Ја отварам темата со цел да споделуваме искуства сите што сме љубители на калистеника. Калистениката дава можност за тренинг дом или во парк, користејќи го сопственото тело како отпор. Овој вид на тренинг покрај тоа што гради мускули, гради сила и мобилност. Темава нека служи за споделување тренинзи и мотивација на сите. Се надевам дека нема сам да сум на темава, до сега на форумов немам сретнато некој да преферира ваков тренинг, ама може ќе се најде некој..