на плажата нема многу храна може да најдиш некој сендич или нешто, не очекувај луксузна храна на плажата искрено, а пијалоците се совршени има различни коктели но се е скапо
Има за јадење сегде. Не е точно дека има само во Зевс. Има и во Pizza Bar мислам дека се викаше. Има и во тоа на плажа што е, одма до Зевс не беше многу скапо.
завчера се вратив, сменето е, неколку бара пицерии не ни постојат веќе, кажав има за јадење на плажа ама не е нешто којзнае што
Епа може, не знам. Јас лани бев имаше доста, не верувам дека се затворени поголемиот дел.. ама што знам. Може.
Па не е многу далеку, значи додека стигнеш до скалите требаа едно 5 минути.. Има еден маркет ептен блиску што е... ама и ептен е блиску до центарот така да тоа не е проблем. Значи едно 100 м од Центарот. Чиста е вилата. Едино нешто што ми сметаше е тоа што газдарицата ни улета во соба претпоследниот ден без да тропне или нешто и почна да ни се дере како било несредено. И уште нешто ако земате трокреветна соба, тој брачниот е премногуу мал... Гирото беше 2.50 евра. клуб сендвичот 4 евра, по кафичиве навечер кока кола 3евра, коктелите по 7 евра. Лежалки зависи каде, на Корали со пијачка најевтина е нес кафе 4 евра имаш лежалка, Додека пак на плажата Бикини, 10 евра се две лежалки плус мора пијачка да земеш а и несмееш никакво јадење од надвор да носиш. Ама според мене Корали најубава плажа е.. и меѓу најевтините. Па до скалите е 5 мин, и после ако идеш од скалите на првата плажа корали, уште 2,3 мин,, Не е воопшто далеку. И да ако плажате клима плаќајте ја од ден за ден. Бидејки едни луѓе до нас платиле 10 евра однапред за два дена, ама газдарицава не видела дека и дале 10 евра па се караше втората ден со луѓето да и го вратат далечинското.
Ima li slobodni plazi bez da plakame za cador i lezalki? I koi plazi se najubavi,kade e njcista vodata?
Имa пo скaлите кoгa ќе се симнеш oдмa 2 плaжи. Левo е хoтелскa плaжa oд Амoн Зеус или кaкo и дa беше хoтелoт, a деснo Кoрaли и нa двете имa 2 редa лежaлки oстaнaтoтo е слoбoднo зa пешкири. Двете плaжи беa oк aмa вoдaтa беше пoчистa oд левaтa стрaнa
Девојки ај кажете како се движат цените на лежалките подетално сега овај период доколку била некоја од вас, јас заминувам наскоро па да си знам.. И кој плажи се така поатрактивни
Некаде се плаќаше лежалка без разлика дали ќе нарачаш нешто за пиење, а некаде одеше со пијачка. Пред хотелот Зевс се плакаше 2,5е од лежалка чинам... Цените на пијачките од 2,5е па нагоре.
Сега уплативме со дечко ми за во Калитеа, од 15ти август. На толку мислење, одлучивме пак тука да одиме, само сега во вила Елпида. Била ли некоја од вас таму? Вака по сликите ок ми стои дека е, па ќе видиме таму. Мене Калитеа ми остана во супер сеќавање од пред 2 години, и затоа сега пак резервиравме за таму. Од првиот крак и Афитос ми е многу убаво место, па ќе се прошетаме Само да се погоди времето, на интернет гледам дека ќе биде околу 26 степени и малку ме загрижува тоа.
Калитеа немаш апартмани што се одма до море освен еден огромен хотел е што ваљда е скапо.Сите се горе над патот е сега ќе си или во строг центар или малце поназад. До плажа се оди по скапи ги има 115 ама океј е дека е за млади како што кажуваат нишо посебно не е има 2 кафиќи рокаат музика до 2 саат постари нема толкку многу само ради скалите.
Јас пред 5 дена се вратив од Калитеа. Бевме преку агенција, Савана, со сопствен превоз. Бевме сместени во Вила Магда во апартман со една спална соба со брачен кревет и уште една соба која вклучуваше кујна и два единечни кревети. Апартманот беше ист како на сликите од агенцијата, само беше малку тесен за четворица луѓе. До плажата имаше само 7 минути пешки одење, не беше воопшто далеку. Да, има еден многу стрмен пат, страшна угорница, но постои и друг пат, не толку стрмен. Местото е инаку навистина многу убаво, плажите особено. Оној дел лево од хотелот Маргарита е малку карпест и полн со ежиња во водата, но пријатен е. Малку полево од хотелот Амон Зеус и кај самиот хотел, плажите се песочни и нема ежиња, плитко е многу, а водата е топла и пријатна. За ониекои сакаат да посетат и други места, целиот крак се обиколува за помалку од 2 саата. Има и крстарење до вториот крак, до местото Торони, потоа Неа Мармарис и пливање покрај малиот остров Келифос. Крстарењето во локалните агенции чини 22 евра и има вклуен ручек на бродот. Пријатен провод на оние кои сега заминуваат за Калитеа
Како сте задоволни од хигиената во оваа вила? Погледот од балконите? Савана знаат да земат вили во "џунгла", на пример на Закинтос секогаш им се тапа локациски. Дали можеби запримети какви се цените за јадење на плажа во текот на денот?
Rubiii, хигиената не беше на високо ниво. Кога пристигнавме во вилата, подот беше валкан, а исто и постелнината. Вилата беше скоро на крајот од градот, па немаше поглед на море или нешто слично, но сепак се беше блиску. Што се однесува до цените на плажите, имаше места кои нудеа 2 лежалки за 5 евра, имаше онакви кои нудеа лежалка со порачка на пијалок. Фрапето беше некаде 3, некаде 3,5,а некаде и 4 евра. Има тостови и во хотдози за 3 евра, но беа мали порции. Коктелите беа по цена од 6.5 евра. Цените на храната во градот се движеа до 2.80 евра за гиро, хамбургери и слично, во сендвичари. Цените во маркетите и не се многу повисоки од порано.
Ме интересира дали има опција еден ден од Калитеа да се оди на крстарење со брод до некое друго место и колку чини и каде може да се најде такво нешто. Доколку имат одено ве молам да објасните дали вреди да се оди.