Немакедонци? Значи треба за сѐ што е поврзано со македонската естрада, и општо со Македонија да го сакам и да не ми се свиѓа? Господе. Не бидете толку ограничени. Да не треба Јован Јованов или Елвир Мекиќ да ги сакам затоа што се од Македонија? Ги мразам и шупаци се. И песнава од Калиопи не ми се допаѓа, зошто можеше подобро!! Има убав глас и требаше да го истакне. Се додека се задоволуваме со најмала ситница што ни се нуди, ќе бидеме катастрофални на секое поле.
Песнава кога ја слушнав за прв пат не ми беше ништо посебно, ама како што ја слушам се повеќе и повеќе, се полоша ми е
Хух, ништо посебно од песнава. Како личност не можам да ја дефинирам, многу ми е променлива. Чудна појава е и поседува некоја чудна енергија.. Некогаш ми делува како да глуми, многу стаклена и исфорсирана насмевка поседува. Дури и иронична.. Не знам. Песнава ништо посебно, имало и ќе има далеку поубави. Гласот не можам да и го оспорам, кога Господ ќе ми подари поубав тогаш може ќе искоментирам нешто и за него. Но, како што е моменталнава состојба, можам само да и симнам капа и да и речам: „Секоја чест“. И така.. Последно место се надевам не, ама меѓу последните сигурно. Соочена сум одамна. Овие чуда не се за нас. Барем не за во наредни 20 години.
мене ми се допаѓа песната , и секоја чест за тоа колку работела на линијата дури неможам да поверувам
ОК ми е песната. Подобра од ѓубрето што го праќаме во последните неколоку години. Мое мислење е дека ќе се кења по нешто без разлика дали е лошо или добро само затоа што не се имало право на глас. Мислам јасно ми е дека требаше демократски да се одбере победник,ама зошто толкава огорченост?
Често слушам радио, и кога ќе ја пуштат, трчам како будала за да сменам станица. Чудно, но на почетокот убава ми беше. Сега.. еве ви кажав како реагирам.
Песната си е ок, ама мислам дека не е за евровизија. Како и да е ќе видиме што ќе направи. Доволно ќе биде барем во финале да влеземе.
Не ми се допаѓа песната,најискрено.Мислам дека не ни бегаат последните места од Евровизија оваа година
^Првото полуфинале ќе се одржи на 22 мај, а второто два дена подоцна. Финалето ќе се одржи на 26 мај.
^ OMG Не не, ова не е можно. Зарем толку е глупа, па не можеше два реда да научи на англиски и на памет ако треба. На крај краева, што уопште се брукаш и праќаш поздрави, кога знаеш дека си тапа? Јас мислев дека Џоле д фиш е врвот, ама Калиопи го собори рекордот. Брука!
Леле луѓе мене ми е срам што ја слушам што тресе i give you my heart you give me your voice?!!! Ај агри ај хоуп барем да научела 2 реченици
Добро бе сериозно, имаат осет овие? Ја брука цела Македонија, еден асален досега не се покажа дека знае англиски! Пу, ебати глупите. И не ми реплицирајте као треба ја поддржаваме, нема веза што се брука и себеси, и нас. Ма немој? Ова да поддржувам? Као демек ајде ќе се покажам искрено и смешно и слатко. Фрли се.
Јас разбирам Коста Бургов да не знае Англиски, ама некоја нашетана, со таква репутација и толку искуство да не знае 3 реченици да сврзе и истите да имаат смисла? Me name Potato работава.
Оффф леле стварно е малку смешно..... добро де малку повеќе. Ама кога ќе помислам каков ми е мене англискиот одма станувам сериозна! Инаку ми се допаѓа што Калиопи ќе не претставува, ми се допаѓа и песната. Само што сигурна сум дека пак нешто ќе утнеме, ако не утнеме тогаш ние не би биле ние. Ако изведувачот и кореографијата се добри- облеката ќе ја утнат. Ако се од ова е погодено- тогаш песната не е соодветна за Евровизија. Ако се погодени пак облеката, кореографијата и песната- тогаш ние праќаме некои чавки како што беа на пример XXL! Итн. Како и да е, во секој случај си знаеме како стојат работите и кој на кого си дава гласови и по колку! Ама ајде сепак да бидеме оптимисти и да размислуваме позитивно. Ќе чекаме, ќе гледаме и ќе видиме што ќе направи Калиопата.
Ако под шетање подразбираш бивши ју републики.............. а кога идеш во странсво обавезно идеш каде што има македонци................... или си носиш тумач со тебе. Сомо това не му ја мислам многу.................. му ја мислам шо ако победи некој од овија што ги испраќаме........ ке се обрукаме послем нема каде да организираме није евровизија