Zenski mi treba info ako bil nekoj vo vila Galini? I kakvo e vreneto na kraj na Maj? Topla li e vodata vo toj period?
За Галини не знам ама многу пати имаме отидено крај на мај и ако не си многу зимурлива, водата е ок.. Може да се плива, сме пливале стално. Ама не е како крај на јуни. Времето (освен ако не се погоди дожд) е супер..
Јас бев во вила Галини летото..ние не бевме преку агенција,туку лично исконтактиравме со газдарицата. Вила Галини е нешто што мора да се доживее...излегуваш од соба и дирек си на песокот од плажата. Местоположбата е буквално на плажа. Условите во собата не се сјајни,да не речам примитивни...но местото е бајка
За во Калитеа, вилата е супер. Немаш обврска секој ден да се симнуваш и качуваш по скалите. Исто така за водата, стандард е таму топла. Тој период ти е супер за тамо да одиш. Препознатливо е дека таму имаш гужва и тоа многу. За цените очекувај дека се прескапи. Ја направија Калитеa како да си на одмор на Санторини според цени.
Ајде да ја активирам малку темата Доколку некој бил во вила амон да сподели искуство. Се наоѓа на самото шеталиште, но од самата вила нема слики на интернет, само 4 најдов од агенцијата преку која уплативме.
Друштво,вие што сте биле во Калитеа кажете нешто повеќе за плажата дали е голема и дали има многу гужва? Пред многу години бев во полихроно и си поминав најужасно!! Гужва фул, плажа 2х2 буквално јас лежам и се сончам и до мене поминуваат луѓе и песок у фаца директ.....
Јас пред 4 години бев во Калитеа, бев почеток на јуни, и имаше гужва да, па плажата како што ми текнува не е баш преголема, ама не е ни мала, дефинитивно е поголема од Полихроно, бев на еден ден таму и видов како е.
Јас бев лани Калитеа, убаво и големко местенце. И плажата е убава, не е баш тесна да нема каде крпа да ставиш и да ти поминуваат над глава дури лежиш. И водата чиста и топла, само ич не ми текнува дали беше плитко. Јас бев крај на Јули, значи во најголемите гужви, а сепак не беше вооошто тесно. Има полно барови на плажа, ечи музика. Цените се горе-долу како на другите околни местенца. Единствен минус беше угорницата шо моравме да ја качуваме после плажа отепани од Сонцето, мртва уморна се враќав во апартманот. Се на се, задоволна сум, би одела пак
Убаво место,солидни цени.Голема плажа и слободна зона и лежалки што се наплаќаат. Има угорница има и скали ама бааги се. ЕДИТ:Има плитко едно 500м и почнува длабокото. (колку што се сеќавам).Јас лани бев.
Сакам да одам во Калитеа почеток на август, ме интересира како е со цените за лежалки? Дали има локален превоз (автобуси) што носат до околните плажи? Ако нема колку чини таксито? Бидејки ке одам со автобус преку агенција ме интересира како можам да се снајдам таму за превоз и кои се убави плажи да ми препорачате да ги посетам?
Убаво местенце, со многу туристи, живо и раздвижено, ние бевме во хотел со сопствена плажа, така што само за шетање излегувавме навечер и денски на гиро. Има каде да се прошета, има и убаво гиро во Гирос. Во целина, задоволна сум.
јас денес се вратив.Ние додуша бевме неа потидеа.Калитеа бевме на плажа а со престој во Неа.П. Првиот крак беше хаос сабајле.Преладно,ветровито,дожд врнеше,струја немаше.Скршени чадори,лежалки,скинати кабли.Ако немате уплатено почекајте не одите.
во калитеа се е вратено во нормала. немаше струја и вода но дефектите беа средени. вчера имаше и струја и вода