Миланка не води Евровизија веќе 7 години. Не работи во МТВ. Сега ги води Оскарите. Нејзината продукција ја има откупено лиценцата за настанот.
Мене ми е убава песната. Замерка ми е настапот во видеото, па Калиопи, ако читаш овде , препорачувам на бина да не го допираш стаклениот/невидливиот ѕид пред тебе цело време, под итно да ги изгубиш панталоните со пластична кожа напред, многу лошо ти стојат(ако веќе мораш со тој бајкер имиџ сестро, не вака со тинејџерска работа, земи си вистинска кожа, шиени или барем поправени за тебе за да ти стојат саглам), и да, вентилатор исклучиво од напред да дува при толкави шишки Ако треба нешто друго, пиши
Обично не коментирам за тоа кој не претставува,каква песна итн,кога ќе дојде ред да ја следиме си навивам за нашите и тоа е тоа...А и некако во последно време Евровизија не е тоа тоа. Но сепак,ќе прокоментирам за Калиопи.На мене оваа жена ми изгледа како непостојана во своите одлуки,во она што го зборува. Се сеќавам дека кога сакаа да ја претставуваат Македонија со Наум но не победија, толку беше лута,изнакажа еден куп работи кои по некое време ги погази. Тогаш рече дека повеќе нема да настапува за Македонија,па овој народ не знаел да одбере,па свашта... А еве,после тоа а и се укаже шанса за евровизија веднаш ја граба и бега Толкава желба за евровизија бе Инаку,песната,не ми се допаѓа.Ич.
Добро се има ли оваа изјаснето за што всушност пее, која е Дона, што е? Само да не излезе вистинита претпоставката демек тоа Македонија (нагалено) ќе си збрцам виљушка у око
Не знам дали гледавте Еден на Еден сега последната епизода со Тамара Тодевска, кога таа вика дека кога ја слушнала песната и се допаднала ама не знаела која всушност е Дона, па затоа си помислила дека Калиопи ,која сама го напишала текстот, дека песната ја посветила на нејзиното куче шарпланинец Лона, демек Лона - Дона имало некоја асоцијација. хахахаххаха не е нормална Тамара Инаку наводно разбрав дека Дона е мајката на Калиопи зашто не сум сигурна (од странски служби дознав) ... хахаххахахха
Погледнете ја песната на Русија за овогодинешната евровизија, а не нашата ... не дека е наше па по дифолт да хејтам, ама стварно до кога веќе вака ... ние си живееме според паролата “Битно е да се учествува, не мора да се победи“ ...
Се чудам зошто „нашиве“ сеуште праќаат претставници на Евровизија. Прво што не ми се допаѓа е начинот на кој ја избираат песната. Знае некој како ја избираат? Имаат неколку понудени или ја спремаат преку целата година песната па на крајот ја претставуваат, или можеби има некој друг начин. Доколку веќе праќаме претставник без да има неколку понудени песни па да гласаат луѓето (како што беше порано) нели е подобро песната да се спрема година однапред, отколку вака се набрзина во 3 месеци па после да се разочаруваме зошто не сме влегле. Мое мислење е подобро беше кога имаше гласање, тогаш ако не нешто друго успевавме да влеземе во финале.
Вчера ја слушнав песнава и за жал, морам да кажам дека е ужасна... Колкава разлика има помеѓу оваа песна и Црно и бело ама тоа е.. Македонија секако завршува со лоши резултати на секоја Евровизија, бидејќи нели не се гледа според песните туку се е само политика
Јaс пa не гледaм ништo глупaвo вo тoa Дoнa дa знaчи Мaкедoнијa. Првo песнa е, a не дебaтa зa менувaње нa иметo, премнoгу сериoзнo сте сфaтиле. Плус имa aмерикaнски песни кaде штo Лoс Анџелес или некoј друг грaд е oпишувaн сo другo име. Нo нели вo Америкa тoa звучи кул, a кaј нaс причинa плус зa исмејувaње. И пoсле Мaкедoнијa билa нaзaд. Пa сaмите ние прaвиме дa биде тaкa.
Браво за Русија, браво. Е ова е евровизиска песна со добра кореографија, а не со некојси Дони, есенски лисја и не ти знам што. Ако им биде на Русиве ваква кореографијава и на Евровизија, ќе дотуркаат далеку. До сега ми се фаворит.