На англиски ми е многу поубава, само не ми е за евровизија песната.Нешто што ке ми импресионира и веднаш ке го запомнам тој ритам.Калиопи има способности да направи нешто подобро, но што е тоа е.
Можеби подобро звучи од другите ама пак не ја бива! За прв пат ќе речам нека пее на Макeдонски, не ми се свија ич на англиски. На нашки е сто пати боља! Само да не се расплаче таму! Само тоа! И никако како црна удовица и на ДИЕТА!
Само едно искрено да ве прашам ШТО Е ЕВРОВИЗИСКА ПЕСНА? Дека ве читам не била евровизиска оваа. За мене евровизија е циркус голем, смешен циркус, политика до максимум пред се и нималку не постои евровизиска песна. Како може да има таква формула кога секоја година победува различен тип. Една година победува врискачкa народна песна, после балада, па рок, па метал победи ако ви текнува на страшилата Лорди, па победува денс шпањолски стил, па победува песничка со виолина и бајка, па победува руски лизгач на сцената а песната никој не ја помни, па победува турски чочек... луѓе нема евровизиска песна. Нека и е со среќа на Калиопи ајт, како и да е кај мене си е зацртана како дволично суштество. Да ја потсетам пред 2-3 години си отиде од Македонија зашто не сме ја подржувале за Евровизија и она никад немало веќе да настапува. А денес се топеше како шеќерче, многу не сакала. Јеах
Мене песната ми е преубава! Мислам дека добра песна не сме имале одамна на Евровизија..па Калиопи напред Иако има фактори кои влијаат врз пласирање во Евровизија посебно за нас,сепак песната ме остави без здив.Браво!
Песната си е убава, но не и за на Евросонг. Штета, не ја слушнав англиската верзија. Но, кога ќе размислам, секакви песни се слушнале на евровизијава, од лордите (зарем цела Европа сакаше хеви метал во тој момент?) до минатогодинешните победници (која повеќе ми одговараше да биде во детскиот евросонг.. како птица во лет беше песната..).
Eвровизиска песна според мене е некоја лесна тра ла лајка, која што лесно влага во мозок и уво а другата варијанта е некоја моќна балада у стилот на Mарија и жељко, ама ретко кој може добра балада да прати на евровизија. Mене од сите наши песни Eлена ми беше најдобра, и на англиски најубава и беше песната, оваа песна на Aнглиски врска нема според мене, а за вкусови не се дискутира
Мене ми се свиѓа песната, одма ми влезе во глава, па си ја потпевнувам. И јас мислев нешто како онаа румдумдумдумрум да не биде, ама среќа не е. Баш си е певлива.
Има Роси евровизиска песна, лесна певлива често со празна содржина, ај да не кажам песни глупави лесни! Со исклучок на две три кои победиле! Јас победата на Србија ја гледам од друго поле, ама ај да не мешеама баби и жаби ќе речам дека таа е исклучок. Лорди, оној Австриецот пред години кога се пентереше како мајмун и многу други се сите ШОУ! Нема тука музички квалитет, само кванитет! Јас би да се откажаме не не бива, и што имаме ние од Евровизија, промоција, смешно ми е кога одиме одвај таму со кузнај какви пари и колку малку услови! Нека се прошета како фиш и другите секако тоа им е и на голем дел од нив целата! Фиш кога инаку ќе идеше во Финска! А за оваа лицемеркава не ја коментирам кога Тоше го избраа вака сите сереа, а сега океј е! Пуста завист што ти прави!
За мене песната е феноменална, звучи светски, и мислам дека на англиски подобро звучи, иако текстот на македонски многу ми се допадна. Браво за Калиопи и Ромео!!!
И мене ми е симпатична, не е нешто АУУУООООООООУ, него нормална песна. Фала Богу, не е феноменална како Бато, на пример, ама дека е првата соодветна евровизиска песна во последниве 5-6 години, е. Гуд лак во таму, тоа, Азербејџанот.
Мене ми се допаѓа песната, одамна сме немале ваква добра песна за на евровизија, Убави се и двете верзии на песната, но мене повеќе ми се допадна македонската, некако помоќно ми звучеше. Со среќа да и е, и ајде ова нека биде најдобар пласман на нашата ни мила Македонија до сега.
Дузе,Aзајберџанот е една прекрасна земја, ма горам таму да одам, само за тоа и љубоморам http://www.youtube.com/watch?v=Wj9TKHRs ... re=related алал да и е!
http://www.youtube.com/watch?v=rd5fXbqBolM ^ А, бе, и ние ваму сме прекрасни, небото е плаво, светот е розов, сите на, окезени,ама ние си знаеме како ни е. Се зафркавам, не знам многу за Азербејџан, признавам... Но секогаш ми текнува на тоа шаторот, со наслов Азербејџан Еуросонг 2012.
Пријатно сум изненадена од песната. Не е којзнае колку добра, ама може да се рече дека е една од подобрите што сме ги испратиле на Евровизија.