Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Позираше за Вест пред да оди, ослабела 23 кила за Еврозивија.
    Е па алал да и е :)
    http://www.vest.com.mk/default.asp?Item ... AAA9DD0A54

    Инаку во однос на првава проба, баш како што некој веќе напишал во коментарите на видеото - good voice, bad song.
    А и сцената треба малку да ја живнат, не само овие музичариве да се клатат...
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Настапов е бледа копија на Хелена Папаризу.
    http://www.youtube.com/watch?NR=1&featu ... 1RTb0Z7_0A

    А и Жељко веќе досаден си се едно исто, пак настап во стилот на лане. И со нашава имаат исти настап само разликата е во тоа што кај Жељко има клавир на сцената.
    http://www.youtube.com/watch?v=IkU_PHdN ... ure=relmfu

    За нашава убаво кажа некој не е доволно само гласот на сцена. Па мајко му толку ли не знаат да стават пиротехника, клавир, двајца како танцуваат на почетокот (некоја кореографија)...после македонче нека не се чуди што не влага во финале, не е се само во политиката, треба да покажаеш целосен настап.

    Се на се од тоа што видов, ветува една очајна евровизија, како и да е ќе видиме шо ќе испадне, а на нашава и посакувам среќа и влез во финале (чисто да не ја слушаме како кука после).
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    http://youtu.be/Vv8GmwcfR9A

    Никаква кореографија, никакви реквизити, а сепак второ место. Значи кореографијата и не е баш пресудна во некои моменти.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Со неа имаше некои закашки неколку години претходно, и нејзиното второ место беше мислам апсолутно максимално исфорсирано....незнам што не ја ставија да победи
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Уште некој ден и овогодинешниот циркуз ќе почне. Песната и не е така лоша но не сум сигурна дека ќе успееме да се пласираме во финалето. Да бидеме реални и многу полоши песни се појавиле на таа циркузвизија па направиле добар пласман. Се надевам дека ќе има добри песни кои недостасуваа многу посебно во последниве 3-4 години...
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ако во последен момент им текне на нашиве малку да додадат некој реквизит малку да направат нешто, може и да се пласираме.
    Има доста полоши песни од нашата, но за жал и таму владее политика :!:
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не знам, за вкус се работи ама јас се ежам се повеќе кога ја слушам песната секој нареден пат. Првиот пат кога ја слушнав ми се допадна онака, после ми беше ок малце досадна, а сега ја обожавам.
    Денес си ја симнав од youtube и цел ден урлам низ дома :wasntme:
    Мислам дека е одлична песна!
    А ако веќе збориме за кореографија Лена од Германија само се тресеше лево-десно на сцена па победи, значи не е пресуден сценски настап, нити песна, нити глас туку политика. Од песната и гласот зависи дали песната ќе се слуша и после Евровизија. На пример јас ланската песна поим немам како звучеше...
    Калиопи е искусна пејачка, колку и да е напорна понекогаш за гласот не смее да има коментар и како што пишал некој погоре ја тресе цела сала без ниеден придружен вокал.. Тоа искрено е за огромна почит!
    Кога ја слушав на првата проба не ни ја гледав на сцена, буквално затварав очи од тоа колку убаво ја пее така да за мене лично кореографија никогаш не е на прво место. И пишав во другата тема за Евровизија боље скроз сама да е на сцена, да ги нема тие дечките околу што рипаат со гитарите у фазон I wanna be a rockstar.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Браво за Калиопи и вложениот труд, навистина многу ослабнала, мислам дека ќе изгледа прекрасно на сцената, ако не ја унакази некој ко Ношпал во стајлингот :D
    Песната просечна, ама вокалната интерпретација мислам дека ќе ја извади.
    Се наежив кога ја слушнав на пробата.
    Си ја сакам Калиопи, што сака нека биде, мило ми е за неа.
    :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Епа стискаме палци за Калиопи .
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Мали ни се шансите
     
  12. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Кога е евровизијата?
     
  13. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Дали е Калиопи или кој и да е, евровизија е политика и сметам дека Македонија никогаш нема да победи :)
     
  14. analia13

    analia13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    31
    само напред Калиопи стреси ја цела сала таму со твојот одличен глас се надевам на финале :up:
     
  15. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Да бе 100 % ќе победи |(
    Тоше кога беше па не победивме, не па Калиопи со гласон... :envy:
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    искрено ја нема таа еуфорија за евровизија како порано. :^)
    калиопи е ок ама кај нас а за таму што ке биде ке видиме..

    инаце чекајте каква победа,а финале :^) одамна не сме биле таму :?: кога врчак тамара и андреј беааааа
    еееее од тогаш.... :|
     
  17. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Со каков глас бе девојче? Прво не може да споредуваме пејаЧ со пејачКА. Второ доста е веќе се со Тоше да споредуваме.
    Цела околина се клања на гласот на Калиопи само ние ќе ја какаме пошто сме Македонци нели и се друго е подобро освен нашето. За песната може да има различни мислења, ама ако некој за гласот на Калиопи каже дека не е ГЛАСИШТЕ, дефинитивно нема ама баш никаков слух за музика, извини.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Ама затоа можеме да споредиме пејачка со пејачка. Калиопи завива со тој зарипнат одвратен глас, додека Адел ужива човек кога ја слуша или Селин, просто воодушевуваат. Една песна-Бато ја прослави, што лично за мене не е ништо посебно, зашто не можам да и го поднесам гласот. Кога зборуваме за пејачи, Тоше пееше навистина од срце, ретко кој може да го достигне тоа. Каролина има глас, ама нема пристап, нема топлина во нејзиното пеење,нема вистински емоции. Кога би била по мила личност, би постигнала многу повеќе. Тука би го вброила и Влатко Лозановски, прекрасен глас.
    Од друга страна па и изгледот многу влијае. Калиопи се облекува одвратно, фура некој без врска стил, не ми е ич средена. Па и Адел е полничка ама се грижи за изгледот. Не следам многу што и како ќе биде на оваа евровизија, ама очекувам да ја видам Калиопи во некој долг црн мантил или фустан три броја поголем :lol:
    Ама ете и, плачеше по евровизија, колнеше, плукаше, пцуеше лани или прехлани кога не ја избраа со Наум, и се исполни сонот, нека се истакне.
     
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не ме интересира мене каква е Калиопи, дали пцуела, јадела гомна и што правела, нити искрено ме одушевува нејзината појава, ама не можам да верувам дека на некој не му се допаѓа нејзиниот глас :^) Адел за мене е одлична пејачка, ама нејзиниот глас не ми е ни малце специфичен како тој на Калиопи.
    А за Тоше веќе не ми се коментира, во се мора Тоше да се спомне, се мора со него да се спореди, Тоше имаше ангелски глас, беше одличен и голем човек но стварно нема потреба секој вокал да се споредува со него. За мене на нашата естрада од женските вокали единствено признание имаат Калиопи и Лидија Кочовска и НИКОЈ друг. Мислам дека стварно е време да си го почитуваме своето и да не споредуваме со некои ѕвезди кои апсолутно немаат никакви допирни точки. Музиката во Македонија и надвор од неа никогаш нема да се спореди тоа е јасно, затоа ако споредуваме да споредуваме со логични примери.
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    ^^ Па ете тебе ти се допаѓа Калиопи и готово, ама не значи дека ако некој не ја сака и му е одвратна дека одма он нема врска од музика, тоа ти беше навреда, еве на пример кон Кони а и кон останатите на кои не ни се допаѓа. Ако некој го спомнува Тоше, го спомнува како пејач кој вреди, меѓу останатите кои вредат овде кај нас, тука нема ништо лошо, Тоше вреди за да се спомене и така и ќе остане. Кочовска е квалитетна пејачка исто, но слабо е присутна. А Калиопи не ја ставам во квалитетните имиња на нашата естрада, кои се мал број, и не ја чувствувам како своја, македонска, многу ми е дволична. Тука некаде е и Влатко Илиевски, кој нема ниту глас а да не зборуваме за квалитет.
    И нека ја укинат веќе таа евровизија, нема ниту Н од натпревар, само се глупираме секоја година и трошиме пари без врска.
     
    На connie му/ѝ се допаѓа ова.