Форумџика на годината

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Ова евровизијава е само мање-више добро организиран медиумски циркуз, а нашиве пејачи ќе се испотепаат кој да оди, луѓево овде се жалат сме немале добри песни :D Seriously? :^) И онака ретко може да се најде добра песна на Евровизија изминативе неколку години :^) Нашиот проблем е во тоа што премногу сериозно го сфаќаме тој фестивал на кој и онака сме омаловажени од политички причини... Пак ќе кажам, додека другине намерно се глупираат, ние испраќаме таму вистински пејачи (што е случајот годинава) а на крај и вака и онака се ќе започнеме и ќе завршиме со плукање, епа сами сме си криви... :) Наместо да си се повлечеме од таа парада која честопати ја преминува границата на невкусот...
     
    На crazylady, anneyy, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Oва ти нема благе везе!
    Не го ни сакам ни мразам, сеедно ми е за нашиве композитори, Копров не го пропушта нашиот избор на Евросонг, ама не победуваат негови песни. Мешање баби и жаби. 2 пати биле негови песни Русинка и Не зори зоро.
    Немало да победи млада ѕвезда. А ХХЛ прави дебитанти? А Елена Ристевска? А Некст Тајм?
    Ај да го мешаш Копров со Охридски трубадури, ама со Евросонг е безвезално.

    1996та со песната Само ти
    http://www.youtube.com/watch?v=kINdUog9_04
    Но сепак имало некои правила и поради кои не добила можност во финале да пее. Така нешто беше приказната.


    Инаку сигурно глупа песна ќе изберат, а и да изберат одлична песна џабе е. Евросонг е шоу, циркуз, печалење пари, политика на велико... тоа не е избор на европска песна.
    Со среќа нека и е, нека се прошета. И бар нема гласовно да не избрука ако ништо друго.
    И да нека не цимоли и нека не добива емоционални шокови како што знае, тоа е она што ме нервира кај неа. Не можеш микрофонот да и го земеш од рака додека 10 пати не рече фала и 15 пати не се поклони.
     
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Треба да изберат некои нови лица за еurosong,Калиопи е веке видена.
     
  4. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    ОК, тоа јас поинаку ја знаев приказната, само вака било. Прв пат официјално се појавивме на Евровизија 1998 година во Лондон со Владо Јаневски и Не зори зоро. А првиот обид на Македонија беше 1996 година со Калиопи, но не сме исполнувале некои услови околу квалификациите и поради големиот број на пријавени членки Калиопи не се појави на фестивалската вечер. Таа имала само некој настап пред жири-комисијата кој не бил ни емитуван во јавност за пошироката публика. Значи немала иста можност како што имаа останатите наши претставници, натпреварувањето таа година се одржало под малку поинакви околности од вообичаено.
    Инаку тогаш поинакви беа правилата ако ви текнува, немаше полуфинални вечери, доколку некоја држава не исполнеше добар пласман, паузираше една година.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Кој и да пратиме, џабе е, каков сака глас нека има Калиопи или било кој од нашите, кога на Евровизија тие што сум ги видела, сите катастрофа, глас никаков, а ете си победуваат, се знае зошто.Според мене, ако добро сум информирана дека Италија од одамна се има повлечено од Евровизијава ( циркусот :D ), паметно, ако треба некој да не дознае, да знае за нас, пак ќе дознае и без Евровизија.Само незнам нашиве што се толку убедени дека треба да не има на Евровизија, а па да не зборам за пласирањето во полуфинале, а за финалето сме се збогувале, мислам тоа не е ни за муабет :D Не го негирам нашето дека не чини, туку велам дека самата Еврозвизија не чини, земајки ја во предвид политиката прибидејки се меша секаде каде не треба, па во однос на тоа, зарем би требало да се очекува некаков успех за нас? Па наместо Евровизија, можеле да ја прекрстат комотно во Циркузијада :D и решен проблем, барем достојно да се претстават странскиве држави :D |( Веќе кога одбрале Калиопи да не претставува, барем една убава астална песна нека и најдат, да не излезе трагично :D
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Како не им текна Виолета Томовска да ја пратат, барем има милозвучен глас, не знам што ја форсираат толку Калиопи мене не ми е ништо посебно. А и веќе видовме дека на евровизија бараат атрактивност во секој поглед. И онака нема да оставиме впечаток како некоја од "јакиве" земји учеснички, зашто они мора да се на врвот, барем да избереме некоја актрактивна пејачка и со брза лесна песна. Ама нашиве не знаат ни песна да направат, Тоше можеше растур да направи да му направеа супер песна, како што ги има, а не му ја упропастија шансата со лав из д бук.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Браво одличен избор.Така им одговарало на Господата од МТВ мислам сакав да кажам Калиопи фрлила добра сума на пари,па ќе не претставуват на Евровизија.Епа редно беше после толку не успешни обиди да и се насмевне среќата.Во секој случај и посакувам многу среќа,па како Македонска најпозната поп дива..."СИГУРНО" ќе ја донесит Евровизија во Македонија!
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Русинка-Копров
    Не зори зоро-Копров
    Мојот свет-was composed by Grigor Koprov
    и
    Кристијан Габровски-Кристијан Габровски што му е десна рака на Копров
    Русинка-Влатко Илиевски-Копров


    Јован Јованов-Некст Тајм нешто што ке остане

    Е од овие никогаш нема да праќаме добри песни..!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам :?:
    Не верувам дека ке се пласираме повисоко од минатата година :?:
    Но ке видиме :?:
    Ако има добра песна може и ке освоиме повеќе гласови :lol:
     
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Абе луѓе за Македонија и Елвис Присли да оживее и да пее нема да победи на Евросонг.
    Тоа Е чиста политика. Не знам зошто е наречен музички фестивал? :?: Наместо пејачи таму треба да се пуштаат премиери, амбасадори, министри, канцелари...па така веќе нека се знае кој е нјадобар во политика.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Точно, и покојниот Тоше Проески да воскресне и да оди да запее на Евросонг, џабе ни е.
    И не бре луѓе, не е ова генот на самоуништување на македонштината, просто така си е.

    А не знам па зашто се потресуваме ние толку?
    Што сатисфакција ќе имаме, а влегле, а не влегле, па и да победиме?

    Некој победник као направил огромна кариера, или што?
    Кај е Руслана, кај е тоа детето гревно со виолинчето или ред други победници?

    Ова е чиста исполитизирана забава, не знам зашто губиме време и енергија, кога тие пари што се трошат таму, може да се пренасочат за нешто пополезно за спонзорирање.

    А сме играле на сите карти, некој веќе спомна, бираме пејач, бираме песна, бираме помеѓу двајца со по 4 песни, дебитанти, Елени, мелени, двајца бушавковци.... тра ла ла...

    И? Резултат?
     
    На Gordana10, crazyinlove19, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Грл со должна почит кон тебе овој дел што ти го цитирав ми бодеше очи и морав да реплицирам.
    Не се согласувам воопшто, еден пример ќе земам, за младо во право си, ама тоа не игра улога Адел е млада, ама не е разголена и не се растресува и да сака не можа да се разголи зошто ќе делува невкусно па пак добива греми награди и е најслушана во цел свет.
    Значи не е толку до физичкиот изглед колку што е начинот на кој пее и до песната.
    Марија Шерифовиќ никакво тело-во костум=ич разголеност па пак победи.
    И вие што викате Калиопи платила за да учествува и да се испромовира. Мислите до тоа и е, покрај толкугодишно постоење на сцена и занимавање се со оваа работи и дошло да плати за да учествува на евровизија? Мислам дека баш заради годините не и личи тоа. Барем мислам дека е многу моќен вокал, па и колку да не ни чини песната(се надевам дека ќе чини) ќе ни даваат барем по 4 бода за моќниот вокал. Нека ги маѓепса бе таму со гласиштето, нека им покаже што е глас.
    Знаете песна може да биде со три збора, а се останато звук и мелдоија која може да ја прозведе со пеење. ;)
     
    На Lacrimosa и Elennaa им се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Лукс, девојката збореше за Евровизија дека се барало нешто лесно, растресено а не во светски рамки како што ти ја спомна Адел која има моќен глас, а не е растресита материја. :)


    Нејсе, искрено веќе I don't give a damn for Eurovision really.
    Ако порано едвај чекав да почне Евровизија, да чекам да дојде ред на Македонија, да попуштам до даска па макар и „Лала Лејлаааа ла Лејлаааа..“ да пее, јас бев овде да поддржам, макар и да немав некој изграден вкус и слух за музика, секогаш бев тука да навивам за Македонија. Последниве неколку години сум максимално разочарана и од песните што и другиве земји ги испраќаат на Евросонг, па и ние сосе нив, така да не Калиопи, не знам кој да е, не верувам дека нешто повеќе од влезе во финале и 15 место ќе постигнеме( што и тоа веќе го нема последниве неколку години).
    Што да кажам за Калиопи не знам.
    Знам само дека иако е врвен музичар, ги мрзам нејзините трилери, и завивања на крајот од секоја песна како крава која го има завршниот збор пред да ја заколат. Кој слушнал свиња in live, знае. Тоа секако ќе го има и во евровизиската, сигурно. Има многу добри песни што се тиче нејзиниот репртоар, но чисто сумљам дека ќе има добра песна на Евровизија, што и не е предуслов за пласман во финале, а и добро место во финале.
    Одамна се изгубени вистинските вредности во смисла на песна, и глас на изведувачот.
    Само политика и политика.


    Веќе напамет знам кој за кого ќе гласа. Само што ќе кажат дека одредена земја гласа, веќе знам на кој ќе ги даде 10ката и 12ката. Така да калкулации џабе праиме, пак ќе бидеме на дното.
    As always. |(
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    И тоа како игра улога изгледот.. не за џабе викаат сексот се продава! не дека јас го оправдувам ова и викам дека е во ред! во никој случај но не можете да кажете дека изгледот не е битен! А добро чим ја зема Адел како пример зошто она не настапува на Евровизија? Абе ајде! Да станеа сите некој и нешто од Евровизија сите ке се тепаа да се натпреваруваат. Евровизија е еден циркуз.. Бара настап, бара сцена, бара светла, кореографија! Треба да биде нешто интересно (бар така функционира во денешно време)
    Еден пејач треба све да поседува.. се разбира има исклучоци но тие не важат кај нас балканците!!

    Калиопи е супер вокал да се разбереме.. многу добро пее! и не може некој што не е компетентен да зборува како она завивала или се дерела! Но сметам дека не е за Евровизија дефинитивно.. па она беше револтирана кога се појави со Наум Петревски демек немала више да се појави на Евровизија.. ми смета тоа што одеднаш оп се смени мислењето а?
    Она е јавна личност пред се и не треба такви изјави да дава заради тоа што она е долго време на сцената и ако знае како функционираат работите кај нас нема што да се лути..
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ако, јас ја зедов како пример таа прва ми падна на памет, инаку имало и други претставнички што не биле физички тип-топ, само нема врска, нема врска изгледот никаква улога во гласањето.
    Нека е и најубава нашата и да има најубава песна, ако е гласањето тапа џабе ни е се, тоа е проблемот.
    И аман со тоа дека рекла дека нема да се пријавува за на Евровозија повеќе, момент на револт, што дека така рекла сега ради тоа да не се пријави, а има шанса?
    Знае таа што прави, сигурно го знае изборот на песни, па можда ја има победничката кај знаете, види ги песимисти едни, :rofl: чудо ќе биде да добиеме висок пласман, па ќе ни ги затвори на сите устите тогаш што сме кукале дека никогаш нема да добиеме висок пласман.
     
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ООФФ лелее.. значи не ги двоиме изгледот, песната и настапот! туку се во комплет!
    Гласот, песната, настапот, дури и изгледот, па кореографијата, !! Значи сите овие заедно а не ги коментираме посебно ако некоја е згодна а нема добра песна!!

    Затоа и напоменав горе дека еден пејач треба да ги има сите квалитети..
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абе да треба да ги има сите квалитети за да биде обожаван како пејач, ама за евровизија веќе не е тоа што било, ја изгубила вредноста со тек на време, тоа зборуваме дека не се цени повеќе комплетот, туку од која држава си, и дали си сосед и развиена и моќна земја за 12.
    Значи на крај работата е претставникот и песната не се толку важни колку што е важно гласањето или во гласањето ние да добиеме поени.
    Се тешам дека барем за моќниот глас ќе и даваат на Опи барем 3 бода. :lol:
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    Точно! тоа е факт.!! затоа и не можеме да стигнеме далеку а евровизија више не е тоа што беше! но тоа не се случува само со евровизија туку со целиот свет и во секоја музичка сцена!
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Конечно и` се исполни желбата на Калиопи. :rofl:
    А за тоа до каде ќе стигнеме не сакам ни да коментирам,ни да пишувам.На евровизија се цени кој ти е сосед да ти даде повеќе бода,а не песната и интерпретаторот.Ние `немаме` соседи.
    Однапред се` се знае.Тоа е.

    ФалаЧаоПријатно. |(
     
  20. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Има глас Калиопи - да, ама како човек воопшто не можам да ја сварам :puke: . Ептен ми е антипатична. Искрено се надевам дека нема и Европа да го има истото мислење. Како и да е, не очекувам висок пласман, поточно не очекувам ни влез во финале ама ајде нека и биде, нека проба.
    Евровизијата како настан не ја гледам веќе неколку години по ред, порано со душа ја чекав цела година, ама порано песните од Евровизија хитови стануваа, а на победниците им се гарантираше иднина. Е ама тоа беше порано, додека не вплетка прсти и политиката. Сега може и имаме шанси да добиеме некој глас - од соседите.
    Со среќа нека и е на Калиопи, ама сепак сметам дека ќе се разочара на крајот.