Јас конкретно сакам да прашам за вила Парадисос, дали некоја била, дали знаете некој што бил, дали е премногу далеку (со оглед на тоа дека пишува дека е на 350 метри од плажа, а да биде читај 15 минути од плажа)? Или вила Елизабет? Имаш ли место за кај да ставиш твој чадор, лежалка? Скапо ли е низ бутиците? Гирото колку евра е? Има ли комарци? Има ли медузи, ежови и слични други суштества? Ако може некоја да ми каже би и била благодарна!!!!!
Не ги знам тие вили за жал. За чадор има место, ние лани цело време бевме со чадор и не користевме лежалки. Комарци немаше воопшто. Медузи, ежови и слични суштества ни за лек хаха. Гирото беше од 2,5 евра до 3. Зависи од салатите, сосевите и сл. Низ бутиците е прилично скапо.
Coconaut јас бев пред неколку години средина на јуЛи и плаќавме 25е од вечер (културен апартман за двајца со тераса) одма на почетокот на угорницата. Моја препорака е да си одите сами да си барате. Може ќе изгубите саат-два али поефтино ќе поминете во секој случај. За шетање е стандард грчко селце само што не е права улицата туку низ цело градче се раштркани продавничките. Плажата е онака, ништо посебно, не се споредува со Сани и Паљури.
Јас бев пред некој викенд и не ме воодушеви местото, топ беше само оти вилата беше на плажа па од двор на песок право. Не е лошо местото ама не е по мој вкус, не би одела пак.
Здраво, јас да прашам дали некој бил во вилата Mythos во Калитеа, кои се цените, блиску ли е до плажата и сл. и исто сакам да прашам од агенцииве бараат и патничко осигурување колку чини оваа осигурување ? Па ајде секое искуство за Калитеа, вилата и цените е добредојдено
Не е задолжитолно патничкото, меѓутоа е пожелно да се извади. Чини од 5 евра па нагоре колку што се сеќавам од лани.
Dali nekoj bil vo Vila Magda vo Kalitea da kaze nesto povekje za vilata, kolku e odalecena od plazata dali ima vo blizina prodavnici, marketi??
Не бе секој ден треба да работат во текот на сезоната. Незнам кој ти кажал дека само викенди работат.
Јас бев од 4 до 11 Јуни,и ниедна дискотека не беше отворена,работеа само кафичите и баровите во Калитеамислевме барем стриптиз барот ќе работи,ќе исплакнеме очи,ама ништо
Така прочитав некои мислења тука. А како се стига до нив? Организиран превоз, такси? И колку пари од прилика. Фала ти
Колку се плаќа влез во Перл и дали имаш во таа влезница пијачка гратис? И како се движат отприлика цените на пијачките?
Здраво, треба да идеме во Калитеа сега од 27 јуни, меѓутоа гледав прогнозава дека 1 ден ќе врне и 2-3 дена ќе биде 25 степени, дали на некој му се погодило вакво време со 25 степени и да ми каже какво е за сончање, бањање и сл? :/