Многу ми е гајле кој ќе не претсавува одвратна манифестација ми е. Ја забораваат вредноста на музиката луѓето очигледно, па мешаат политика во нешто кое е толку вредно убаво корисно нешто кое те орасположува ....... А инаку кој и да испратиме се исто ни се фајќа
Епа не бидете толку песимистички настроени. На сите ни е јасна ситуацијата и гласањето, ама кога можеше Србија да победи, зошто и ни е не? Тоа малку потешко ама можда ќе имаме годинава добар пласман. За евровизијава ја су скептик уште од времето кога Мартин Вучич не претставуваше па навака ич немаме квалитетна песна пратено. Ќе видиме што ќе направи Калиопи(изборот на песна значи следи допрва ко што разбрав), народот со гласање ќе одбира песни ко за Тоше што се бираше(од неколку песни) таа со најмногу гласови ќе оди. Е тука е важно, да има согласнот и да се одбере навистина најубавата и најквалитетната за сечие уво, и да биде силна, моќна и певлива. Се надевам дека Опи ќе успее да изнесе таква песна. Во неа не се сомневам и во нејзините гласовни способности, иако знаеме каква политика е евровизија ја и посакувам многу среќа ДОСТОЈНО ДА НЕ ПРЕТСТВИ И ДА НИ ГО ОБЕЛИ ОБРАЗОТ веќе еднаш после овие две години брукања и исмевања, со јазикот и критиките, местени, не местенки. Уште да ги слушнеме песните, па после ќе дисуктираме за квалитетот и за изборот.
Жената е супер има прекрасен моќен вокал ...ам џабе ни е се ,пошо евровија е наместена секоја година го гледаме тоа сите земји си ги разделуваат поените на своите соседи и се веќе однапред си знаеме како ќе биде ,дури нема ни потреба да се гледа мислам јас
леле...па неееее! зш еднас не се одбере некој пеач со стас и глас..и да се осмисли асална кореографија и сцена....ова пак ке биде нешто кич како и до сега, со исклучок на Eлена Rистевска
Баш ОВА е нашиот проблем. Секогаш сакаме(т.е. не сакаме ние, туку ги праќаат без врска) да пратиме што потешка песна и што поквалитетен вокал, наместо да се гледа пред се песничката да е лесна, певлива, па макар и вокалот да не е најнај.. И секогаш истата тема, или се пее за МУЗИКА или за некојаси животна филозофија. И да е наместено, не велам не, ама на Евровизија победува лесен ритам и претпознатлив сценски настап, а не квалитетни дападнешнаг*з вокали.
Што се буните за Калиопи, кого треба да испратиме Дарко Илиевски или Панчо? Жената е колку толку позната барем на Балканот, има прекрасен глас. И поубаво што нема избор, зашто е само трошење пари и местенки.
Што ако има квалитетен вокал, кога песната ќе биде тапа и пак ништо. Кај нас нема уникатност, нема креативност. Јас отсекогаш се прашувам зошто синтезис не ги пуштат, имаат преубави песни во етно стил, абе милина. Сигурна сум дека со нив би освоиле повисоко место. Али шта је , ту је.
Не секогаш победува лесна песничка, певлива. Да не речам глупава. Еве пример Марија Шерифовиќ со Молитва. Преубава песна, статичен сценски настап, балада, а плус и на мајчин јазик пееше. И победи. Заслужено. А ние секоја година што се брукаме тоа е факт. Калиопи барем има глас. И џабе зборите не е битен вокалот, кога е битен. Само ние немаме добра песна. И никогаш нема ни да имаме. Затоа и пејачот и неговиот глас не доаѓаат до израз. Што ако Тоше беше на Евровизија. Кога песната беше никаква. А таа година Жељко партал направи исто со балада. Или неколку години после тоа мислам, Хари Мата Хари со Лејла. Балада. Единствена песна (песна зборам, не пејач) што вредела на Евровизија е Црно тиквешко од Владо. На наш јазик испеана, без глупирања и сл. Си мислат таму некои дека ако пееме на англиски ќе собереме некое поенче повеќе.
Мора да рециплирам на болдираново..Мислиш дека синтезис би прифатиле понуда да одам на еден циркуз како што е евровизија? Мене не ми се верува... Тие веќе им се познати на доста луѓе во светов, и не верувам дека ќе сакаат преку евровизија да ги покажаат своите способности, а воедно и да се рекламираат самите себе... Јас евровизијата ја сметам како една промоција на пејачот надвор од нашата држава, да стекне некое искуство и колку толку да му биде познат на балканот(секако дека нашиот изведувач никогаш нема да се спомне на скадинавските земји, како што и ние тоа го правиме)
Па изборот на песна не е направен, Калиопи како претставник ја избрале без конкурс без избор, а нејзината песна ќе треба да се одбере веројатно со гласње преку смс пораки.(Како што беше изборот на песна за Тоше)
Oва излгеа зашто плачеше пред година две зашто не ја избраа.....па нели демек никогаш немаше да се врати во Македонија да пее, бла бла.... Циркузи, во сколоп на целта манифестација
Калиопи ако ништо друго е одличен вокал, никој неможе да оспори дека има прекрасен глас. Подобро таа да не претставува, отколку некои што беа испратени последниве години. За песната ќе видиме, ама и јас како и повеќето, не се надевам на којзнае каков пласман. Дај Боже да грешам.
Ве молам малку воздржете се од коментарите за Калиопи. Се најде некој по асален од нејзе во претходните години? Кој друг може таа обврска цврсто да ја превземе? И годините и се таман, има искуство и грешки од кои верувам дека научила повеќе од секој кој може да биде ново изберан претставник за да не претставува. Добро знаеме какви сме, на што сме, каква е Македонија и какви песни има, НО тоа не значи дека истото треба по 100ти пат да се повторува во секоја тема. Во ред такви сме, но не стоиме во место, се движиме можеби со милиметри, но сепак се движиме. Баш ми е мило да нема избор и нејзе да ја испратат. Нека проба бре, шансата ја имаа многумина кои се знаеше дека нема да направат ништо, зошто да не видиме дали може нешто? Се пријавуваше упорно повеќе пати, верувам ова и е силна замисла и дека може да ја зграби. И онака не ве занима евровизија нели? И онака ви е гајле дали Македонија ќе учествува? Па што тогаш се буните?
Спојлер Прво се извинувам, што отворив тема за ова, не видов дека веќе постоела. Па искрено, мене веќе се ми е исто. И онака како што кажавте, не се пласираме никогаш високо, дури веќе неколку години по ред, не одиме во финале. Иако сега сигурно Калиопи ќе не претстави со некоја балада, но барем, нема да не претстави некој дебитант, што прв пат слушам за него. Како што рече Сашко на Златна Бубамара? Какви се македонските песни? Се некој некого оставил, ми отиде за друг, јас го имам волот, она мене не ме воле.. И не ми е јасно, како може цела година, да има некои солидни песни, а кога станува збор за Евровизија, сите се која од која, неможат една асална песна да направат. Иако Калиопи е доста солиден вокал, требаше НИЕ да одбираме, а не МРТ.. ама се знае.. какво с*ање се.
Нормално дека не би прифатиле, затоа досега не се ни пријавиле. Кажувам само дека со нив би имале некаква шанса, а што се пријавуваат тикви на евровизија, тоа е друго.
Кој сака нека ја претставуваа државава i don't care anymore. И така нема да влеземе у финале, нит ќе се пласираме за у полуфинале (не се сеќавам кога последен пат сме се пласирале). Не сакам да бидам погрешно сфатена дека зборувам лошо за државава, дека не верувам во неа итн итн, ама како бре луѓе очекуваат да влезат во финале кога пеат на македонски?! Па брате мили кој ќе ја разбере песната освен србине, хрватине и бугарине? И после очекуваат да влезат во финале? И на евровизија веќе не доаѓаат луѓе кои се стварно познати и имаат квалитетен глас, туку дечишта што мислат дека ако се облечат како Лејди Гага ќе влезат во финале! Искрено не вреди да се коментира. Нека и е со среќа на Калиопи, дај боже она да успее да не донесе до финале.
Калиопи се откажа дека никако не и` дошол редот за Евровизија, а е во првите вокали, ама еве сега шанса и одма скокна за себе промовирање. Однапред предвидувам лоша песна и лош пласман. (Иако Калиопи е искусна, итн...) Однапред ја замислувам со црна долга коса како перика, силна шминка, долг темен фустан како мантија. Со должна почит кон Калиопи, ама за Евровизија треба нешто младо, разголено, растресено, лесна песна, а не тешка, ама квалитетна...