Само да не збори англиски, и мислам дека перфектно ќе поминеме... леле кога слушав што кажа... ние сфативме што сакала да каже, ама дали таа се слушнала и сфаќа што кажала?!
А се труди сето ова да делува слатко, демек така полесно ќе помине, барем напамет да го научила тоа што сакала да го каже...Ниту е слатко, ниту интересно жено...Срамота е.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=1 ... ntId=90454 лелееее неми се верува, па уште се смее, немам зборови. Воопшто не ми изгледа невино и слатко, туку цинички и понижувачки. Па уште им вика дека немало ништо да разберат ама ако нека гласаат ццц срамота, што се силеше толку за евровизија, кога неможе две реченици да научи личи на особа која прв пат излегува пред камера и незнае како да се однесува, а не како да има повеке од 20год искуство
Хахаха сега Ѓоко може да се радува, барем ќе си знае дека не бил единствениот што нема поима од англиски јазик
Леле само да не зборува англиски на Евровизијата иначе готово, се обрукавме. И сега сме обрукани, ама... Иначе Ѓоко сега може да ужива. Знае дека не е сам што има ваков редок "талент".
И мислам дека е време на пејачиве што ги праќаме на Евровизија прво на курс по Англиски да ги пратиме .. срамој!
Леле Калиопиии срамота луѓе од Калиопи сум стварно изненадена од неа барем очекував да знае англиски нели таа е светска женска. Со Ѓоко фишот да си се фатат на рака и право на курс бруки невидени
Ние битно си ја разбравме што сака да каже. Па сега за Европејциве - гајле ни е. Кој им е крив што не си учеле македонски навреме.
леле леле леле ,немам зборови,хаххах абе леле абе барем на спремање да одела да ја поднаучеле малце,да не не брука бе леллеле
леле абре брука невидена испадна, Значи ја искрено верував дека она знае Англиски ебате и све. А шо е најтрагично, коа беше идолот како само им се исмејуваа на тие шо незнае на анг да запеат. А сеа ако и е . Цела мак ке и се смее. Срамота за нас.
Ај па и вие, како трагично го доживеавте видеово. Пуштете ги од другите земји да видите како зборуваат, јас со една колешка еднаш ги гледавме од Мис Уорлд, значи се губеа со англискиот, поима си немаат. Тој од Шпанија со шпански мешаше, тој од Кина маваше на ХИ, КИ и такви ми ти букви, мислам, нормално е да се прават грешки кога не ти е мајчин. А, бе Жаре поарно да не зборува српски на Сарвајвор, немој да ме зафркавате. Јас мислам дека прилично добро зборува англиски за жена на нејзини години, сигурно требало да го изучува како повозрасна и слободно можам да кажам дека зборува подобро од мајка ми. Па на наши години, млади дечки и девојки ПОИМА си немаат англиски (некои и студираат тоа, ама ај, друга тема ) а не па возрасна жена. Не оди таму за да и го гледаат англискиот, оди за да пее. А тој англиски што таа го знае, сите што и се изнасмеаја, дај да ги видам нив како зборуваат, сите го зборуваат баш то Мекинглиш. По тоа што гледам од факултет, околина и дрн дрн, сите се први дека ЗНААТ англиски, а кога ќе ги прашаат нешто, вакви се: Спојлер Бидете малку самокритични, сфаќам јас јавна личност, дрн днр, но битно ја разбраа што сака да каже. Пак зборува подобро од 70% од Македонците кои мислат дека знаат англиски.
Е во ова последното видео што го постирала ракче, не ми смета толку нејзиниот англиски колку што ми смета нејзиното пренамагање...што изведува, ко уфилмана тинејџерка се понаша, да не мисли дека на MTV ќе ја даваат ...Гарант е пак заљубена во некој тинец
Можела да земе преведувач, ама ете сакала да се потруди. Ја разбравте што сака да каже? Да. Епа, значи не е до толку трагично. Мене не ми смета тоа што не знае англиски, ми смета тоа што медиумиве направија НАСТАН од тоа. Бог да чува, сите објавиле дека „Калиопи не знае англиски“. Да не требало специјално на курс да се запише за да оди на Евровизија? И да бидеме искрени, не има доста што повеќе разбираме, а потешко зборуваме англиски. Жал ми е што безобразниве медиуми го искористија тоа за да се исмеваат од Калиопи, а 100% сум сигурна дека ниту тие што ја интервјуирале, ниту било кој медиум во друга земја нема да објавува колку бил лош нејзиниот англиски. Ама тоа ти е, македонска работа. Место да го фалиме нашето, ние ги потенцираме маните.
Aбе луѓе оваа реакција е баш затоа што кај нас и те како се дава акцент на изучување на овој јазик. Сепак за нас дури и е срамота да се незнае Светски јазик. Барем колку толку нели. Додека европские и др земји си земале став одамна дека не ги интересира англискиот, или не сакаат да го форсираат кај нас. Кај нас е и префорсиран англискиот, затоа и до некаде ни е чудно за вакво нешто. мене повише ми е зашто, на Идол, децава кои не знаеја англиски да запеат лом ги правеа, а они орвин не се погледнале дал знаат или не. Епа нека ми извинат таквите Господа.
Многу се занесува,се филма,а мене лично не ми е некоја посебно добра пејачка.можам да кажам и дека ми е премногу арогантна.Пискањето у песните никако не и го разбирам. Ама више нема кој да не изрезили на евровизија,па си ја пробуваме среќата
Ако сакала да се потруди тогаш нека се потрудела да научи 5-10 реченици колку да испрати некаква порака ако веќе го прави тоа на англиски.И не,не е македонска работа ако сите објавуваат дека не знаела англиски,не е голема работа ако научиш како да ги поздравиш луѓето и да им се претставиш на англиски.За тоа не треба курс,туку еден-два часа и ништо повеќе И Дузи го спомна мис на светот,редовно го гледам и од каде и да е натпреварувачката ако не знае англиски тоа е огромен минус за неа,а и се познава дека и самите тие се срамат понекогаш кога ќе заглават некаде. Истото е и со евровизија,никој не вели перфектно дека мора да знае англиски,ама ако веќе решила да зборува на англиски,а се глупира вака е срамота,а и да се лигави така не и личи ниту на годините ниту на имиџот.И толку. Во еден момент си помислив дека се шегува со нејзиното незнаење англиски,ама изгледа дека не било шега.