Здраво на сите,утре патувам за Калитеа ако има некој таму и може да пише какво е времето, водата ,плажите и цените
Zdravo decki, nekoj da spodeli iskustvo za smestajot vo vila mythos? Ii koi se najubavi plazi spored vas?
Супер е вилата,чисто,нова е од пред неколку години и убава локација.Плажите се убави,песочни,морето кристално..Имате одма ко ќе се симнеш по скали кај Х.Амон зевс место без лежалки ако нејќеш да користиш,десно има убав бич бар со лежалки,а скроз лево исто убаво средена плажа приватна на Х.Маргарита е,но и поскапо се плаќаат.Ако сте со кола убаво е да шетнете до Сани Бич,некои си 15 км од Калитеа.
Јас да споделам искуство со вила Галини во Калитеа. Бевме преку Магелан, си беа точни со тргање и за натаму и за назад. Ве оставаат во центарот на Калитеа, куферите ви ги ставаат во комбе што ви ги носи во вилата а вие до таму пешки. Од Галини до центарот има само една угорница и се поминува за 6/7мин. Вилата се наоѓа одма до плажата Sea to see, значи буквално е на самата плажа и има предобра локација. Имавме бесплатни лежалки и чадор, сам си ги земаш сам си ги враќаш. Ние бевме сместени на приземје и имавме маса со столчиња, а има и огромен уреден двор кај што имате wifi, а во собите нема. Значи барајте си соба на кат, од тераса има многу поубав поглед на море. Општо за собите се прилично мали, мала кујна со шанк, прибор заникаде, а тоалетот е најлош. Преемногу тесен и несреден. Два пати се случи да нема топла вода. Клима имавме бесплатно. Креветите беа тврди и стари, постелнината беше чиста. Се на се, ако не сте луѓе што барате многу и сте дојдени за плажа ви ја препорачувам. Во однос на дискотеките, јас бев само во Ahoy, на плажа ни дадоа флаери. До диското такси зима 5е во правец. Со флаер влез ви е 8е и со него имате 2пива или една пијачка од 10е. Коктелите се 12е, ние си доплативме 2е плус. Диското е преуредно и немам никаква замерка, јаки журки прават. Погледот од угорницата За плажите, на Sea to see цените се од 5е кафиња, пиво па нагоре, 7е салати со што не ве оставаат повеќе од 4/5 саати да седите без да нарачате. На Papua beach bar не бев, но кажаа дека се плаќа 20е од човек и за тие пари си нарачуваш. Имате автобуси што возат низ другите места, јас бев до Пефкохори 2.40е во правец. Карта може да си купите после giro Niki само право по улицата во една трафика. И најбитното, гиро во Giro giro e 3.50e a во giro Niki e 3e, но првото е далеку поубаво
Мене баш во гиро гиро не ми беше ич убаво гирото. Ники каде каде беше поубаво и помеко месото и компирите тазе
Толку е лошо во вилата? Какво е купатилото, мене најважно ми е клима има, интернет во собите има? Сакам да уплатам уште сега аѓа се мислам. Ми одговара дека сум со две мали деца.
Дали за невакцинираните е забранет влез во затворени простории во Грција Утре заминуваме на Калитеа па ме интересира дали имаат некој правила?
Не е, слободно можете во ресторани, кафичи, супермаркети. Секако маската е задолжителна во затворен простор.
Сакам да резервирам во Вила Димитри, Калитеа. Искуство од оваа година евентуално лани? Како се цените на храна, лежалки?
Kalitea ili Budva posle 5 semtepvri, 4 drugarki kje odime kade e podobro bil li nekoj Budva ili Kalitea posle 5 septemvri
Зависи што сакате и какви очекувања имате од одморот. Имам искуство само со Калитеа почеток на Септември, пред неколку години и тој период беа затворени дискотеките. Инаку мало место, убаво и мирно, баш се одморив искрено, таа година затоа и отидов, провод не ме интересираше така што ако ви е тоа пресудно, мислам дека Будва е подобар избор.
I nie sme za Budva samo nikogas do sea ne sum idela vo septemvri, ne znam tamu kako e dali rabotat uste diskotekite i dali e zivo razmrdano seuste
Сум била Калитеа од 10 Септември пред Ковид, си имаше гужва, и семејства и млади. Кафичите и дискотеките си работеа, цените на лежалките беа за нијанса поевтини.
Ние во средно одевме со друштво, има доста млади и заедно со Ханиоти се најраздвижени места на кракот. На неколку километри од градот има 2 големи дискотеки, во тоа време едната Pearl беше строго со српски турбофолк , другата Ahoу онака покомерцијална и океј. Плажите се многу убави, со ситен песок и плитки. Измислени за игри со друштво. Од првиот крак, мене Калитеа ми е најубава. Убаво да си поминете ако одите.
Одличен избор за млади. Ноќен живот има, забави, раздвижено е, многу млади луѓе. Ние бевме друштво и преубаво си поминавме.
Извини што сега враќам, зафатена бев викендов и сега дури се пуштив тука. Плажите се просечни како на скоро сите места на прв крак и на Егејско море, не е лошо, само ништо посебно.