Вокал ок, има глас, само не ми се допаѓа кога некој лиже каде што ќе плукне. Нормално дека е ценета индивидуа во музичкиот бизнис, ама малку според мене преценета. Така да, ок си е песната, малку чинам Лилит спомна појак вовед т.е посмиред пред рефрен. Не е јајно, но не е ни лошо со оглед на тоа што сме имале на евровизискиот репертоар до сега.
па зашо беше толку арогантнна ,мислам дека не заслужи,плачеше толку мн за на крај ете да и попуштат,она има силен вокал,има глас али карактер нула... оваа црно бело мислам дека воопшто не е убава ,можела и повеке
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=335DC87B2 ... 8281A76CAB Според мене, премногу претенциозна и полна со очекувања и тоа превисоки. Ќе било срам за Европа ако не влегла во финале. Ајт со среќа!
Ми се допаѓа песната во македонска верзија ама не и во англиска. Која верзија ќе ја пее на евровизија?
Леле женава утрипува кога зема едно фалење удирање во гради чиниш ќе ја испее на Андреа Бочели Кон те партиро . Песната потфрли до бескрај и назад , значи просек тоа е песната обично песниче кое не сум сигурна ни дека е певливо ни дека ќе стане локално регионално хитче . Ами комплексите се многу страшна работа . Свесна е дека ништо нема да направи ама битно не што мадам отиде без избор .
Би било во ред да се пласирам во финалето. Ако тоа не се случи, ќе биде срам за Европа. Дури тогаш треба да ни биде јасно дека Евровизија не е совршена. во кој филм е само влезена, ццц Сакам фер евровизиска игра - да де, баш онака фер, ко што беше и на Mакедонската евровизија,кога без натпревар, ти победи едит- за тие што не знаат Првото полуфинале ќе се одржи на 22 мај, а второто два дена подоцна. Финалето ќе се одржи на 26 мај.
Што толку сте напнале. Ни во финале нема да ни влезе. Спојлер Ја урочивме со толку страни испишани за неа
Е на коментариве на јутјуб се пресмеав: Спојлер This comment has received too many negative votes хубава българска песен!!! Lyubo681 2 hours ago и после имаш: @Lyubo681 Да ми се фатиш ти на песенов! drEzzio 1 hour ago Хахах зошто мора сегде бугариве да земат збор..
Секое чудо за три дена Песната ми е океј,незнам каква песна очекувавте ? Ако имам слободно време за трошење може ќе ја погледнам,баш ме интересира у што ќе ја маскираат Со среќа Калиопо убаво да си поминеш и на крај од настапот сакам да кажеш ДИС ИС ФОР МАСЕДОНИЈА !
Калиопи е бугарска претставничка на Евровизија?! Само еден ден по официјалната промоција на песната со која Калиопи ќе не преставува на Евровизија, на каналот на ју туб под линкот на нашата песната стоеше следново известување: -Калиопи ќе ја преставува Бугарија на Евровизија 2012 со песната „Црно и бело“ во втората полуфинална вечер на 24 мај во Баку. До денеска дел од посетителите на овој линк ја слушаа песната мислејќи дека тоа е бугарската евровизиска претставничка за да најверојатно после лавина реакции известувањето биде сменето. Од денеска стои дека Калиопи е претставник на Македонија. Дали тука повторно станува збор за свесна провокација од група евровизиски фанови на нашиот источен сосед или некоја ненамерна грешка? Да се надеваме дека е ова второво. Но и покрај се,читајќи ги многуте коментари на тој линк пофалби за песната стигнуваат од Србија,Турција, Албанија, Хрватска. Иако некој можеби сака на целото ова музичко случување да фрли политичка дамка, сепак постојат луѓе коишто не обрнаа внимание на напишаното, па дури не сакаа ни да го коментираат. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... eSupport=1 What the f***
Песнава е лош рецитал. Калиопи зема здив еднаш накај два пати во 3 минути, а и нешто изиграва хардкор рокерица со вриштењето, апла вриштењето, кое машки рок ѕвезди го фаќаат бар како што треба. Не ми се допаѓа, т.е веќе неколку песни во заднина не ми се допаѓаат, дури и ме престрашуваат, но не се прашуваме ние, секако. Евровизијава е срање, веќе и го губи својот рејтинг, не само кај нас туку и надвор од државчево, затоа што веќе премногу добро знаеме од каде произлегуваат оние кои што ги нарекуваат победници.
Евровизија одамна веќе го има изгубено оној сјај и е претворена во freak show и кој е најголем фрик (од типот на машко облечено како женско а богами и обратно) победува. Ако ништо друго, барем досега сме испраќале луѓе кои се свесни за својот пол и се гордеат со тоа.
Јас песнава ја слушнав вчера првпат. Некако ми гази по нерв кога ја слушам. Може треба време за да ми легне. Не е нејзиниот глас за ваква песна бре. Песната може и боље ќе звучи ако ја отпее друг пеач, море не може туку сигурно.
На почетокот сакав да се избира, глупава ми беше одлуката, не сакав да е Калиопи. Но, сега кога подобро размислив си велам подобро што е така, па луѓе дали Русинка беше за на Евровизија?
Па искрено, и не беше Русинка за на Евровизија. Ама во секој случај. Мислам дека поприметено ќе биде некое весело песниче, него ли некоја жалопојка, ко што беше пример со рибата. Барем, јас чим слушнам некоја балада на евровизија, мењам канал. Е сега, друго е што победи и Молитва, и Сателит. Ама тоа е чисто мое мислење.
Досадна песна. Одвратна пејачка. На почеток... Нежно, нежно, и после BOOM нешто демек рок. Ич не е вклопено, ко со сила е цела песна. Само виолината вреди. Ама џабе. Пиши чавка.