Септември е веќе вон сезона ќе си најдеш одма сместување и таму. Инаку за цените посебно во Калитеа имаш огромна разлика. На прв ред на плажа се по 80 евра на ден во сезона. Исто скапи се и вилите на угорницата кај што се гледа целото море. На трета улица во гратчето се по 25 евра на ден. Зависи и колку луѓе и колку одалеченост од плажа и сакаш студио или апартман. Па ти сеа види ја разликата. Значи ако сакате ефтино свртете во гратчето десно и тргнете по уличките има 4-5 улици напоредно од главната и барајте. Инаку Лидл има на 2 километри од Калитеа. Еве ви една слика од вчера сестра ми што ми ја прати Кученцево си е домаќинче на една од плажите и секој ден е таму. Вчера му било претопло и седело вака да се лади. Срце бе А бистрината на водата ... уф ми доаѓа да скокам у монитор.
Никако да се одличам за кој дел во грцка да одиме дајте ми некоја идеа како што читав ми се допадна калитеа ама со цениве како е ке најдеме ли од 18 август студио за двјца до кај 200 - 250 евра за 10 или 12 дена на плажите ке мора ли да зимаме лежалки или може со пешкир ве молам некој нека ме упати или нека ми даде идеа каде каде од крациве би било убаво и не прескапо
јас ке одам со дечко ми на 20 или 21 август и најдов несто интересно на една страна и им пратив маил и ми дадоа понуди супер за 25 евра од вечер ми дадоа и други ама поскапи али на сама плаза.
Интересно место е,ние бевме лани во една вила блиску до плажата и беше по 30 евра за спиење..Навечер во градот е прекрасно,има убави и ефтини продавници,бутичиња,абее милина.. Еве и сликички.До плажата има и базен и можат сите да го користат. Има црквиче и мост од кој што има прекрасен поглед кон морето.Во вилата супер е,чисто,педантно,со купатило,кујниче,цел апартман и плус балкон и има поглед на кај морето.Лани супер поминавме!А лани сите во вилата бевме наши Битолачани,ниту еден странец
Ај кажете преку која агенција да барам за калитеа апартмани ама што имаат вили во прв или втор ред на плажата зошто сме со мало дете па нејќам да сме далеку од плажа,сите ми ја испофалија калитеја многу па сакам да одиме таму ова лето на одмор,ако имате некоја информација за некоја агенција ќе ми биде многу од корист.
Скопска агенција која е фалена е Орфеј. Јас со нив лани за Истанбул бев и супер беше организацијата. бројче 389 2 3118 602
Гледам само пофални зборови за Калитеа јас баш денес гледав понуди преку една агенција во Битола,и за од 31 август па до 7 септември е по 110 евра од чоек,за сместување и за пат па веќе се јавив,сега ги чекаме платите со дечкото после Велигден и правец во агенцијата да ја видиме и ние Калитеа по толку многу пофалби
Прекрасно е. Во уличките како што кажала Роси цените се најниски, на плажа се највисоки, но дури и за хотел на плажа нас ни понудија добра цена лани. Годинава не знам како одат цените, ние лани бевме средина на јули и плативме 210 евра за 7 дена во втората уличка. Плажата не бешше далеку. Исто така ни понудија ако сакаме во хотел на плажа 500 евра за 4. Ќе дојдеше само неколку евра плус, но сакавме да си бидиме посебно, а и поблиску до останатите од нашиот град и затоа изборот падна на првата понуда. Сакам да кажам дека се наоѓаат убави понуди дури и за во јули. Е сега патот си го плативме посебно, јадење нешто од дома за готвење, нешто од таму. Гирото е поскапо за разлика од Лептокарија на пример...Како и да е може да се истера одличен одмор. Имаше понуда 230 евра тролреветна соба, што мислам дека е супер цена и за друштво е супер, по 70-80 евра од човек, плус патот 30 евра мислам беше 100 евра пат и сместување. За морето немам зборови, кристално чисто, тиркизно и прекрасно. И многу чисто. Има бутичиња, кафичи два-три, дискотеките се малце подалеку, но никој не е задоволен, јас не бев не знам како е.
Некој нешто да ми понуди за Калитеа, некој контакт од некоја вила, по агенцииве многу слабо нудат за Калитеа, а оние што нудат се само за 7 ноќевање, една најдов но таму веќе се беше зафатено до 11 јули, а мене ми треба за од 1 јули.
Дали некој од вас има престојувано во Амос апартмани во Калитеа? Ние резервиравме за таму преку една битолска агенција, на нивната страна пиши дека биле оддалечени само 90 метри од плажа и има по некоја слика Па сега ме интересира како е навистина, каква е самата вила, какво е морето, плажата..... па ако има некој упатен, нека сподели некоја информација плус, нема да е на одмет
Majicka, i jas rezervirav vo Avgust za Ammos, ako odis porano te molam napisi kako e tamu, i kolku navistina e oddalecena plazata, i dali e naporno da se odi do plaza. A ako ima nekoj sto bil tamu neka spodeli so nas se. Izvinete za latinicata nemam fond spusteno.
Во Калите има хотели на самата плажа и на главната улица па нагоре (2,3,4 ред).Е сега тие од 2-3 ред можеби се одалечени 100, 200 метри од плажа но има огромна удолнина за да се симнеш на плажата што не е проблем, ама за нагоре тешко е или по скали или по патот. Најубавата плажа во Калите беше таа првата на почетокот, чиста, без треви и без камења, а тие понатака што се имаа камења, треви.. Ние одевме на оваа најчистава и лежалки беа 3 или 4 евра (не се сеќавам баш). Еве слика од плажата и прашајте ште сакате јас лани бев па колку памтам ке ви кажам што како било
Ammos vilata po kazuvanje e odma nad glavniot pat, a taa ugornicata mozat da ja iskacat mali deca? I plazata kade sto si bila e prekrasna, od koja strana e od leva ili desna, i kolku ima pat do nea?
Како што си опишала вилата е некаде каде што бевме сместени ние пред 2 години. Инаку плажата е надолу, едно 10-15 мин најмногу. Се сеќавам имаше дел со скали, па долнина. Инаку мали деца би ја искачиле, имаше многу родители со мали деца. Е сега ако го мрзи да оди, отепан од сонцето после плажа , може ќе ти прави проблеми Ама сепак не е којзнае каква горнина. Ако најдам слика ќе прикачам да видиш
Fala, malku sum zagrizena bidejki slusam razlicni mislenja. A bidejki sme poveke familii insistiraa za tamu.