzis pred malite ekrani. Fali fali nesto fali mal sjaj na seta taa izrezirana politika, taka da so sreka koj i da odi nemam nisto protiv kaliopi sekoj so svoja dzvezda i zivotna karma ;)
     
    На marich му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Жал ме фаќа за Калиопи, добра пеачка е, да е во салам држава стално добри албуми ќе прави, концерти во и надвор од државата, легенда ќе е каква што доликува. А не вака да чека Евровизија да дојде и тоа да и е најголемо достигнување во неколку години. Кога последен пат издала албум, слушан е? Се вртат некои нејзини нови песни?
     
    На Mishela и crimson им се допаѓа ова.
  19. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Значи кој и да го пратиме пак сме последно место. Дај МРТВ не трошете пари на глупости. Колку луѓе гледаат евровизија?
     
  20. Dilay

    Dilay Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Единствено што не ми е јасно, е зошто млади таленти ( и те како ги има) не се подржуваат и не се промовираат на вакви настапи? .. и при тоа, да не се испратени преку врски, и поради тоа од која фамилија се.. Е тоа никогаш нема да го сфатам..

    А во секој случај, подобро Калиопи да не претставува... една од ретките е што остана во Македонија, а вреди :)