Форумџика на годината

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не сум некој посебен љубител на Калиопи, но ако и ја погодат песната, и направат некоја моќна, и ја изведе во свој0от максимум, не верувам дека ќе изгледа лошо.
     
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Катастрофа!
    Со цела почит за неоспорниот талент што го поседува, ама женава не ја можам, посебно не откако се избрука за сите пари, со песнана румдудудудудудм, со која најнормално не смееше да замине на евровизија, како и што не замина, па плачки, најавуваше повлекување од македонската сцена, замина од државава, ќе пеела само во странство и такви глупости кои воопшто не и доликуваа на годините и музичкиот бекграунд на кој постојано се повикува.
    Големо НЕ за неа, и уште поголемо УААААААААААААА за тоа што излижа онаму кај што плукаше.
    На вистински големо име, за какво таа се смета, а и повеќето ја сметаат, не би требало животна желба и преокупација да му биде едно циркуз-шоу од типот на евровизија, или не до таа мера, да прави скандали, да дава изјави за кои немала намера да ги испочитува, туку се избрука до максимум.
    И она малку почит што го имав за неа веќе го немам, како што впрочем го немам за никој кој погазува даден збор, па уште вака јавно, пред цела држава.
    Мизерно!
     
    На Scar.Tissue, MandyLane и girl.23 им се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Зарем постои некој што уште гледа евровизија.
    Јас мислам дека ние премногу сериозно го сфаќаме овој фестивал. Пример, во другиве држави си организираат најобично фестивалче, си бираат победник, нит се замараат ни ништо, а ние цела година се спремаме, секоја година скандали, драми, плачки, местенки и пак ништо на крај. Џабе е се....секоја година комшиско гласање, истото па истото.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Еве и предлог за стајлинг:

    http://www.youtube.com/watch?v=4MR6D7tL38U

    Нека одвришти нешто и нека се врати квичејќи дека ништо не освоила. И пак нека се налути на сите и пак нека протестира на македонската естрада. Колку дволично створење, јао.
     
    На mims-89, barbie-hilton, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    А според вас можеби попаметно е Слаткар да го пратиме а? Бидејќи сега нели он е популарен. Заедно со Дарко Илиевски и компанија. :fubar: Каква е таква, барем не е дебитант!
    Влатко Илиевски да не случајно „вришти“ подобро од Калиопка?
    Али кого и да изберат, секогаш ќе има некој да мрчи.

    Инаку не ја сакам ни јас, но длабоко во себе се надевам само дека ќе има барем некоја добра песничка,во што искрено се сомневам.
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Ова испадна одам на евровизија ако не милум, силум одам. Буквално излижа таму каде што плукаше ајде барем да се надеваме дека ќе добие добра песна во кое што најискрено се сомневам!
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    A кога ќе има избор за нејзина песна??
    ќе биде исто ко со Tоше што беше??
    да не знаете датум? :)
     
  8. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Домашниот избор секогаш е во март,а Евровизија во мај некаде.

    Милам дека чим веќе одбрале Калиопи да иде треба да се напраи стварно добра песна а не ради реда да помине.Знаеме дека на Евровизија не победува најдобра песна туку најдоброто шоу,нема дискусија.Не сум нешто воодушевена од изборот ,ама кога веќе идеме и знеме дека нема да победиме да го сработиме тоа како треба ,како што доликува а не замо циркуси да изиграваме и да ни се смеат.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Јас слушнав 15 декември ке биде избор на песна!
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Зошто Господе, зошто сеуште се појавуваме на Евровизија???? :headbang: Дали Калиопи или не знам таму кој, искрено баш ми е сеедно. Години наназад ем што никој не не ферма таму, па и редовно како да правиме избор за најлошата песна годината и со неа се претставуваме. Калиопи можеби има квалитет ама од сега знам дека песната крш ќе биди. Најверојатно некоја патриотска тажалка.
     
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Супер! Ја обожавам Калиопи, има прекрасен глас.. Вистински претставник ќе биде.. :rock:
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека и е шо да речам друго.. хахаххахаха :rofl: (ужас или ќе се изнатажи или ќе се изнарика трето нема :puke: ) и се исполна најверојатно животната желба :lol:
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    Само ако оди Калиопи со песната Бато може да освои место меѓу првите десет. :wasntme:
    Луѓе песна треба, тим, лобирање ... и на крај краева добри финансии. Не битно кој и да не претставува.
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    По се изгледа дека навистина се ближи крајот на светот штом Калиопи ке не преставува.Има жената добар глас но и јас не можам да ја поднесам.Не бе ако сака нека биде светска пејачка не ми иде некако.Којзнае каква песна ке и одберат.После таа Румдумдумдум сум тотален скептик во врска со нејзе.
    A коерографија?или само ке стое како дрво или ке прави мимики со рацете? |( или пак позади некои ке изиграваат животни?

    Ма не знам јас воопшто зошто учествуваме на ова натпреварување кога нема ни во финале да влеземе :fubar: само пари да се фрлало а таа ке си се прошета во Азербејџан.Па нели беше разочарана?Абе ајде.
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Подобар е ваков систем на избор одколку преку фестивал.

    Не нешто дека посебно ја сакам Калиопи, но мислам дека е добар избор, можеби најдобар од она што го имаме во моментов. Мислам дека Евровизија не е за млади и неискусни пејачи, колку и да се добри вокали. Мислам дека важно е искуство на сцена, настапи во живо. И не се само тие три минути настап. Однесување, интервјуа со новинари, познавање јазик. Мислам дека Калиопи тоа го поседува. Единствено само да се избере добра песна, и да не се изглупираат со некој сценски настап.
     
    На Mini-Mouse и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Значи следен наш претставник на тој циркус ќе биде Калиопи. Мене повеќе ме радува тоа што веќе не се крева многу прашина околу фестивалов - изгледа конечно народов свати дека тоа е само обичен фестивал. А за Калиопи мислам дека е одлична пејачка само се надевам дека нема да направаат некоја ептен лоша песна :)
     
    На Christyn и Princess.S им се допаѓа ова.
  17. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Nahh... Whatever.. |( I taka i taka celo vreme nikoj ne ne ferma, skoro sekoja godina e namesteno. Mislam koga onojpat TOSHE ne pobedi shto ochekuvate?! :^) Samo ke kazham so srekja, pa neka se iznarika tamu i kje ja chekame vo MK. :)


    ^izvinuvanje za latinicava od opravdani prichini.. :tmi:
     
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    боље Калиопи него Влатко Лозановски, Александар Белов, Викторија Лоба или Роберт Билбилов и компанија.
    или Каролина не дај Боже по 100-ти пат. :puke:
    само уште убава песна да и направат и ќе бидам задоволна од годинешниов избор. :)
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Ок, сеедно мене ми е. И така не гледам, не ме интересира, секогаш дознавам дека не сме влегле во финале или па во финале сме, ама последни. Нека има среќен пат, ако ништо друго, бидејќи среќа баш и не и треба, не пали тоа кај Евровизијава. Конечно што нема да има емисии од типот Изборот беше наместен, јас бев 2 требаше 1 место. Си знаеме се е наместено, вака ќе нема потреба да слушаме глупости по телевизииве. Само не ми се допаѓа тоа што ќе треба ние (публиката) да бираме песна, кога веќе ја одредиле неа, нека ја одредат и песната нека пуштат во етер дека Калиопи ќе не претставува на Евровизија со песната ___ и толку, а не сеа пак да биде ее таа 4та песна беше поубава, со неа да отидеше ќе ПОБЕДЕВМЕ :D . И подобро што е она што ''вришти'' него некои што неможат уста да отворат, а се прогласуваат за незнам ти какви пеачи. :)
     
  20. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    За овој фестивал не сакам воопшто да коментирам, си знаеме сите како си се делат поените. Битно е нашата земја да се претстави достоинствено. Можеме до утре сабајле да збориме за карактерот и физичкиот изглед на Калиопи но едно е сигурно дека она е врвен музичар, одличен вокал и има доста искуство за да излезе на сцена како што треба. Не можеме да правиме споредба на Калиопи со некој/а друг/а пејач бидејќи секој си е еден и единствен на свој начин. Така е и она.

    Јас повеќе сум за да се претставиме само со добра песна и моќен вокал а не со некои си шатро-ѕвезди со упсс моменти :tmi: да гледам како цицки и целулитни г'зови тресат и на пола песна снемуваат воздух и душа за да продолжат. :fubar: Реално секој што нема капацитет за да ја изнесе и испее песната како што треба и доликува, компензира и замачкува очи на публиката на ваков начин.

    Затоа почитувам тој што се води според мотото на Адел : I don’t make music for eyes, I make music for ears.