Ако не и напишат некоја добра песна , пак ништо за финале Мислам дека последниве 8 години како сме на Евровизија само таа успеа да не однесе во финале
Рекордот го имаат четирите девојчиња (незнам како им се викаше групата). Баш имаше емисија на ТВ во врска со нашиот пласман по Евровизии. Па кометнарот беше дека децата пееја најлошо и фалш а највисоко место зедоа.
Нашава држава треба да се одкаже од евровизија. Секоја година истата приказна ни еднаш во финале немаме среќа воопшто,а ни песните не ни се сјајни. Само добра песна треба да се направи а што се однесува до калиопи не ја мразам ама ке видим пто ке направи
Не ја сакам Калиопи како човек ама дека има глас - има. Тука збор да нема. Црно и Бело, мене лично многу ми се допадна и мислам дека можеше да стигне и до врвот ако бевме некоја појака држава. Ама тоа е што е. Па и ако размислам подобро, немаме кој друг да пуштиме
Не знам некоj спомна претходно поубави песни и хитови се вадат во текот на годината, а за ова секогаш jа оплескуваме. Инаку за некое чудо ми се бендисува Калиопи да оди, иако знаеме дека се е политика.
Јас мислам дека треба да се откажеме од учество на овој циркус, да не се брукаме таму, не се сеќавам да некој наш избран претставник не бил без било каков скандал, секоја година има нешто што на секој пејач му остава дамка во пејачката кариера. Но исто мислам дека и понатаму ќе се продолжи вака, нема шанси МРТ да го прекинат ова, а тоа е поради што на овој "проект" се вработени можеби 50 личности и земаат плата, можеби и посебен сектор има баш за еворвизија, па доколку би се откажале од евровизија тие нема што да работаат. Кој знае како е..
Коа више само Вмро-вци праќаме - можеа Тајзи да го пратат. Ќе напраеше некое брзо регетон/латино песниче со згоднине кубанки на сцена. Ќе бевме у први пет - немаше да победиме, али ќе ни се промовираше државава, а и ќе беше радиски и клубски хит.
Знам дека имавме исти поени со друга држава и делевме место, ама не знаев кое, не најдов официјална ранг-листа на интернет, само едно видео кое веројатно не било точно.
Мене Црно и бело ми е омилена македонска евровизиска песна... ствар на вкусови Калиопи е една од најквалитетните наши пејачки, а и достојно нè претстави, без смешни кореографии, брукање околу англискиот и слични гафови. Така да според мене е добар избор, иако се согласувам дека песната треба да се бира на фестивал како порано. А што се тиче Евровизија, отсекогаш сум била страстен фан и сè уште сум, традиција ми е и покрај опаднатиот квалитет и сите циркузи Сепак секоја година има барем 3-4 песни коишто редовно си ги слушам до јули, а и има нови изведувачи што вредат да бидат откриени како што кажа @AnaKarenina. А обавезно секоја година ми се погаѓа една песна со која се опседнувам и напнувам, и искрено повеќе се трескам кога таква квалитетна песна што ми влегла во срце (како италијанската оваа година, лани ерменската и тако даље) нема да победи, отколку што се замарам за фактот на кое место се пласирале нашите и дали уопште влегле во финале Иначе темава пет минути ја барав во музика, мислам дека би требало да се премести во таа категорија
Не е лош изборов за оваа година, но сепак мислам дека Тамара треба да оди со песна од Игор, Калиопи веќе е дежа ву
Иако не сум љубител на песните на Калиопи, со исклучок на две многу ја почитувам како уметник, а пред сè човек. Што се однесува до целава евровизиска исполитизирана фама немам многу што да додадам, освен да се согласам дека нашите обиди за пласман и оваа година ќе бидат бесполезни. Впрочем, навистина не гледам поента во глорификација на исход чиј неуспех бива однапред предвиден. Освен тоа, сиот тој капитал кој и онака го нема одвише во државната каса, може и треба да биде искористен во многу поразумни цели...
Интересно е како сме една од најсиромашните европски земји, ама Евровизија и Детска Евровизија не се пропуштаат, обавезно се учествува Да не умувам многу, мислам дека Калиопи е добар избор затоа што е еден од најдобрите македонски женски вокали, заедно со Каролина Гочева и Тамара Тодевска. Исто така со „Црно и бело“ последен пат влеговме во финале, а и песната ми е личен фаворит од нашите евровизиски. Би сакала да ја видам и Тамара на Евровизија, ама не во дует или како придружен вокал како претходно, туку соло, да и` напишат некоја добра песна, да се раздере
Добар избор е Калиопи. Одлично не претстави на Евровизија 2012 година. Добро ќе биде ако пак и направат добра песна. Така ќе имаме шанси да влеземе во финале, со оглед на тоа што на Евровизија пак ќе учествува цела Екс-Ју.
А па дека ако имаме избор на песна за Евровизија ќе изберат изведувач и песна ние што ја сакаме и што ќе ја изгласа народов. Пак ќе си наместат да победи тој што организаторите наумиле да го пратат (односно тој што ги поткупил). Инаку последниве години не ја следам баш Евровизија така еуфорично, некогаш и заборавам да гледам. Калиопи не е лош вокал ама најубаво е да си се откажеме веќе! Делот со гласањето си е приказна за себе. Делење гласови по комшиска линија, на ти го - дај ми го. Џабе има телефони за гласање. Ние си делевме 12-ка на северниот сосед, сеа последниве години на западниот... да смениме малце де. Еве ви едно интересно видео, американка прв пат гледа Евровизија. Типов си и објасни убаво како иде гласањето.
Калиопи можеби има добар глас и се, ама кога ќе помислам како се откажа од Македонија ми иде да ја згазнам како лебарка! Таа НЕ ЗАСЛУЖУВА да ја претставува земјава, па колку и да сме бедни и мизерни во настапите за Евровизија, таа не би требало да биде број 1 во изборот за преставник..