Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Леле јас пак сега дознавам кој ќе не претставува,искрено ич не ми значи Евровизијата,само кој циркус е сама плукаше по Евросонгот кога не ги избраа со Наум нели нејќеше да настапува по наши телевизии,не даваше интервјуа,се навредила ќе си заминала од Мк,сега што сака бе ,ццццц одвратна е максимално |(
     
    На Rose96 и slavica999 им се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.226
    Па зар е можно да нема скандал во врска со изборот за претставник на Евровизија?

    Луѓе, Калиопи има вонземски глас и енергија! Има квалитет жената, јасно е дека на Евросонг не се бира песна туку држава, немаме шанси, но барем ќе испратиме некој квалитет. Затоа е беззначајно на кој начин ќе е избрана песната и пејачот, секогаш имало и ќе има скандали. Кога во далечната `73 Здравко Чолиќ со својот глас и стас не успеа да ја крене Југославија на високо место на Евровизија, сметам дека ни Калиопи нема да го стори тоа, ни Тоше не можеше. Ова е лично мое мислење, особено примерот за Чолиќ затоа што го сметам за врв на музиката. Но, фактот дека немаме шанси, го знаеме сите.

    Не се замарам со тоа дали Опи е дволична, лажга и што уште не, ја гледам како професионалец, со долгогодишна кариера, квалитет, успеси, уникатен глас и како појава ми е прекрасна. Сум ја слушала во живо и немам зборови да опишам каква аура зрачи жената. Мислам дека е вистински погодок, без оглед на начинот на кој е избрана, без оглед на тоа со што се служела, не се сомневам во нејзините квалитети и знам дека ќе и покаже на Европа дека Македонија има квалитет, оти да бидеме искрени Калиопи и Каролина останаа пејачки што сеуште имаат гласовни способности и добри песни што можат да опстојат, затоа е подобро да ја поддржиме место да мрчиме за тоа како дошла до долго посакуваната цел.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Мислам дека Калиопи подобро ќе не претстави од досегашниве кандидати. Почнувајќи од Евросонгот во Србија па навака сите Тамари, Некст тајмоци, Влатковци и многу други ѕвездички направија неверојатен успех. Редно време е и ние сериозно да сватиме дека некој со направенма една песничка не може да иде на Евросонг :)
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    A оваа година кога ќе биде изборот на песна??
    и во баку кога ќе биде евровизија?
    знам дека е на крајот на мај...но кога точно?
    за сеир добра е евровоизијава бре :lol:
     
  5. feminna09

    feminna09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    14
    Луѓе само малку ке споредам со кошаркарската репрезентација,ретко кој очекуваше таков успех,реално :) кога тргаа за литванија имам читано дека немало ни кој да ги испрати така нешто (можеби грешно сум запамтила,не ме земајте за збор) а кога постигнаа таков успех колку мн народ имаше на аеродром :) можеби и ние Калиопи ќе ја пречекаме така , не се знае ништо.. : :lol: :)
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ај да си кажам и јас мислење иако не се замарам воопшто со Евровизија.
    Не ми е битно кој ќе не претставува, ама ич, се знае нашето таму.
    Сепак, Калиопи излижа каде што плукна, како што велите. Баш го гледав тоа со Бекстејџ што беше, и се расправаа таа со нив тука, се кара пак уште им вели сонциња |(
    Како што реков, не ми е гајле. Позитивно е тоа што барем оние Паркетине нема да се глупираат како секоја година.

    И се знае што ќе биде. Песните што ќе и ги дадат ќе бидат катастрофа. Ќе изберат некоја просечна, ќе оди таму, ќе се расплаче, ако не влезиме во финале ќе се расплаче, а ако одиме пак ќе плаче, и крајно ако сме во финале, ќе сме на вториот дел од табелата.
    Ќе се врати назад разочарана, па ќе има некој скандал - претпоставувам дека тоа ќе биде дека сме ја одбрале погрешната песна, да сме ја одбереле таа другата, растур ќе сме направеле.
    И пак се по старо, наредната година здравје, пак ќе ги гледаме Паркети како овојпат облекле костим во форма на мрсул, или нешто друго лигаво и патетично како нив.

    Сума сумаре, Калиопи е одлична пеачка со супер глас, ама ова не и требаше.
    Изгледа овие од МТВ се решени да ги испратат сите плачковци таму.
     
    На Buttterfly, zhap4e и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ахх..Тоше да ни беше жив
    Калиопи солидно пее, ама мислам дека кој и да пее на евровизијата онака нема ни да победиме..
    А и за Калиопи сакаше да пее на евровизијаа сега пак била повредена и ке заминала од естрадата како да не.ПРЕТЕРИЗАМ!
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    3.717
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против женава, но ако каже дека повеќе нема да се обидува да оди на Евровизија тогаш нека остане на тоа..
    Секако, не и ја знам песната со која ќе не претстави но сигурна сум дека ќе има нешто завивање... :D :D

    Како и да е, сепак мислам дека може да не дигне на повисоко место од досегашниве наши претставници, но само доколку не се форсира премногу... :D
     
  9. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ајде нека оди. :) Да видиме на кое место ке успее да се пласира. Како пеачка воопшто не и ги слушам песните, не ми се допаѓа начинот на кој пее со многу лигавење во гласот, мисли дека е најдобрата и може да пее како и душа сака. Нејзиниот глас не е за пеење поп песни или некоја пожива музика. Сабјле ја слушнв на тв пееше една поп песна а гласот и беше како да пее арија :?:

    Баш ме интересира што ке зборува ако го земе последното место :wasntme:
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Конечно! Конечко и МРТВ да направи еден промислен потег.
    Редно време беше покрај толку неуспеси, местенки, завери против неа да ја испратиме сега нашата најдраматична, најтрогателна, најмилозвучна, најемотивна, најмоќна, најталентирана, најмила, најдобра, најсрцкаста поп драма квин дива!!!
    Само напред Калиопи, ти посакувам многу среќа не се ни сомневам дека ќе не претставиш во светло какво што заслужуваме, верувам дека ќе ја трогнеш публиката до солзи со твојот сценски перформанс, само се надевам дека ќе ти ја погодат песната.
    Направи не горди македонци.
    Конечно и се исполни желбата, незнаев дека најголема амбиција и е да не претстави на евросонг.
    Неисе, само нека се затне после тоа |(
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Добро, шо пампорите на темава?! А кој е подобар од Калиопи моментално?! Имаме некој таков глас? Дај ви се молам, да не треба Ламбе алабаковски да го испратиме?! Или Влатко илиевски Русинот може беше подобар.
    Каква и да е, плачка ли е, наркоманка и незнам што, НЕ МИ Е ГАЈЛЕ. Жената нема глас, има гласиште, и досега не сум била позадоволна од изборот! Уште песната да и ја погодат и ветувам еве, дека ќе седнам и ќе гледам Евровизија!
     
    На anuskaNESTLE и Rozevo им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Можеби и мислењево не е за тука..
    Но само сакав да кажам, дека на Евровизија, ќе одат нели нашата Калиопи, Жељко за Србија, и Хари Мата Хари за Босна и Херцеговина. :)
    Изгледа не сме ние единствени кои одбираат само еден пеач. :)
     
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Калиопи е една од најквалитетните и најдобри пејачки на нашево музичко поднебје. Има глас и не зафркавајте многу. Немам ништо против да не претстави на Евровизија.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Никој не и го оспорува гласот и талентот, работата е шо напна женава за да оди на Евровизија.
    Секоја година дига галами и прави скандали како се било наместено, па се буни за кој и да иде, а сега она оди на истиот начин. Па и на крај ако толку сакавме ние публиката да не претставува она ќе ја изгласавме некогаш, ама ете не ја сака народот па мораше со сила да направи нешто за да отиде.
    Ќе и направат сеа некоја песна кај што може убаво да се издере и да издраматизира да припаѓа и некој елиен стајлинг. Ај нека и биде :D
     
    На Noemi, Buttterfly, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Каљиопа ке ја преставува Мк? аууу овааа лудача не ја варам органски заинает ке гласам за друг само не за неа.....толку ми е одвратна па со тој нејниот циклив плачлив глас на човек да му се слоши...некој кажа демек позната е барем на балканот минатата година Дино Мерлин кога не успеа или Маја од Словенија што нив ги знае светот а не балканот оваа лудача тешко...сепак ајде барем меракот ке и помине после нема да ѕвизди
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Конечно дочекавме Калиопи да не претставува на Евровизија . Моментално во Македонија најдобриот вокал , и сигурна сум дека добро ќе не претстави , женава нема глас туку гласиште . Секако е подобро да иде некој кој можеби нема да има добра песна но затоа ќе има добра изведба . А , и подобар избор немаме , дали Елена Ристеска , Тамара или Ѓоко Таневски подобро не представија ? Живи бруки беа. Јас лично мислам дека е подобро да пратиме добар пеач кој што ќе има одлична изведба и нема да влезе во финале отколку некоја си таму што нема врска од пеење туку само ќе тресе цицки и благодарение на нив ќе влеземе во финале. Подобро што вака бираат кој ќе иде отколку да се прават фестивали , да се местат гласови и сите останати циркуси што следуваат по него . Ја поддржувам Калипои и се надевам дека ќе и дадат песна во која целосно ќе може да си ги покаже гласовните можности.
     
    На TheaEsposito му/ѝ се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    И Тоше беше квалитетен глас ама џабе кога му ја закакаа песната, мислам дека истото ќе се случи и со Калиопи. Ќе и направат 100 верзии на англиски начин и ќе и ја отупат песната па после ќе слушаме како организацијата не била во ред.
    Нема соодветен тим нашата држава за таков настан па нека оди и свети Калиопи ако сака, џабе е.
     
  18. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Дека има талент не негирам.. но толку ми е одбивна, одвратна, не можам да ја гледам... Толку ја доживувам како арогантна , се преправа "драги мои" а таа не сака никој освен себе. Знам дека сега ке бидам нападната од некои, но тоа е моето мислење... :puke: не можам да ја гледам веке..џабе и е талент кога е таква вообразена, нема почит кон никого, со еден збор би ја опишала ГЛУМИЦА.. па каква сцена направи пред некоја година кога не беше прва кај нас..... :@
    А и сите знаеме дека евровизија е една обична поделба на гласови( поените) меѓу соседските држави, а не избор на најдобра песна или пеач...Така да .... не се замарам ....знам дека нема да бидеме први...
     
    На mims-89 и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Вие грешка нешто да не сте |( Јас ќе ја претставувам Македонија на Евровизија годинава :rock:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Искрено се прашувам како некој уште може да ја поддржува Калиопи откако веќе си го покажа лицето...
    Имала талент :?: реков и јас, но не од што уживам во нејзиниот глас кој ми е тотално бљак , :?: ги фаќа тоновите па мора да има :^) , но тоа ли е доволно за да се заебава со нас ?????
    Па ТАА лично правеше сцени и ни се закануваше дека ќе ја напуштела нашата држава а со тоа и нас :?: , И многу ми е жал што си го згазна зборот :(
    А ако на некој неговото неидење на Евровизија ( или било каде) му е доволно за да помисли дури а не па и да кажува јавно ДЕКА КЕ ЈА НАПУШТИ ( ШТО ЗНАЧИ НЕ ЈА САКА ПОВЕЌЕ) ЗЕМЈАТА , а со тоа и народот на таа земјата (НЕЛИ НАРОДОТ ЈА ЧИНИ ЗЕМЈАТА), не се прашувате ли дали тој некој ВООПШТО НЕКОГАШ ЈА САКАЛ ОВАА ЗЕМЈА или само глумел додека имал интерес ???????
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.