Леле таа изгорена е да оди,секоја година се бори Којзнае колку има потплатено некој за да оди ц ц ц ...А и знам,ама ЗНАМ дека ќе пишти! Обавезно! Нема да гледам Евровизија 2012....
Тоа е , многу луѓе се уште не сваќаат дека важна е песната , а не пејачот.. И што ако тогаш го пративме Тоше , пак ништо бевме некое таму чкљ место. Исто така треба да имаме гласачи. Ако никој не гласа џабе ке ни е и Мадона. Србите , Грците , Босанците итн си имаат гласачи и затоа секогаш се меѓу првите или влегуваат во финале. Верка Сердјучка да не беше некој квалитетен пејач па беше 2-3 место? Уште не сме сватиле дека Европјаните ја сметаат евровизијата како забава а не нешто сериозно. Додека не го сватиме ова нема ништо да направиме не само 2012 туку и по 30 години.
Колку и да е добра Калиопи и колку и да е добра песната. Како и секоја година, нема ни во финале да влеземе. Се, па дури и Евровизија е политика.
Калиопи има одлични вокални способности, уште да изберат добра песна. Изборот на песна има голем удел за добар пласман
A и баш се присетив, кога Калиопи негодуваше за Тоше, за истиот концепт на избор - веќе одбран изведувач, избор на песни. Сега.. на која Евровизија би настапувале останатите пејачи???
Немам замерка за Калиопи, одлично пее. Но сепак мислам дека требаше да има македонски избор . Има доста добри македонски вокали меѓу кои се наоѓаат и македонските идоли . Сепак требаше народот да одлучи.
Конечно и се исполни желбата Колку само беше разочарана кога не победи годината кога пееше со Наум Петрески, а толку беше сигурна иако песната беше -wtf???...Па драми од стилот -јас веќе не се пријавувам, бла бла... Aјде изволте, еве ти на, не плачи аман...
Како кога имаме избор да избира народот... Како и да е, сеедно, не е лоша, има вокални способности, да не се лигавеше по толку, дури и мило ќе ми беше што ќе не претставува.
Сеедно. Јас и онака домашниот избор не го гледам веќе неколку години. А од евровизиските вечери ја гледам само финалната. Домашниов фестивал ми е толку очаен и патетичен, што не можам да си дозволам три саати да дремам пред телевизор и да ја гледам целата таа неорганизираност и кичерај. А ако оваа година ја избрале Калиопи, нека и е со среќа.
Калиопи? Како тоа нема конкурс? Свашта..а и мене ми е сеедно,и онака не гледам веќе евровизија со години,се по тиња и тиња ми станува и со избор на песните,и пеачите/бендовите.. Нејзе не ја поднесувам баш,незнам,некако одбивна ми е жената Ама за глас има и тоа екстра гласиште! Со среќа нека и е како и да е.
Ако ништо друго, барем едно е сигурно а тоа е дека таму во салата ќе ги уплаши сите со викањето(читај урлањето), пошто секако ќе гледа да се истакне НАЈГЛАСНО што може, па надежно е да влеземе во финале
А добро од кога на Калиопи и се променија мислењата за овој начин на избор? Се сеќавате кога имаше избор само со 6 пеачи кога победи Мартин Вучиќ, е тогаш и Калиопи беше во овие 6. Тогаш таа јавно се откажа и рече дека таа не можела да си дозволи ваков начин на избор каде однапред некој одбрал пеачи, дека таа ќе учествувала само доколку натпреварот бил слободен каде секој можел да се пријави и да учествува. Мислам сите овие работи ги кажа јавно и се е снимено, кога опа по неколку години драстично променет став. Епа браво Калиопи ти се човек кој си стои на зборот и кој не лижи таму кај што плука. Инаку се сложувам дека вокално е најдобриот наш изведувач
Ај, ај, ај... Јас незнам зошто воопшто одиме на таа Евровизија, и тој мал буџет го фрламе само чисто за пејачот и делегацијата негови придружници си се прошетаат до земјата домаќин. Игравме на сите можни карти, и на испробан вокал, и на добра песна, и на естетски привлечен настап, и на крај ништо не ни е бодувано како што доликува. За да победиш на Евровизија, покрај добра песна ти треба и одличен вокал, и многу гласачи, ние оваа година ќе немаме ништо. Калиопи можда има добар вокал, ама премногу го „троши“ односно нејзиното пеење понекогаш почнува да заличува на завивање кое не е ни малку пријатно за уво. Друга ствар е што Евровизија е и доста исполитизирана. Незнам што се брукаме, што се понижуваме самите себе, стварно незнам...
мене веќе ми е сеедно кој ќе не претставува, и така нема да гледам! Ама во секој случај добар избор е Калиопи.
ајде втора шанса ,за калиопи , ама знаете и нај добриот беше на таа за...на евровизија и не успеа, а само каков човек беше Тоше ,и Калиопи не ја потценвам ,,но евровизија е политика на европските држави, и не е натпревар на добра песна или добар изведувач тоа е политика
Ајде со среќа нека и е... да се надеваме дека оваа година ќе не претстваи солидно , а за финале не се надевам многу хахаха
Се изначитав мислења позитивни и негативни секако Мојот коментар е дека и не игра голема улога кој ке не претставува и со каква песна и онака се е местено=политика,јас секако ќе гледам ме интересира како ќе се претстави со која песна,и да се сложувам со тоа дека треба и на помладите да се даде предност како и да е нема да достигнеме некој успех башка Калиопи еднаш учествуваше барем младите нека се прослават како што беше Елена Ристевска на пример,сега каква кариера си изгради со тоа што се издигна толку високо на евровизија.И,да Настраданус или како и да се викаше рекол дека Македонија никогаш нема да биде 1 место на евровизија! Ако не 1 барем 2 нека биде хахаха.