И да ја плукаш и да не ја сакаш е ок, ама кога ги гледав вчера пола ретардоси кои влегоа во финале и оние педерчињана што рипкаа на сцена (жално), нашава е ЗАКОН ...па со среќа што и да направи нека направи, ама тоа што се избрука деновиве со англискиот и со сите глупости што ги направи тоа ке и остане за цел живот, ОСВЕН ако не се пресели после евровизија одма кај РОМЕО у тугина , мене тие гревови не ми с егледаат
Вечер 2-ри настапуваме по ред? Него, неоспорен е фактот дека Каљопа наша не знае да пее. Барем ќе знаеме дека кога ќе отвори уста, отворена е. Не у буквална смисла . Јас искрено се надевам на влез во финале, но не и на добар пласман во финалето на 26-ти. Треба да го земеме у предвид тоа што за евровизија треба потпевливо рефренче, а годинава во дефицит е евровизија со тоа, ама сепак.. Пеењето на Калиопи ќе не спаси и ништо друго. А тие wanna be со гитарите од нејзините страни, малце да се присмират, едно бедоксинче против бедови пред настап и нема да се лупаат толку од земја.
значи стварно колку ниско пајѓаат ова грчиштава,неможам да замислам на you tube што се не имаат напишано во коментарите на калиопи евровизиската песна,греотни душички, затоа ке пропаѓаат се подлабоко и подлабоко
СО СРЕЌА НЕКА И Е !!!!!!!!!!! Сакам пак колективно да се радуваме како за кошаркарите летото..и за ракометарите зимата КАЛИОПИ.. ти посакуваме најдобар пласман досега
Англискиот воопшто не и беше лош. Жената сама си кажа дека англискиот не и е перфектен, а освен тоа не истреска некои глупости како „македониш“, збор што основно треба да се знае како јазик кој го говориш. Мене баш ми беше симпатична нејзината презентација, искрена, сромна и пред се позитивна.
Со Калиопи до победаа Што убаво би звучело а ? Море едно финале така вечерва да се порадуваме малку. Напред Македонија !
Не знам искрено што толку и' се запнаа на жената за англискиот. Руслана и ред други пејачи на Евровизија исто така си немаат поим. Домаќините не го сфаќаат толку трагично, важно ние енглезите од тука си изнапукавме сеир. И Тоше Проески, бог да го прости, имаше проблеми са собом, па сите гледавме благонаклонето кон неговото недоволно познавање на падежите од соседот.
Мене ми се створи одбивност кон Калиопи, поради упорното форсирање и лобирање од нејзина страна за настап на Евросонг. И ете, годинава -“ако планината не сака кај Мухамед, Мухамед ќе оди кај неа“. Реално, има глас за почит. Песнава од вртење по радиостанициве ми стана певлива... а кога видов што се’ влегло во финале- мислам дека заслужуваме и ние. Калиопи, не си ми најомилена- ама пожелувам да не претставиш во најдобро светло
^^ Ниту Тоше не беше поштеден од нашите критики, цела кариера кутриот мака тегнеше со нас, дури при крај некаде го прифативме така како што треба... А кај Калиопи се изненадив кога во едно видео ама апла поима немаше што зборува, и немаше да бидам толку зачудена да беше некој друг во прашање, но таа сама си ствараше една слика за себе како голем професионалец, озбилен уметник, често се ставаше над сите пеачи во Македонија, па затоа очекував и ова да го истера како треба-како што многу рекоа барем да учела напамет...Али добро, чисто како коментар инаку ок, ја подржувам...
Калиопи и англискиот ... Девојки Калиопи е личност со 40-50 години ... Таа неможе на тие години да учи англиски јазик ... Како и да е уште на почеток самата кажа дека англискиот не и оди и дека не го знае англискиот јазик ... Колку од жените на 40-50 години знаат англиски !????????????????? Ни 30% не знаат ... Таа младата манекенка Софија како ли се викаше незнаеше англики не Калиопи ... Дај не се брукајте со коментариве ви се молам
Зашо ние се брукаме? Се брукаат тие шо се таму а зборат папагалско-англиски. Таков англиски имам слушано мноооогу Евровизии по ред и тоа од млади луѓе од сите земји, па затоа и не е некоја трагедија ова со Калиопи. Некако и ми се вклопува во шемата. Можела да каже на ливче да и` напишат десет реченици да ги научи на памет и во заграда да и` пишат изговор ако сакаат, ама таа ете, не сакала да се замара со тие работи, настапот и` бил очигледно поважен, што и треба да биде... Е сега да ти одговорам на прашањето за жени над 40-50 години кои знаат англиски: иам 3 колешки од работа кои знаат англиски а одат накај 60ката. Возраста нема врска, не морала од 40, еве да почнала од 20 години да учи англиски (тогаш сигурно имало каде да го научиш). Без основно познавање од англиски на еден компјутер шо се вели не можеш да работиш, а да не збориме друго. Тaка да ова образложение не држи вода. Едноставно не се ориентирала жената толку на јазиците, не е добро, ама не е ни трагедија за Евровизија (ако збориме за некој сериозно престижен фестивал а не freak show ај, ама Евровизија бе...) Жената се ориентирала целосно кон музиката и последен доказ за тоа и` е последната проба од која останав со подзината уста. Дури и ми е шубе шо толку квалитетен вокал праќаме на шитовизија каде што тоа, очигледно веќе одамна не се цени.
Калиопи пее растура на азербејџански! Овој пат се обидува да изведе традиционална азербејџанска песна насловена „Сари Гелин“... Уживајте во перформанскот на Калиопи и не заборавајте, VOICE for Kaliopi!!! http://www.youtube.com/watch?v=xf907Jhe ... r_embedded
Мене па од секогаш ми биле интересни музичарите како се внесуваат во тоа што го прават. Затоа и дечково ми е доста интересен. Во лицето му се гледа дека ужива
Јас незнам што толку се фативме за англискиов, и со оној Џоко беше исто, ма дајте луѓе не ги праќаме на Нато самит па да ни биде битно како и колку знаат англиски, побитно е дали знае да пее и како ќе отпее, а Калиопи во тоа си е најдобра, за мене она е најдобар македонски вокал во моментов. Вчера кога го слушав видеото од генералната проба се испонаежив, женава не да пее, туку растура свака и част. Можела да научи, точно, ама сепак од на натпревар за најдобра песна на Евровизија, каде се бара да пее, а не да докаже и покаже колку знае англиски. Па така да боље и е да вежба соло пеење отколку изговор на англиски за да макендонштинава не ја руга. Мислам можда ХХЛ поише англиски знаеле, ама затоа фалшираа поише него кафанска певачица во Деспина.
Ја и не сум баш нешто воодушевена што Калиопи ќе не претставува Незнам зошто али женава од секогaш ме нервирала, а мислам и дека нема да испее ко што треба ќе писка на сцена али ајде...тоа ти е Ајде со среќа
Добро де секој има право да си каже мислење, некому му пречи некому не и што сега. Се напнавте вие повеќе мислиш прва братучеда ви е Калиопи, ќе глумите заштитници. Еден кажа не бил битен англискиот и ајде сите по него, исти постови. Ма дај.. А што пее Калиопи, пее никој не може да негира. Ајде ќе видиме вечер, јас се надевам на финале.
Што врска имаат годините со говорењето на англиски,дај ти се молам,да не се вреѓаме по форуми. Колку од жените на 40-50 години знаат англиски?Да ти одговорам-онолку колку што им треба на работното место,онолку колку што им треба за да се разберат кога патуваат во други земји,онолку колку што секоја од нив ќе процени дека и е доволно да знае. Англиски јазик,да ,треба да се знае од општа култура итн,ама толку врева се крена околу Калиопи и нејзиниот англиски-аман,ирититира веќе.... Па не ми е чудно ако некој не знае англиски,или пак згреши малку.Почудно ми е кога ние, македонскиот јазик не си го знаеме(зборувам за литературниот)кога се „јадат“ букви при пишување,кога имињата се пишуваат со мала буква.....А ова ,Калиопи,па Калиопи....дрн-дрн јариња. И да,јас сум скоро на 40 години и го знам англискиот јазик. Поздрав.
Јас фино си се изнасмеав кога го гледав видеото со англискиот на Калиопи. Ама, па повеќе ми беше некако симпатично, трапаво, будалесто...одошто нешто се испопотресов што не знае англиски. Оти?! Оти официјални државни претставници не знаат да бекнат на нити еден јазик освен мајчиниот, и истиот не го бараат баш ко што би требало, за фукнцијата што ја вршат. За гласот... каде-каде по ми се доапаѓа тоа што, Калиопи не претставува, одошто многу од досегашните наши претставници. Не и ги свиѓам настапите, патетикус изведувањата, цмиздрењата, лигавењата, пискањето специјално и во оваа песна за Евровизија исто така... ама искрено, па и преку таквото ми е да речеме од Србија и остатокот од ех-Ју, кои фураат со еден ист стил на музика и песни, пошто се нели „добитна комбинација“ и припаѓањето на нашинците по истите. Поима немав дека Евровизијата веќе почнала. Не знаев ни за прошлата вечер, а еве случајно дознавам дека вечерва ќе има повторно. Песната првиот пат кога ја слушав не ми се допадна искрено. Потоа, воопшто и не се ни замарав со тоа каква е, што е..дрн-дрн. Сега го гледав видеово што го постирала Савана и видов таму и линк од пробата. И, ми се свиѓа пробата, ми се свиѓа како звучи Калиопи на пробата. Интересно ми е и нејзиново ала-Азејберџан тепихче и песната и то. Се друго ќе оставам вечер да чујам-видам... прво да побарам у колку саат ќе е. А.. и не ги ни имам чуено другите песни, да проценам какви сме у споредба со тоа, што нуди „конкуренцијата“.