А цените генерално, како се движеа на јадењата, пијалоците по маркетите мислам, лежалките и такви ствари на плажа? И каде бевте сместени ако сакаш да ми кажеш или пак ми препорачаш некоја друга вила конкретно студио за двајца ми треба
не бевме Калитеа, на друго место бевме ,за цените мисам дека смештајот е само така поефтин,а за лежалки не се наплаќаше туку требаше пијачка да нарачаш,а за цените по продацните исто страндард како што и си се движеле не се поефтинети
Дефинитивно една од најубавите песочни плажи и најубава боја на морето е Калитеа.Сепак,многу гужва,премногу,а и цените се многу високи.
има бусови да, не знам точно која цена е, но има да се изнајми моторчиња скутери на ден 20€. ние така си зедовме лани и го свртевме скоро цел крак бевме во сите околни места, и плажи беше преубаво искуство, и позитивно е што така можеш да посетиш поголем дел од околните градчиња, затоа ти дадов таков предлог.
морам да се вмешам во разговоров и се извинувам, но мора да кажам искуство, ние бевме сместени во вила меропи и многу бевме задоволни, местото на вилата е во самата чаршија, а плажата исто такс ни беше многу блиску, јас сум презадоволна. имаше и интернет, што за разлика во некои други немало.
Ај те молам ако имаш контакт од вилата да ми дадеш. По колку плативте од вечер и ние сакаме да одиме па ме интересира подетално како се цените, да не е прескапо
Ако дознаеш нешто за вилава, пиши ми ако не ти е тешко Или некој друг што бил... колку е далеку од плажа ме интересира?
Има ли некој искуство со вила Посејдон?Веројатно таму ке резервираме преку ЈК агенцијата. Но општо за вилата неможам никаде да најдам мислења од луге кои веќе биле. Се наога на сама плажа т.с си има приватна плажа. И читав доста е скапо по бутици.Какви бутици има?Некои рандом или брендови некои? Што може да се најде интересно освен стандатд шемата:купачи,капи,крпи..
За вилата не знам да ти кажам,ама за бутиците знам. Има многу кожа и крзно,ако си љубител на вакви парчиња,има многу голем избор. Има и за текстил,никакви посебни брендови,копии на светските брендови,знам имаше Квиксилвер и Дизел,ама Дизел го затворија. Годинава не сум била за да ти кажам повеќе.
Decki dali moze nekoj da mi prati kontakt od nekoe studio? Mi treba za 4 noki, a preku agencii site se standard za 7...
Женскии дали може некој подетално да каже нешо поише за дискава, како се движат цените за влез, дали работат секој ден или само викенд, дали има некое кај шо е слободен влез и слично. Исто така и за цените на плажа, за лежалка, кафе ова она