Песнава е тапа. Ни гласовните можности на Калиопи се истакнати, ниту пак можам да слушнам музика во песнава. Очекував повеќе.
Се согласувам со тебе. Песнава можи на некој начин е добра, но сепак како да и фали нешто. П.С песнава од Софи Маринова дај ми да се отепам. До сега не сум слушнала нешто добро, но очекувам од Жељко.
Немој да се случи да не влезе во финале Калиопи... Ќе има дежа ву -Шмрк шмрк Европа нема да ме види повеќе,се селам на друг континент!
Нејќам по се да плукам ко божем јас подобро пеам ама бре човече, песнава е стварно неубава! Мене ич, минус ич ми се свиѓа.. Слабо англискиот и годинава ќе биде.. Добро, барем нема да се разочарам многу, си се навикнавме македончињава да не си влагаме у финале...
Песнава не е лоша, баш ми е онака типично Калиопи стил, сега дали е за Евровизија или не, не знам ќе видиме. :up: за пеењето на македонски.
Очекував нешто ептен шлакнато од Калиопи во стилот на рум-дум-дум но ме изненади... Добра е песната влегува во уво. Е сега можеби не е една од оние хитови кои со години се паметат и пејат но сме имале далеку полоши песни... Ај може ќе изненадиме годинава
Само помислата дека Калиопи нема да фалшира ме радува.Ако не повеке барем гарант нема да се брукаме. За другото што ќе биде, нека биде, навикнато е македончето на се
Исто си помислив, дека без првиот степен шпански на Питбул. Или пак Гета да го вметнат. Тоа ти е добитна комбинација денес Инаку, мене ми се свиѓа песната. Ионака евровизија е циркус, а ние ќе бидеме нормални во целиот хаос. Ми е гајле дали ќе сме топ 5 или последни, битно е што ќе се претставиме достоинствено со убава нормална просечна песна, а не да стоиме на глава таму или да ја пратиме најдобрата маска од струмички карневал само за да им бидеме интересни на Европа. Не слушам ваков тип на музика, ама оваа песничка би ја слушала пак. Лежи некако
Ми се допадна песнава, не е лоша. Малце сум разочарана што е ептен слична на сите песни на Калиопи, значи не е вметнато барем малце нешто посебно, али ок тоа си е нејзниот стил. Се сложувам дека не ги истакнува нејзините гласовни способности, сакале тоа да го направат со пискањето, али не успеале баш. Ако пее на македонски само ние ќе ја разбереме, али како и да пее јасно е дека ние на Евровизија не треба да очекуваме некој си висок пласман, туку битно добро да се претставиме.
Сега ја слушнав песната, и ми се допаѓа што нема во неа драми, врискање, зурли и тапани... едноставно е убава. Не се оптоварувам до кое место ќе стигнеме, гајле ми е, битно песната е ок, а Калиопи верувам ќе ја изнесе квалитетно...И ми се допаѓа што ние немавме право на глас Едит- На англиски нешто не ми штима, мислам дека е подобро на македонски да ја пее...
Бев скептик. Не за друго, ама во последниве неколку години одмилена ми е Калиопи Само што ја ислушав песнава на радио и многу ми се допадна. Не е можеби некоја евровизиска, динамична, брза, игрива.... ама убава е. И текстот ми се допаѓа. И сакам да си пее на македонски.
Мене ми се допаѓа. Моќна песна, добар текст. Нема зурли и нема тапани. Лајк ит! Од мене има поддршка! :up:
Песната не е лоша ама од финалето сме многу, многу далеку. Незнам зошто Македонија упорно троши пари за Евровизија кога со години не сме влегле во финале
Ми се допаѓа песната ама само за онака за наши простори на евровизија сигурно нема да постигне ништо жал ми е но така е многу работи се измешани таму што дури и подобро е да не одиме таму за џабе трошење парите . Како и да е Калиопи има извонреден глас знам дека песната ќе ја испее како што таа умее и знае но тоа нека и биде рекреација , забава ништо друго нека не се мачи со тоа на кое место ќе бидеме може и господ ќе придонесе нешто бе нАли многу среќа и добар провод таму ништо повеќе
Онака за кај нас е убава, ама не и за Евровизија. И посакувам среќа, иако не очекувам да влеземе во финале. Но, секако поубава ми е од некои други песни кои не` претставувале (како од Елена, Некст тајм...)