1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Леле таа изгорена е да оди,секоја година се бори :D Којзнае колку има потплатено некој за да оди ц ц ц ...А и знам,ама ЗНАМ дека ќе пишти! Обавезно! Нема да гледам Евровизија 2012....
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.055
    Пол:
    Женски
    Тоа е , многу луѓе се уште не сваќаат дека важна е песната , а не пејачот.. И што ако тогаш го пративме Тоше , пак ништо бевме некое таму чкљ место. Исто така треба да имаме гласачи. Ако никој не гласа џабе ке ни е и Мадона. Србите , Грците , Босанците итн си имаат гласачи и затоа секогаш се меѓу првите или влегуваат во финале. Верка Сердјучка да не беше некој квалитетен пејач па беше 2-3 место? Уште не сме сватиле дека Европјаните ја сметаат евровизијата како забава а не нешто сериозно. Додека не го сватиме ова нема ништо да направиме не само 2012 туку и по 30 години. :hai:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Колку и да е добра Калиопи и колку и да е добра песната.
    Како и секоја година, нема ни во финале да влеземе.
    Се, па дури и Евровизија е политика. |(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Калиопи има одлични вокални способности, уште да изберат добра песна. Изборот на песна има голем удел за добар пласман
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    A и баш се присетив, кога Калиопи негодуваше за Тоше, за истиот концепт на избор - веќе одбран изведувач, избор на песни. Сега.. на која Евровизија би настапувале останатите пејачи???
     
  6. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Немам замерка за Калиопи, одлично пее. Но сепак мислам дека требаше да има македонски избор . Има доста добри македонски вокали меѓу кои се наоѓаат и македонските идоли . Сепак требаше народот да одлучи.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Конечно и се исполни желбата :D Колку само беше разочарана кога не победи годината кога пееше со Наум Петрески, а толку беше сигурна иако песната беше -wtf???...Па драми од стилот -јас веќе не се пријавувам, бла бла...
    Aјде изволте, еве ти на, не плачи аман...
     
    На mims-89, HappyOne, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Како кога имаме избор да избира народот... :|

    Како и да е, сеедно, не е лоша, има вокални способности, да не се лигавеше по толку, дури и мило ќе ми беше што ќе не претставува.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Сеедно.
    Јас и онака домашниот избор не го гледам веќе неколку години. А од евровизиските вечери ја гледам само финалната. Домашниов фестивал ми е толку очаен и патетичен, што не можам да си дозволам три саати да дремам пред телевизор и да ја гледам целата таа неорганизираност и кичерај.
    А ако оваа година ја избрале Калиопи, нека и е со среќа.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    :^)
    Калиопи? Како тоа нема конкурс? :?:
    Свашта..а и мене ми е сеедно,и онака не гледам веќе евровизија со години,се по тиња и тиња ми станува и со избор на песните,и пеачите/бендовите..

    Нејзе не ја поднесувам баш,незнам,некако одбивна ми е жената :worried:
    Ама за глас има и тоа екстра гласиште! :!: :lol:

    Со среќа нека и е како и да е. ;)
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако ништо друго, барем едно е сигурно а тоа е дека таму во салата ќе ги уплаши сите со викањето(читај урлањето), пошто секако ќе гледа да се истакне НАЈГЛАСНО што може, па надежно е да влеземе во финале :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    А добро од кога на Калиопи и се променија мислењата за овој начин на избор? Се сеќавате кога имаше избор само со 6 пеачи кога победи Мартин Вучиќ, е тогаш и Калиопи беше во овие 6. Тогаш таа јавно се откажа и рече дека таа не можела да си дозволи ваков начин на избор каде однапред некој одбрал пеачи, дека таа ќе учествувала само доколку натпреварот бил слободен каде секој можел да се пријави и да учествува. Мислам сите овие работи ги кажа јавно и се е снимено, кога опа по неколку години драстично променет став. Епа браво Калиопи ти се човек кој си стои на зборот и кој не лижи таму кај што плука.

    Инаку се сложувам дека вокално е најдобриот наш изведувач
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ај, ај, ај...

    Јас незнам зошто воопшто одиме на таа Евровизија, и тој мал буџет го фрламе само чисто за пејачот и делегацијата негови придружници си се прошетаат до земјата домаќин.

    Игравме на сите можни карти, и на испробан вокал, и на добра песна, и на естетски привлечен настап, и на крај ништо не ни е бодувано како што доликува.

    За да победиш на Евровизија, покрај добра песна ти треба и одличен вокал, и многу гласачи, ние оваа година ќе немаме ништо.
    Калиопи можда има добар вокал, ама премногу го „троши“ односно нејзиното пеење понекогаш почнува да заличува на завивање кое не е ни малку пријатно за уво.

    Друга ствар е што Евровизија е и доста исполитизирана.

    Незнам што се брукаме, што се понижуваме самите себе, стварно незнам...
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    мене веќе ми е сеедно кој ќе не претставува, и така нема да гледам! :)
    Ама во секој случај добар избор е Калиопи.
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Се надевам НАРОДОТ ќе избере песна, а не ГИШ!
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    мн добро пее ама се знае луге македонја ......
     
  17. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    ајде втора шанса ,за калиопи , :!: ама знаете и нај добриот беше на таа за...на евровизија и не успеа, а само каков човек беше Тоше ,и Калиопи не ја потценвам ,,но евровизија е политика на европските држави, и не е натпревар на добра песна или добар изведувач тоа е политика
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ајде со среќа нека и е... да се надеваме дека оваа година ќе не претстваи солидно :) , а за финале не се надевам многу хахаха :D
     
  19. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Се изначитав мислења позитивни и негативни секако :D
    Мојот коментар е дека и не игра голема улога кој ке не претставува и со каква песна и онака се е местено=политика,јас секако ќе гледам ме интересира како ќе се претстави со која песна,и да се сложувам со тоа дека треба и на помладите да се даде предност како и да е нема да достигнеме некој успех башка Калиопи еднаш учествуваше барем младите нека се прослават како што беше Елена Ристевска на пример,сега каква кариера си изгради со тоа што се издигна толку високо на евровизија.И,да Настраданус или како и да се викаше рекол дека Македонија никогаш нема да биде 1 место на евровизија! Ако не 1 барем 2 нека биде хахаха. :D
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Политика или не, ние никогаш и не сме испратиле добра песна па да очекуваме којзнае што...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.