ТИ почитувај си го своето, но не не терај НАС да го почитуваме нашето. Калиопи според мене не заслужува да оди на евровизија, а и сами знаете дека немаше оваа година гласање, се беше местено. А дека ќе победиме на евровизија, тоа оддамна ми е исклучено бидејќи нашите шанси да влеземе во финале се 2%, а да победиме 0,1 %. И секако дека Калиопи ќе биде со долги црни фустани како поп, бидејќи е дебела. + Уште кога ја видов пораката за Европа, се усрамив што сум Македонка, т.е. се усрамив што не претставува таа. А за Тоше очигледно не ме разбра што сакав да кажам Сеа ќе ти појаснам. Тоше нели беше најголема ѕвезда, Калиопи ни до колена на му беше, ете тој отиде на евровизија па победи? Не. Епа сеа најмалце очекувам Калиопи да победи.
Типични македонци, мора да плукаме по се! Факт е дека не сме за Евровизија ама до каде ке стигнете со тоа што јадете трици .. Наше е да ја подржиме и најлоша да е песната! Е ЗАТОА заради ова ние не сме за нигде и заради тоа што плукаме по нашето нема да мрднеме..
^^ Епа ај Драганче Митревски или Гулабица да ги пратиме, наши се нели? Ако веќе мислите дека мора се што е наше да се сака. А еве подобра идеја, Боки13 да го пратиме, тој е највеќе наш, а и како појава е уникатен. Можеше да му се остави на народот да избере, па и Боки да го избереа ќе го поддржевме (нели дека е наш). Азис растур прави, Боки ги следи неговите стапки.
полош избор не можеа да направат, не ми се допаѓа песната и калиопи многу завива, никогаш не сум ја слушала. И 100 % во финале нема да влезиме
Абе ајде што ви е , какво вреѓање какви глупости, или убедување да верувате во она во што верувам јас, мислам најмалце тоа ми е целта. Ја не сум музички образована, и добро сите имаме различен слух ама на пример споредба меѓу Калиопи, Адел, Витни Хјустон, не може да се прави затоа што и да има вокал добар, нема можности како овие пејачки нити толку добри продуценти, композитори и што се треба да се направи една песна. Не мора да биде нејзиниот глас за сите воодушевувачки како што е за мене, ама не може за дама со години и години икуство, која сите ја почитуваат баш ради гласот кој го поседува некој да рече дека КРЕКА или ВРИШТИ. Не иде тоа, стварно. И Connie смири се, земи длабоко воздух, диши-издиши Немој некоја како мене да те нервира!
http://www.youtube.com/watch?v=-zzK8ovS9xk Калиопи ја доби шансата да оди во Баку со претходно неодржан никаков избор зошто секогаш жирито ја буткало, не знам како не сфати дека едноставно не и се свиѓа на публиката, ама тоа е тоа. Песнава не е ништо посебно, ама е далеку подобра од песните што не претставуваа претходните неколку години. Се надевам дека ќе пее на македонски и ќе стават и пијано зошто вака е штуро и досадно да се гледа, а гитарата што почнува во втора строфа дава посебен шмек на песната. Иако, мислам дека песнава не е баш најсоодветна за на Евровизија. На Калиопи подобро би и лежела некоја балада, а одамна требаше да сватиме дека тоа што се бара таму не е глас, туку сценскиот настап и изгледот. На Елена песната пред неколку години беше тралалајка, ама највисок пласман ни донесе. Другите не сум ги слушнала, сега за сега Жељко ми е фаворит. Си имаат Србите тип на песни како Лане, Оро и Молитва што ги праќаат секоја година и досега им успева. Се збори дека е плагијат на Paradise од Coldplay, ама спотот ме освои со едноставноста и пораката.
Отварам на youtube да ја видам нејзината проба и читам подоле еден куп коментари. И имаш тука дежа ву- македонче плука,се остало ја величат. Јас пак ќе си кажам, не ми е битно дали е дебела,слаба,како се облекува и слични такви глупости, битно е да ја претстави Македонија достоинствено. За песната не расправам,ствар на вкус.Истото важи и за вокалот. Пласманот и бодовите одамна не играат никаква улога (на Евровизија) во проценката на квалитетен вокал и добра песна. Така да стварно не ми е гајле на кое место ќе завршиме. Премногу сериозно се сфаќа овој фестивал кај нас и секогаш се мешаат баби-жаби. Кога ќе си го вратам филмот уствари ниту еден наш претставник не поминал без плукање,дури ни Тоше не беше поштеден. Крај краева не гледајте ако толку се нервирате за Каљопа.
Не знам дал да се смеам или плачам... http://www.youtube.com/watch?v=g8e5ryBLdCw Симпатично, смешно, идиотски. Глејте го цело, нема да зажалите.
Мислам дека Боки да го пратиме имаме највеќе шанси барем ќе ги добиеме гласовите од цела светска геј популација Вака кој сакате пратете никој за нас не гласа.
Сфаќам дека некој да не ја сака, или да му е антипатична, ама да речете дека Калиопи нема глас? И јас не ја поднесувам ладната и фригидна Каролина, ама не можам да речам - не знае да пее бе, зашто се коси со фактите. Не очекувам да направи чудо, ама едно знам - можеби нема да е најдобра, ама сигурно нема да е најлоша. Просто, не може да биде полоша од Јас Македонец, а она Русинка. Mа нека си помине убаво, крај краева ова е само забава. Ми се допаѓа српската песна, еве Жељко има послаби вокални способности од Калиопи, ама песната му е пофина, помекана. А на јутуб соседите сите ни завидуваат за Калиопи, а ние... па си ја ругаме, наравно.
Нема да коментирам за песната и за самата Калиопи само ме интересира дали ке пее на македонски или на англиски..?
Како би пеела на англиски кога не го разбира јазикот....не дека нема да може да научи две строфи на памет, ама не е тоа работата
Глас има прекрасен, моќен, за тоа ќе признаам, ама песната не ме бендисува, да бидам искрена. До сега ни една песна од овие за на Евровизија не ми легнала на душа да речеш. А самото тоа што Калиопи, пред некоја година да не речам се избламира, кога имаше овации после нејзината песна, рече "Ја више во Македонија не настапувам, не постои за мене" бла бла у тој фазон, сеа не дека од збор до збор беше така, па ми стана одбивна. Значи ми изгледа како дволичнњак. До пред некоја година збореше така, а лани на идол збореше Македонија најубава со најубава пубилка... Ама добро, не е тоа темата. Едноставно не е песната по мој вкус, не дека е од Калиопи, до сега не успеале да го дофатат она вистинското, што знам, барем според мене. Ете, на Јоксимович песната ем срцепарателна, ем штом ја слушнав ми легна на душа. Тоа е она што се бара!
Многу ослабнала или така ми се чини, а? Што сака да каже -In your faces bitches што ме ругавте за дебелината, еве ви нааааа Добра е, ајде, кога можевме све и свашта да пратиме на Евровизија, сега на Калиопи ли мана ќе и бараме...Мартин и оние пуфлите пута пута љ да одат а таа не? Нема смисла... Напред девојко, со тебе сме...а и немаме друг избор де
Ни денес - ни утре, туку задутре . Вечер е прва полуфинална, на 24-ти е втора полуфинална и на 26-ти е финале. Значи ние сме во втора полуфинална на 24-ти. Почнува од 21:00. Тоа би значело за неполн пола саат.
Не знам зошто песната ич не ми влезе во уво кога ја слушнав првите пати, а сега кога ја слушнав во живо како ја изведува се наежив и навистина ме освои. Калиопи каква и да е не можеме да негираме, што има прекрасен глас има. Мене ми се допаѓа и тоа што со многу емоции ја доведува песната, се надевам дека ќе обезбеди најдобар пласман меѓу македонскиве изведувачи досега. Кога Калиопи пее и боговите молчат дефинитивно , ама затоа пак кога збори англиски и мртвите се превртуваат од смеење
Песната не ми е нешто посебно,Калиопи никогаш не сум ја сакала не сум слушала нејзини песни некако многу ми вришти.