Добро бе Бугарија ај влезе што влезе во ЕУ, ама зашто се брукаат и праќаат евтини бугарски певачици т.н. елитни проститутки на Евровизија? Па боље некој оперски пејач да пратат ако воопшто имаат нешто друго освен „поп-фоwк“ со Преслава, Андреа, Галена, Десислава, Емануела, Теодора, Алисија итн. итн. итн. дрн дрн дрн цел куп спонзоруши и некој видоизменет хаус ор уатевр. Мислам дајте не е ова Порновизија мајкуму или евентуално избор за мис. Божееее Нашава песна е ептен просечна, а и не ни очекував нешто пријатно да ме изненади, онака очекувано дури и досада ме фати слушајќи ја песнава.
Некако не ми е песнава Калиопи стил. Не го истакнува воопшто нејзиниот глас, зошто стварно го има. На пример со песната Бато да не претставуваше, мислам на македонски, ќе имаше некој успех. Не е нешто посебна, ама не е ни лоша да ти дојде буквално да се скриеш од бруки. Ајде барем поубава е од русинката лани. И аман, нека пее на македонски!!! Кој гледа текст на евровизија? Па и колку песни победувале што биле отпеани на свој јазик.
Па Калиопи изјави дека ќе пее на македонски, дека емоциите во песната најубаво на македонски може да ги долови.
Англиската верзија на песната далеку поубаво звучи. Не е тооолку многу лоша,ама можеле да го збогатат аранжманот,немало потреба толку да ги нагласуваат тие рок елементи( у осталом,не знам како гласот на Калиопи го врзале со рок,ама ај,а у суштина целата песна е таква на која повеќе одговара некој помлад и почист глас),можеле бар да го омекнат со акустична гитара,при таа нежна виолина и пиано на почетокот,требало да отстапат повеќе место за неа како главна нишка низ целата песна. И друго можеле да остават простор за поспектакуларен врв на песната на кој ќе претходи смирен дел,а и плус, можеле да додадат и хор и пратечи вокали,а не да се издерава само Калиопи (и да,нема толку многу дерење,ама има и е ужасно) или егото на Калиопи е толку големо што има простор за такво нешто само ако и дозволат да испее дури три песни на Евровизија.Што е со пискањево?! Хистерија! Песнава има потенцијал да се направи посилна отколку што звучи,нема моќ. Не знам зошто ми има призвук на лоша песна на Ристо Бомбата во деведесетите години...голо. Јас сум за англиски,а лепотицава нека не ми се занесува за емоциите,откако вчера ја унакази Алелуја. Ме оштети за цел живот! http://www.youtube.com/watch?v=DmXKPLPiAAA
Не ми влезе песната во уво. Не ми е по ќееф. Просечна песна, и воопшто не е и прилега на Калиопи. Она барем има глас, требало да најде некоја подобра песна. Не бива да оди со веќе објавена песна? Бато е добра, Дали ме сакаш, и ред други, ама оваа, евровизиската не. И секогаш е така, кога и да се оди на Евровизија, секогаш песната е лоша.
И мене англиската верзија ми се допаѓа повеќе, иако некако акцентот не и е баш најдобар, ми се чини дека се мачи да ги изговори зборовите како што треба. Кога веќе ние како публика не го одбравме изведувачот, ниту песната, барем да ја одбереме верзијата. А според коментарите што ги читам на интернет, повеќето се за англиската.
Не знам кој ќе ја претставува оваа година Бугарија на Евровизија (мислам дека Деси Слава, а можеби и сум грешка), но што се однесува до твојот коментар, сметам дека секоја држава има право на свој сопствен избор како ќе си се претстави пред пошироката јавност (во овој случај конкретно, музичката). Коментарот не ти држи баш место, но секој има право на свое сопствено размислување како што секој има право на личен избор .
Песната не е лоша, певлива е, само двапати ја слушнав вчера и веќе ми е во глава. Не дека е убер добра и дека ќе победиме, но барем не е некоја хип-хоп-аренби-шит и не ја прекинува рапер со некој фристајл, јо. Баш е евровизиска, особен мерак ми прави виолинчето во позадина. Со добар сценски настап, се надевам барем на влез во финале.
Мене не ми фати уво, ама не е толку лошо песнуле, може некому ќе му се допадне. Едино ме плаши да не и ги одврзат рацете на Каљопа скроз па да додаде некој вриштечи дел и да и пукне артерија сред настап.
It's not my cup of tea,но е ОК како за Eurovision. 1.Премногу кратко е Интрото и бледо.Можеби идејата била ќе правиме тивок емотивен почеток на песната и ќе го истакнеме гласот на Калиопи,па потоа ќе работиме на похард звуци у вториот дел.Сепак по мене за почеток на песна премногу e кратко(само 5-6 секунди). Делот од 1:10 до 1:25(само без вокал и без гитара) може да биде фантастичен почеток. 2.Светлата точка почнува од 1:10 и трае до 1:25.Само 15 секунди тензија.Многу малце.Од 1:25 почнува пригушена дисторзирана гитара која држи ритам.О,зошто?Од 1:25 и ритамот се менува,тензијата и интензитетот комплетно опаѓаат. 3.Калиопи треба да олади малце. Пиво или нешто пожестоко,и мислам дека може пријатно да не изненади со финалната изведба. Само нека не форсира оперска интерпретација,знаеме дека знае да пее. 4.Да поработи на јазикот особено кај зборови кои содржат "l" како "let","all control","soul",како и во делот "the good and bad".На моменти навистина звучи како русинка,или некоја со тежок француски или шпански акценат што се обидува да говори англиски. 5.И за крај јас не знам кој го уклучил алармот од 2:24 до 2:26. Како и да е,оние кои се одговорни за креирање на тој алармен звук како и одговорните кои го одобриле тој звук да биде дел од финалната композиција треба да си дадат колективни неотповикливи оставки.Или тоа,или нека го елиминираат тоа чудо.
А добро само мене ли ми звучи како крајници да ја фатиле ....никогаш не ми се допаѓал нејзиниот глас како на шоља да клекнала да ка*а песната е...ај да не ви откривам кое место ќе бидеме нека биде изненадување
Убава е англиската верзија, но, некако не верувам дека ќе се пласираме, а за финале ич.Можеби треба некоја подинамична песна, но реално мислам дека со песнава мали се шансите, единствено што ќе ја чуе светот, ништо друго.И пак ќе речам, арно си направи Италија што се откажа од одамна од Евровизија, нешто што мислам дека и ние би требало да го направиме.
Италија лани се врати на Евровизија (не сфаќам зошто). Не знам дали и годинава ќе учествуваат. Не знаев и дека има луѓе што уште ги интересира Евровизија, но ете имало Песнава на Калиопи е добра како за некој мак-хит каков не сме слушнале некое време. Ама кога веќе толку се фатиле за таа Шитовизија, нека одат.
Не ми е по ќејф песнава ама ич. И разочарана сум, само зато шо покоен Тоше имаше извонредни вокални способности, а му направија тапа песна со која немаше шанса да се докаже и ни ја упропастија првата поголема шанса за победа. А сега исто со Калиопи се случи. Како е можно баш за Евровизија да имаме најлош избор на песни, а толку добри и квалитетни излегуваат во меѓувреме? Ја обожавам Калиопи и нејзиниот глас, песни... али ова нема да е нејзин момент во кариерата. С'е мислам дека Владо Јанески е на врв на листата за најдобар настап (во поглед на се) на Евровизија досега.
Не, не и не. Никаков посебен шмек ми нема песнава, освен оној класика дел на музика-типичен Евровизиски, на почетокот бавен и после нешто како брже и денс фазон. Несакам да сум песимист, но повеќе од 1 минута неможев да ја слушам песната, далеку е од хит како Месечина, Бато, Обои ме, Дали ме сакаш. И од старт се направи грешка оваа година кај нас, што и после толку години и искуства нашиве неразбраа дека се бира песна, а исполнувачот е во втор план,ама не, ние бистри и одбравме пејач а песнава тапа. Нинанајна-Елена е нешто бр. 1 што сме одбрале и пратиле, без разлика дека и најдобар наш пласман е досега, дефинитивно најдобар избор на песна, сценски настап, млад и убав лик, па и испод просечниот вокал помина и се скри зад одличиов концепт.
Финале, нема шанси. Јасно е. Искрено очекував повеќе пискање. Мое мислење, е дека можеби малце повеќе треба да се истакне гласот на Калиопи. И покрај тоа што, на моменти мислам дека и е зарипнат гласот, па и самата јас, подголтнувам. Го преправам мојот глас. Англиската верзија, за влакно ми се допаѓа повеќе. И стварно не ми е јасно, како по цела година, излагаат некои хитчиња. А чим дојде евровизија,со двоглед треба да ги бараш..