Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас само да кажам нешто. Оние коишто ја критикуваат Калиопи за гласот, дека немала глас, ги советувам да отидат до на ушно малце. :drunk: И воедно да ви кажам дека немате слух за музика, не бе, појма немате. Тоа што плаче на сцени и се лигави е друга работа, а дека има глас има и тоа еден од најдобрите од пејачкиве низ Македонија и Србија.
    А за дебелината, како што прочитав ослабела 23 килограми.
    Дека можеле поубава песна да направат да, некоја соодветна за нејзиниот глас, каде би можела да го истакне. Во песнава ама ич не го истакнува. Но тоа е. Во четврток сѐ ќе се види.

    И аман со тоа веќе дека сме биле типични македонсци, сме плукале по нашето.
    Сте се распрашале како е по другите земји?
    Мислите во една држава сите до еден ја поддржуваат својата песна? - Не.
    Колку луѓе толку вкусови, не е само кај нас тоа.
    Пак ќе кажам дека Калиопи има прекрасен глас, и дека можеа далелку поубава песна да и направат. Не плукам ако кажам дека не ми се допаѓа песната.
     
    На Annath, Madonna, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да вреѓаш како оние кои велат дека нема глас треба да одат на ушно.Мене не ми се допаѓа уопште, на тебе ти се допаѓа и што сега јас треба да кажам дека ти врска немаш а.Научете да почитувате туѓо мислење а не да ги вреѓате тие што што немаат исто мислење како вашето.Ова е форум кој што сака може да пише.Поздрав понатаму не коментирам на темава.
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мешаш поими.
    Не зборувам за вкусови за глас. Факт е дека има моќен оперски глас, па ти што сакаш зборувај и мисли. За песната ок, вкус си е.
    Антипатична ти е, те нервира нејзината појава, те нервираат нејзините песни... ама гласот и е моќно оружје, повеќето други пејачки во Македонија и Србија се просечни со неа, далеку подолу од нејзиниот глас.
    Гласот, зборувам за гласот. :!:

    Не мора ти мене да ме учиш за почитување други мислења, знам на форум како се дискутира. ;)
    Научете се вие да не плачете одма после некој пост, ви се срона бисерот, толку сериозно да се сфаќало. Не е поентата на форум секој само мислење да си дава и толку. Сфатете еднаш дека треба да се реплицира и дискутира. Што се фаќате за "ушното" наместо да вратиш нормално и пробаш да ме разубедиш со некој факт или нешто што држи вода. Одма навредени се наоѓате, бре. :wasntme:
    Ама џабе е.
     
    На Annath, Madonna, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Да дааа, Боки да отидеше ств нешто интересно ќе смислеше и баш јако шоу би направил :))
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    После оние циркусине вчера, сфатив дека доколку се бира квалитетна песна и квалитетен глас, дефинитивно имаме шанса. Овие три години дефинитивно најслаби евровизии има. Калиопи е стварно мн средена, песната е супер нашминкана, направени се корекции, а за англискиов, коа видов какви магариња зборат лошо англиски, па си викам what the heck, нејзиниот и не е толку лош.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мене сеуште ме чуди едно нешто, а мислам дека и прошлата година истото го искоментирав, сериозно, ама сериозно Евровизија им е репер за квалитет на некои?!
    :D
    Виц на деценијата. Ко да не знаеме што и како функционира Евровизија. Јас лично не се ни замарам да коментирам од типот „леле каква грозна песна, ама пројде“, или „леле овој ич не знае да пее“. Чак што уште повеќе ќе навивам за ликови ко Рамбо, затоа што Евровизија е меѓународен фудбалски натпревар, фарса, циркус и одлична манифестација за сеир мавање.
    Кога имав 10 ја почитував затоа што научив фино да си бројам на француски и англиски и си ги научив и државите, така да плус за јазично школо на некој начин.
    Дигнете две прстиња сите што изговарале Pаys Bas, dix points :D

    Е сега покрај тоа што Евровизија како најгрозна музичка манифестација, од Европа - пази молим те Европа ама секогаш сум се чудела од кога тоа Израел е во Европа, а за Азербејџан, такоЃе - сум ја гледала и ќе ја гледам, пошто Балкан брате, си има некоја магија у тоа традиционално да гледаш и да пукаш сеир секоја година на едно те исто
    - And 12 points from Greece go tooooo - CYPRUS! :D

    Калиопи? И стискам палци, и пуштам среќа. Ама ептен. Песната како песна, ако одземам тоа дека е направена за Евровизија, ми е просечна, дури и мислам дека рокерскиот дел можеле да го изостават, затоа што почетокот како таков многу ми се допаѓа, а и баш ми е евровизиски.
    А исто така морам да се согласам, дека Калиопи има преубав, предобар и најспецифичен глас кај нас. Сто пејачки да наредиш една до друга, а да не ги видиш, Калиопи, нема да ја прoмашиш. Точка. Ако не го слуша некој тоа, онда слух за музика јоктурн бурда.
    Глупо е да се споредува знам, ама на пример Каролина, кој глас жити бога?! Подпросечно од тоа за мене не постои, ама Калиопи си ја почитувам како артист, како пејачка, и тука завршува моето. Како човек помалку, сеуште и го помнам испадот за онаа Евровизија кога плукаше по Македонија и се колнеше во се живо и диво дека она за Македонија никогаш повеќе (ах бре не зимај у уста нешто што не можеш подоцна да го издржиш). Кога дознав дека ќе не претставува си испомрчев, ама ај, си велам, што е наше, тоа ќе го ценам и ќе држам среќа за да не репрезентира достоинствено.
     
    На Annath и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас не знам дали е до моите уши или не, ама од тоа што слушав по youtube во второто полуфинале песните се подобри од првото. Тоа што ги напукаа сите сеири на едно место, некој од нив да влезе а за некој од второто полуфинале ќе нема место макар што би имале поарна песна.
    Синоќа бев ваква :puke: кога видам дека Грција влезе во финале, со права копија и на стил на песна и на кореографија како пред неколку години нивната победничка. Ама ајде нека им е.

    На наша Калиопи со среќа нека и е. Не знаев да е пцувала по Македонија, ама гледам ругала и вреѓала оти не била избрана порано, кога рекла што рекла девојката била нервозна и разочарана и не и се толку па вие фаќајте за збор за тоа. Жив Македонец ми најдете што не пропцувал по таа стопанка Македонија ама пак си ја сака највеќе. И да, ќе ја бранам тука, сите што и се смеете на англискиот дај оладете, оти не се само нашите македонци на овие компетиции што имаат смешен акцент или не баш најдобра граматика. Се труди жената и ја разбираат луѓето што е важно, и знаете што, англичаните не би и се смееле затоа како го збори јазикот па вие ли се најдовте овде нај-англо-писмени па рачки да и наоѓате? Give me a break :emo:

    Само, тоа што ја знае балканот и ќе и даде неколку поена(ако влезе во финале, оти кажи-речи цел балкан нема да гласа на полуфинале), остатокот од Европа не знае и не чула за нејзиниот Бато и колку е славна на домашен терен, така да ќе ја види едноставно како припунка(макар ослабела) "средовечна за таа кариера" жена која знае да погоди високи ноти без да ти даде главоболка, ама нема да ја разбере оти е на македонски(што мене ми се допаѓа и би сите да пеат на свој јазик), ама па барем мелодијата да беше catchy оти ако се преправам дека не ја разбирам, некако не ми е баш драматична или романтична баладата, ми се чини не привлекува доволно внимание. Со тоа што веќе реков компетицијата на втората полуфинална вечер е поголема, јас ќе ја бодрам и ќе гласам за неа, но не сум сигурна дека би влегле во финале.
     
    На Annath, livert, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Гулабица нека и ги позајми на Калиопи шах-мат хулахопките, да ја испее утре Црно и Бело. Баш се вклопуваат во атмосферата, сценски настап на нивоУ :wasntme:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Со среќа нека и е. Стискам палци!!

    п.с. Ми се лоши од коментари 'англискиот каков и бил', ко сите 'Англичани' да се во земјава. Ама тоа ни е во крвта, да ги фалиме сите, а да се критикуваме самите себе.
     
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    ^^
    Види сега, она кога си дозволува да се глупира ќе се смеат.. Разбираме ние дека е уметник по професија, ама сепак е јавна личност која сака да гради интернационална кариера.
    Ај да ја жалам парите да и се кусо, ама не е за жалење можела да се упише на некој забрзан курс и малце да поднаучи. Не е за оправдување..
    Од друга страна ако не знае, не мораше да се обидува да збори на англиски.. нека си дојде фино лепо со преведувач и никому ништо.

    Башка многу поедноставна варијанта, нека и напишал некој говор десет реда и нека го научела. Абе ако се сака и на Кинески ќе научиш еден говор на памет, не па на англиски. Ај молим те државата ја претставува, така ли требаше да се смее и кој може и кој не може.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ако втората вечер бидат глупи песни како и првата, нашата Калиопи е врв за нив.
    Ама бре,ни фалат реквизите... :@
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Да кажеш дека Калиопи незнае да пее или не пее убаво тоа ти е исто ко да кажеш дека Тина Тарнер или Витни Хјустон незнаат да пејат и имаат грди гласови |( и после за музички вкус ќе разговараме, yeaaahh |(
     
    На Annath, Keti-26, FBI и 7 други им се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Видеото од генералната проба :x не коментирам стајлинг ни сценски настап, ама женава ми предизвика морници по телово ! Се наежив бре
     
    На strangewoman му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Браво за темева ... Сакав баш да започнам да дискутираме но видов дека има :)
    Како и да е ... КАЛИОПИИИ ахх ја обожувам кога го гледав видеото СЕ НАЕЖИВ ЦЕЛАТА а посебно моментот кога писка ... Стајлингот и сценскиот настап се во „тон“ со песната ... Се е совршено одговара ... Само се надевам дека нема пак да зафркнат како Каролина кога беше со озвучувањето ...
    Искрено досега оваа наша песна е најдобра ... Се надерам дека ке влезиме во финале и ке се пласираме најдобро до сега :rofl: :*
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    11.859
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=zDi11IkH6H0

    Како човек не ја љубам, ама женава има гласиште. Бре, цела сум морници. Можеби нема да влеземе во финале, ама барем достоинствено ќе не претстави, за разлика од пропалитетите од минатите години.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Се ми е супер, само не ми се допаѓа како е облечена. :puke: Реков јас мора ние секогаш нешто да утнеме... :worried:
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чини, или гитаристиве многу се трескаат од земја? :^)
    Поготово тој од десната страна на Калиопи...
     
    На FBI, anabel-a, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Песнава многу ми се допаѓа. А Калиопи не е лошо облечена. Се надевам дека ќе влезиме во финале. За разлика од ланската песна „РУСИНКА„ овааа е сто пати поубава :) Ајде да и држиме среќа на Калиопи :)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Мене ми е сеедно до кај ќе стасаме со Евровизијата, бидејки и онака нема да победиме :^) така да не се нешо многу загрижувам, а нити пак мислам како било или ќе биде.Калиопи според мене има глас, песната, штознам, барем ќе ни биде чуена и потпевната од некого, толку.Се знае и веќе видено е како стојат работите во врска со Евровизија, така што барем сме се појавиле таму, ако ништо друго.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Како и секогаш плукаме по нашето...
    Каква и да е жената се труди има преубав глас и не е битно дали е слаба или дебела.
    и на крај краева плукате на самите себеси како очекувате некој друг да не сака кога самите себе не си се сакаме.
    ете тоа ти е Македонче брате туѓото ке го сака своето ке го плука и послем НИЕ СМЕ ПАТРИОТИ !
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.